Нашите источни соседи се побугарено Македонци. Многу просто!
Па зашто не даваат ОМО Илинден да се регистрира? Затоа што ќе ги просветли на македонците кои живеат во темнина.
Тоа и димитар благоев го има кажано во нивниот парламент
Д. Благоев: ...
Всушност во Бугарија се водеше една голема борба не за обединувањето, како што велат, на бугарското племе, а за владеењето на едно племе во Бугарија. И таа борба е една од причините за ослободувањето на самата таа бугарска држава.
Таа борба се водеше меѓу бугарското племе и словенското племе на Балканскиот Полуостров. Бугарското племе, еден грст, но добро организирано дојде на Балканскиот полуостров и најде едно племе мирно, уште недоразвиено во својата општествена организација, уште кога тоа се наоѓаше во последниот степен на варварство, кога тука што се формираше како сојузи на племиња, за да мине понатака, во периодот на цивизацијата, во нација. И тој поорганизиран дел, кој главно стоеше на едно пониско варварско стопало, грабечки жесток, кој не познаваше никакво одвраќање кон какви да било средства, се нафрли врз словенските племиња да ги завладее. Но тие племиња, и покрај тоа што беа неорганизирани, својата борба ја водеа долго против тоа бугарско племе.
Ј. Сак`зов: Не заборавајте дека тие беа колонии на Византија и нејзинети потчинети.
Д. Благоев: Потчинети,но независни во својот внатрешен живот.
Некој од левицата: Не ја заборавајте историјата.
Д. Благоев: Која историја? Таа ли, која вие ја фалсификуате? (смеа) Таква историја ние не ви признаваме. Ние гледаме како е стварноста. Факт е г. г. народни претставници дека имало голема борба меѓу бугарските и словенските племиња на Балканскиот полуостров. И тој процес за кој што ни говори Ј. Сак`зов и кој што го подржуваат и другите не е за обединување на бугарското племе туку за завладување на словенските племиња на Балканскиот полуостров и затоа ние гледаме потиснување на словенските племиња на Балканскиот полуостров што масовно се преселуваат во Византија и Мала Азија, и од друга страна, одат на југ кон Македонија во која имено се запазува долго време словенското племе.