Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.734 79,0%
  • Не

    Гласови: 460 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.194
имаше сторија за 51, ко демек имало некој што работел у таа ареа, ама почнал да зборува за тоа што се случувало во базата, и го отпуштиле и ги избришале сите доказу дека тој работел таму, и воопшто дека постоел тој човек
 
Aceva напиша:
streets_of_dublin напиша:
Не беше кажано со таа намера :wink:
Знам бе знам, супер е детто, мене ми е фејворит. :)

Фала, фала... Стварно го ценам ова!

(ако беше упатено кон мене) :)
 
Постои бе НЛО - како не постоел!!! Еве го на сликава со Гижо!

Еве видете и уверете се сами :

234lt.jpg


:lol: :lol: :lol: :lol: :lol:

Не, далеку од зафрканции, досега многупати ми се има случено да видам нешто што шпарта низ небо а коешто нема некоја одредена правилна траекторија. Не се сателити оти сателитите, како што реков, имаат детерминирана траекторија и еднонасочно движење. А што ќе беше тоа - врска неам. Метеор - не ќе да е оти метеорот е инстантна појава визуелна и забележлива... Ќе пробам да снимам пак кога ќе одам на Пиринеите на кампување (има една обсерваторија во стилот на Кокино од којашто се забележуваат навистина чудни работи)...
 
ја сум првиот што се сликал со НЛО, ај сега да ве видам
 
Дајте малку акција, темата заспала :D

Еве некои клипчиња за разбудување :wink:

http://www.qtm.net/~geibdan/videoclips/nellis.mpeg
http://www.rense.com/1.imagesC/new_above_lamp.qt
http://www.qtm.net/~geibdan/videoclips/hawk1.mpeg

Овде се гледа како некој(Америка можеби) истрелува ракета на НЛО : http://www.qtm.net/~geibdan/videoclips/sts48.qt
http://www.qtm.net/~geibdan/videoclips/sts48b.mpeg
http://www.qtm.net/~geibdan/videoclips/billh1.mpeg
 
Многу јака тема, баш ме интересира :)
Едно лето, пред 5 години бев во Охрид на плажа (не ми текнува на која) и наеднаш коа кренаф глаа... на небото на сред езеро глеам нешто во вид на топка, 5-6 пати помала од Сонцето ама светеше :idea: јако (бела боја) скоро колку него. 8)
Кога погледнав надоле, цела плажа зачудено гледаше во небото, сите ја видоа топката. Стоеше таму без да се помести сигурно повеке од 1 минута... и наеднаш ИСЧЕЗНА :shock:

До тогаш не сум видел такво нешто ама според се што имам читано и гледано за НЛО, дефинитивно сум сигурен дека беше тоа. Има и многу клипчиња со НЛО што изгледаат баш така...

Што мислите за ова :?: :roll:
 
А замисли те киднапираат вонземјани онака ти спиеш и они ти влагаат у соба и те земаат и те носат на нивната планета и таму ти земаш се разбудуваш и им крадеш леталото и бегаш за на кај Земјата... и се враќаш на Земјата и слетуваш и сите мислат НЛО слетало а т.е. ти излегуваш од леталото :lol: :lol:

Јас и мојата бујна фантазија :lol:
 
Го читавте ова во дневник? :D

Неидентификуван летачки објект обвиткан во силна заслепувачка светлина два пати овој месец ги вознемирил жителите на Тиквеш. Нада и Јован Стојанови од кавадаречко селото Ресава со голема возбуда го опишуваат несекојдневниот настан.

- Ноќта спроти 16 јули бевме на свадба во хотелот "Парк" во Неготино. Кога се враќавме околу 2 часот изутрината, над ридот пред селото видовме огромна светлина што се движи полека. Таква светлина не сме виделе досега - објаснуваат Стојанови.

Тие дури сакале да го разбудат кметот на селото Бранко Тодоровски за да го види чудото.

- Светлината ја забележавме уште кај белата чешма. Беше како огромен рефлектор. Ни беше страв да застанеме. Се движевме како да лазиме. Ја гледавме неколку минути. Како што се наближуваше кон нас, таа беше позастрашувачка. И кога стигнавме дома, објектот се уште лебдеше таму - вели 64-годишниот Јован.

Додека тој возел, неговата сопруга Нада ја следела светлината со поглед. Во неа видела траги од објект во форма на чинија.

- Беше слична на оние летачки чинии што ги прикажуваат во филмовите. Испушташе и собираше зраци како сонце, а се слушаа и необични звуци - се потсетува Нада.

Една недела подоцна, на 22 јули, истата светлина ја виделе и двајца млади, кои се возеле со мотор покрај тој дел од Тиквешко Езеро.

- Беше два по полноќ кога одеднаш над нас се појави ненормална светлина. Толку многу се исплашивме што летнавме да бегаме. Имаше чуден звук, како силен шум од ветер што може да те крене. И кога се оддалечивме од местото, тој звук се уште се слушаше - вели А.Б. од Кавадарци.

Ваквите доживувања на жители од Тиквеш ги разгореа приказните и сеќавањата за слични случки од пред неколку години во истиот регион.

Но, повеќето жители не сакаат да зборуваат за тоа бидејќи се плашат дека нивните искази ќе бидат предмет на потсмев ако посведочат дека виделе НЛО над Кавадаречко.



Изгледа вонземјаните ја намирисале бербата на Кардиналот во Тиквешијата, па се врткаат лево десно :)
Но да не им се потсмејуваме на луѓето кои биле сведоци на оваа случка, штета што некој не успеал да фотографира.
 
Немој само автор на текстов да е Коста Поповски, беше "резидент" гостин во една скопска кафана порано и со чашката си ја будеше креативноста додека беше новинар во "Вечер" и пишуваше за оваа тематика! :)

Него, сеуште постојат селски кметови?
 
Не бе, стварно. Од местото на настанот потврдувам
Ни отиде кардиналот годинава во меѓупланетарен извоз. После ќе ни го продадат како вселенска ракија. :wink: :D
 
А бе вонземјанци да постоот си постојат ами јас сум сигурен оти мегу нас има некои такви вонземјанци а се рагат како човеци и си умират како човеци тии за мене се Ајнштајн Тесла Моцард .... ти се како да ви објаснам мозе да си замислеме оти тии се како да ни пустат вонземјанците такви осоврсености за да фркнаме малку во технологијата ако мозе да ме разберете и голем поздрав до Кире
 
Pimpa dobredojde na kajgana 8) Marsovci na Zemjata = Dali bogatas i/ili pameten covek bi se setal niz ulica na bezdomnici i kriminalci? Ne.
 
2000 во Охрид, околу 22 - 23 часот, и јас и жена ми видовме нешто, шо никако друго не можам да си го објаснам освен како „НЛО„

нема шанси да беше било шо шо е познато до сега на планетава...

им пркосеше на законите на аеродинамиката, направи неколку такви движења/маневри, шо и двајцата останавме неколку минути едноставно неми - но комент...

и шо ќе рече чоек во таква прилика?

„тејк ми„ ?

а за тоа дали има живот или не на други планети, ќе знајте наскоро сите, најкасно до 2012 :wink:

не дека ќе ни се свиѓа то шо ќе го разбериме, ама друга тема е то
 
Кика ептен си ги осовршил тии логичките маабети жив вонземјанец си :) :viol1: :viol1: :viol1: :viol1: :viol1: :viol1: :?:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom