koja e taa simbolika sto tolku ti se dopadna filmot? na sto te natera tebe da razmisluvas?
leap of faith-ot li ili sophies choice momentot
krajot li?
Во една насока: доаѓа модерното време и технологијата која ги заслепува луѓето и на некој начин забрзано ги убива затоа што се губат вистинските вредности. И во таа насока: каков спас од тоа би нашле децата кои се родени во тоа време (ко овие 2000+, миленијалците, демек)? Тие ги имаат родителите да ги водат во некоја насока, но што ако и родителите се слепи? Постои ли спас, постои ли можност за избавување?
Во друга насока, сами по себе се наметнаа некои библиски паралели, особено по тој крајот со таблата: училиште за слепи. Кога го видов тоа, веднаш ми падна на памет "блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно". Но потоа читав и за "слепите ќе прогледаат" и слични библиски стихови.
Понатаму, ова е модерна верзија на класичен есхатолошко-космогониски мит, кој впрочем, и го има и во христијанството (пак) (Ное и потопот, Откровението), но и во буквално сите митолошки матрици во светот. Земјата отишла во погрешен правец и човештвото мора да биде уништено за по неговото уништување да се возобнови земјата, да се прочисти... Класична шема на цикличната природа на светот и нештата. До душа во ни една митологија мислам не сум видел таква приказна во која чудовишта се причина за есхатолошкиот момент, но во многу матрици божествата тоа го направиле, што е еднакво на некој вонземски ентитет, можеби налик на тоа што се појави тука, од нигде никаде.
А Quiet Place беше само обичен, плиток хорор или трилер во кој се си беше на место, но не ме натера да размислувам, не видов простор за интерпретации.[DOUBLEPOST=1547825385][/DOUBLEPOST]
leap of faith-ot li ili sophies choice momentot
Ете, и тоа, ако одиме на микро-ниво, до детали.