- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Игор Манасиевски
Рано се чу аберот - Македонија станала кандидат за во Европа и земјоделците веднаш го фатија патот. За нив далеку е Европа, тие се сеуште во опинци и на магариња.
Сите кои годинава се фатија за работа само зијан беа.
„Ние времето го тепаме, а оно нас не тепа и така“, вели селанец.
Затоа пак министерот за земјоделство Садула Дураку, не сака да го тепа времето на зборување. Немаше ниту еден прес.
„Не сакам многу да збоувам, туку сакам да работиме“, изјави Садула Дураку, министер за земјоделство.
Во годината кога министерството не направи ништо да го подобри животот на земјоделецот, кога заради скапата нафта орањето со коњи се врати во мода, а тракторот стана престиж и кога со камења се бранеше парчето земја, на земјоделците од мака им иде да запеат.
„Си пееме од мака, за да заборавиме на проблемите“, рече земјоделец.
И како да беа малку проблемите во 2005-та, па за оваа година како честитка, власта им ги скрати буџетските парите за подршка на земјоделството.
Земјоделците со чии пари изминатата година, заради неисплатената мака и труд се купуваше социјалниот мир во земјава, сакаат на сите градски фаци да им порачаат - овде се раѓа лебот.