Бадник и останатите пагански обичаи

  • Креатор на темата Креатор на темата simeon
  • Време на започнување Време на започнување
Добро ама можат да бидат дел од човековите навики и начини за прослава и обожување на некој.
Можат да бидат само дел од култрата и наследството на еден народ..Во моментот кога ќе поминат во начини на прослава и обожавање..имаш се само Христијанство не...
 
добро бе луѓе бива ли да се срамите од тоа што со децении вашите предци го правеле. Пагански работи, голема работа. А тоа дека секое село си има свое христијанство ич вода не ти држи пошо секое село си има своја одлика со своите обичаи. И јас ќе ги правам , затоа што знам од каде доаѓам и треба да го негувам тоа, како прво зачто ми е должност кон семејството
 
Можат да бидат само дел од култрата и наследството на еден народ..Во моментот кога ќе поминат во начини на прослава и обожавање..имаш се само Христијанство не...
Зашто нема Христијанство?
Да не е забрането да имаме обичаи, јас ова прв пат слушам.
 
Зашто нема Христијанство?
Да не е забрането да имаме обичаи, јас ова прв пат слушам.
Добро де не пишувам на некој висок стил..реков кога обичаите ќе поминат во обожавање и прослави и го заменат Христијанството(ако веќе се декларираме како такви) тогаш претставуваат проблем...Не можеш да го славиш Бадник(оти бил обичај) и да викаш дека си Христијанин...Бираш страна или тоа или тоа..Малкавоста е полоша
 
Абе како не го слават Христијаните Бадник?
Па сеа пред малце бев во црква на причест, имаше литургија и се најнормално.

ме буниш:nesum:
 
Дискутирајте. Јас идам да палам огин и да пијам греана ракиичка :)
Колку и да се пагански, овие обичаи ги зближуваат луѓето и бар на момент ги оттргнуваат од секојдневните глупости.

Знаеш како ги зближуваат? Преку озборување!
Секоја година даваме пари за организирање на огнот, но никогаш не сме отишле. Оваа година не ни дошле да ни побараат зошто знаат дека не одиме. А знаеш зошто? Затоа што го изопачуваат обичајот. Порано коледарите палеле оган за да се стоплат пред да одат на коледе. А што прават овие сега? - Ја пуштиле Цеца (значи не македонска народна музика, туку ЦЕЦА), ставиле печење (а уште се пости), музики, фешти... абе чекај малку!
И вчера поминав чисто да видам што прават луѓево и единствената работа што ја слушнав беше: „Абе што ти е, таа зема 50 илјади плата, не ја жали!“ „Абе вистина оваа си отишла од дома зошто се скарала со нејзините?“ „Лелеее оваа забременила, а не е мажена - срамота!“

и така ги зближува луѓето...
 
Абе како не го слават Христијаните Бадник?
Па сеа пред малце бев во црква на причест, имаше литургија и се најнормално.

ме буниш:nesum:
Ај врати се на првиот пост на Симеон..мислам дека е доволно разбирлив
 
Pa sto ima vrska bre koj obicaj e paganski a koj hristijanski?
Ako covek veruva vo Isus, se deklarira kako hristijanin i se trudi da go drzhi svojot zhivot vo hristijanskite moralni normi, i ako slavi vakvi praznici, vednash ide u greshinici, a?
Originalnoto znachenje na zborot "pagan" se odnesuva na covek koj zivee na svojata teritorija i gi pocituva nejzinite obicai koi ne se povrzani so popularnata svetska religija.

Ova e nasha teritorija, koja im ja ostavame na nashite deca, a bila na nashite predci.
Nema i NE SMEE da ima nishto losho, greshno i ebeno sramno vo toa da gi praznuvame denovite povrzani so obicaite koi gi pocituvale tie ovde. Toa e NASHE.
Hristijanstvoto koe ni go doturile odamna, se razvilo mnogu posle zacnuvanjeto na narod na ova parche zemja.
Hristijanstvoto e edno za cel svet, dodeka narodite koi go primile si imaat i drugi delovi od kulturata koi ne ja vklucuvaat religijata.
Toa znachi deka ne treba toa shto si e karakteristichno nashe da go izbrisheme za da im ostavime prostor za duenje na arhiepiskopite zakopani vo pravilnici i potcrtani delovi od evangelija.
 
Знаеш како ги зближуваат? Преку озборување!
Секоја година даваме пари за организирање на огнот, но никогаш не сме отишле. Оваа година не ни дошле да ни побараат зошто знаат дека не одиме. А знаеш зошто? Затоа што го изопачуваат обичајот. Порано коледарите палеле оган за да се стоплат пред да одат на коледе. А што прават овие сега? - Ја пуштиле Цеца (значи не македонска народна музика, туку ЦЕЦА), ставиле печење (а уште се пости), музики, фешти... абе чекај малку!
И вчера поминав чисто да видам што прават луѓево и единствената работа што ја слушнав беше: „Абе што ти е, таа зема 50 илјади плата, не ја жали!“ „Абе вистина оваа си отишла од дома зошто се скарала со нејзините?“ „Лелеее оваа забременила, а не е мажена - срамота!“

и така ги зближува луѓето...

па мора Цеца да се слуша да се знае од кај потекнува палењето оган :tapp: а за озборувањата таков народ смме си ние не интересира другите што прават и како прават а не си ја гледаме нашата работа :3::pos2:
 
Ок си изнакажав на темава доста мои мислења, доста се.:)
Не мислам да убедувам некој во нешто што нема шанси да го убедам.
Затоа поздрав, се најубаво и пријатни разговори, а јас ќе си продужам да праам како што си правев до сега, па ако грешам има кој да ми суди.
За тие што слават Божиќ и Бадник среќни празници,убав помин,:helou:здравје, љубов и мир.И за другите се најубаво, без разлика дали славите нешто или не истото ви го посакувам :smir: :helou:
 
па мора Цеца да се слуша да се знае од кај потекнува палењето оган :tapp: а за озборувањата таков народ смме си ние не интересира другите што прават и како прават а не си ја гледаме нашата работа :3::pos2:
Абе ајде на што личи тоа, па срамота е!
 
добро бе луѓе бива ли да се срамите од тоа што со децении вашите предци го правеле. Пагански работи, голема работа. А тоа дека секое село си има свое христијанство ич вода не ти држи пошо секое село си има своја одлика со своите обичаи. И јас ќе ги правам , затоа што знам од каде доаѓам и треба да го негувам тоа, како прво зачто ми е должност кон семејството

Работата не е дека се срамими, туку дека работата е за плачење, а тоа дека е паданско е дека не е голаме робота не би рекол.Сигурно знаеш каков пристап кон религијата имаат паганите и како се однесуваат.
А тоа што секое село има посебно верување и непочитување на Црквата тоа е вистина, за тоа не треба да се напрекуваме Христијани, бидејќи надвор од Црквата нема спасение.
Значи ако нашите предци од незнаење правеле нешто, и тоа останало и сега треба ние да го правиме? Ако гледаме што се не правеле нашите предци, па ние не копираме се, само тоа што ни одговара, треба добро да размислиме дали на вистина е така или на нас ни одговара така да размислуваме.
 
МПЦ до лани палеше огнови, по црквите избираа кумови за Бадник, ги благословуваа огновите.Оваа година нешто срамежливо го осудуваат овој обичај, а другата година којзнае што ке направат.Не се постојани во своите ставови постојано лутаат.Како човек да се потпре на нивната доктрина кога и самите тие препуштиле народот и пониските свештеници по чин да си прават христијанство како им одговара?

Самата МПЦ забегала од Библиското учење и сега незнаат или несакаат да се вратат назад кон Библиското учење.

Мора реформи да направат односно назад кон Христовата наука.Инаку овој народ ке лута и верата во Христос ке ја темели врз основа на кажувања од баби, дедовци и комшии.



Заради вакво свештенство секое село си има некое свое христијанство и мисли дека е најисправно, а пак сите тие варијанти немаат врска со Библиското.

Луѓе сме и грешиме!Никој не е совршен!

Ако сакаш да објасниш каде МПЦ забегала од Билбиското учење!

Не македонскиот народ е премногу тврдоглав, знае како треба,но прави како правеле предците, доста е со такви работи, правиме нешто но не знаеме што правиме, цело време читам постови како некој ја брани и ја признава таа традиција, во ред секој има свој став, но сега ајде ако некој брани нешто треба добро да го познава, па изнесете ги своите ставови од историска точка на настанување на таа традиција, етимолигијана на зборови, доста се браневте само со „нашите предци така правеле, и ние ќе правиме“, премногу е мизерен тој одговор, само колку да се извадиш од каша. глупостт

па мора Цеца да се слуша да се знае од кај потекнува палењето оган :tapp: а за озборувањата таков народ смме си ние не интересира другите што прават и како прават а не си ја гледаме нашата работа :3::pos2:

Воопшто не е смешто тоа какв народ сме, каков народ сме тоа е мизерија. Не е работата такви сме и такви ќе си останиме, човекот мора да се преобрази, да е смени, да се роди нов човек. Но сепак секој ќе си одговара за своите дела.
 
Ако сакаш да објасниш каде МПЦ забегала од Билбиското учење!


Каде забегала од Библиското учење?Ке ти кажам во секој поглед, само да не одам надвор од темата ке се задржам на Бадникарскиот оган.

Од осамостојувањето на Македонија, одеднаш почнаа да практикуваат палење на Бадникарски оган и проповедаа дека оганот се палел за да се собира народот, да бдее исчекувајки го симболично рагањето на Месијата.Дабови дрва се палеле демек кога се родил Исус имало таков оган да се стопли Богомладенецот(нема врска со Библијата)

На Бадникарскиот оган благословуваа кумови, вртеа лебчиња со парички, частеа греаана ракија(пак нема врска со Библијата)

Кажуваат дека по дома треба да се ставаат дабови гранчиња и посна трпеза (никаде не пишува во Библијата)

Леб со паричка да се крши по домашните трпези, и кај кој ке се паднела паричката ке бил посебно ксметлија(никако нема врска со Библијата)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom