Вонземјани, НЛО...

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли дека постојат вонземјани?

  • Да

    Гласови: 1.734 79,0%
  • Не

    Гласови: 460 21,0%

  • Вкупно гласачи
    2.194
Јас мислам дека вонземјаните веќе живеат на Земјата, тие можеби се меѓу нас, само што изгледаат на луѓе...
 
Кои се тие факти/докази? Јас мислам дека такви нема... :)

Па, ако ги нема, тогаш зошто не би биле овде?

Прашувам бидејќи изгледаше доста самоуверено кога кажа дека не ги има овде :).

Вонземјани = Прикаски за мали деца.

Пак ве лажат ова комуњариве а? :vozbud:

На сериозна страна, се работи за строга наука, која укажува на тоа дека нема шанси да сме сами во универзумот. Ако за тебе се тоа прикаски за мали деца, тогаш се што си дознал за светот до сега треба да го рачунаш да е исто прикаски за мали деца.
 
Па, ако ги нема, тогаш зошто не би биле овде?

Прашувам бидејќи изгледаше доста самоуверено кога кажа дека не ги има овде :).
Па самоуверено затоа што нема бе друже доказ кој укажува на тоа дека вонземјани се шеткаат на планетава... :)

--- надополнето ---

Пак ве лажат ова комуњариве а? :vozbud:

На сериозна страна, се работи за строга наука, која укажува на тоа дека нема шанси да сме сами во универзумот. Ако за тебе се тоа прикаски за мали деца, тогаш се што си дознал за светот до сега треба да го рачунаш да е исто прикаски за мали деца.
Со болдот се согласувам.
 
Твое право... шансите да сме сами во овој универзум како и шансите да е населена само планетата Земја се минимални.

Оу, јас па мислев тоа "Верувај" го пиша како подршка на тој што пиша дека сето тоа било прикаски за мали деца.

Извини, погрешна интерпретација од моја страна. Јас и ти сме инаку на ист став :).
 
Сигурен сум дека постојат вонземјани, но ме чуди тоа што до сега се немаат официјално појавено. Можеби уште немаат развиено таква технологија за да патуваат толку големи далечини и мислењето дека тие се далеку по технолошки развиени од нас е само илузија. Можеби и веќе не посетиле само јавноста не знае за тоа. Има многу можности али едвај го чекам денот кога ке воспоставиме контакт со вонземска цивилизација ( се надевам мирољубива :P ), ако воопшто тој ден дојде.
 
да опнеш една слика на ФБ сликан со нив и од вкупно 1000 пријатели да добијаш 1001 лајк (гратис од вонземјанинот)... ?
 
НАСА примила повик за помош од друга галаксија?

23.03nasa3.jpg

Во неодамна објавените документи на британското министерство за одбрана за НЛО има и статија од 1998 во која се говори дека НАСА успеала да дешифира потресна порака која ја примиле од соседната галаксија.

Сигналот е откриен во јануари 1998, но на експертите им требале повеќе месеци да го одгатнат математички комплексниот сигнал. Она што го откриле на крајот е многу интересно.

Експертите на НАСА тврдат дека вонземјанска цивилизација испратила повик за помош, а со оглед на оддалеченоста од која стигнал сигналот, се проценува дека пораката е снимена пред околу 80.000 години.

Заедничкиот труд на меѓународниот тим научници вродил со плод кога сигналот конечно е декодиран кон крајот на 1998. Д-р Виктор Кулаков за таа прилика изјави дека самиот факт што луѓето успеале да ја прифатат и дешифрираат пораката покажува дека развојот на вонземјанската цивилизација бил на наше ниво – пред 80.000 години.

Кулаков одби на медиумите да им даде транскрипт на пораката, но рече дека таа почнува со: ’Помогнете ни’, а продолжува со давање точни координати на планетата. Со пораката, наводно можело да се исчита и дека цивилизацијата била на работ на изумирање, а за тоа не била виновна никаква природна или космичка катаклизма.

„Пред нас се уште многу години истражување, но со сигурност можеме да кажеме дека цивилизацијата сама си ја предизвикала својата пропаст, можеби со некаков облик на нуклеарна војна“, објаснува Кулаков.

Исто така наведува дека со сигналот можело да се насети нивното помирување со ситуацијата и прифаќање на одговорноста, но и неможност да ги евакуираат преостанатите жители на планетата.

Според теоријата на овој научник, цивилизацијата од Андромеда имала на располагање технологија за меѓупланетарно патување, но сепак биле заробени на својата планета бидејќи во близина немало планети на кои можеле да се населат.

Иако статијата која известува за овој настан се најде меѓу НЛО документите, треба да се напомене дека е објавен во таблоидот Weekly World News, кој е познат по повремено изнесување на најневеројатни ’факти’.

Сепак, со оглед на тоа што оваа сторија се најде во официјалните документи на британската влада, можеби сепак има нешто во неа?
 
НАСА примила повик за помош од друга галаксија?

23.03nasa3.jpg

Во неодамна објавените документи на британското министерство за одбрана за НЛО има и статија од 1998 во која се говори дека НАСА успеала да дешифира потресна порака која ја примиле од соседната галаксија.

Има само еден мал проблем во сето ова... Најблиската галаксија е оддалечена повеќе од милион светлосни години. 80 000 години се малку за да стаса пораката до нас...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom