Хотел со 0 ѕвезди

Кога ќе ми текне во какви услови живеев 6 месеци додека бев во војска. Хотелчево и те како е добредојдено :)
 
Екстремна идеја за минимализам, рационално и ефтино користење на просторот. Наменето за групи на луѓе кои не бараат никаков посебен комодитет, туку само чист простор за преспивање. Идејата за пренамена од бункер во нешто од ваков тип, е една друга идеја која се развива во архитектонската мисла во ова време - универзалност на простории. Идеал, за кој треба да помине многу време за да биде прифатен од народот. Или, еден обичен експеримент... Во двата случаи, на прво место избива оригиналноста, што е за пофалба и ценење.

Хотелчево - комплетен функционализам. Со минимални средства, во минимални (не не и нечовечки) услови, се постигнува цел, за која во друг простор се плаќа значително повеќе. И да, ако ме носит патот натаму, би спиел во него.
 
Кога ќе ми текне во какви услови живеев 6 месеци додека бев во војска. Хотелчево и те како е добредојдено :)


Мислам дека е потполно исто како павиљоните во Велес :):salut:
 
Интересно изгледа. Чисто, средено, ново ... Многу подобро од некои " дупки "
 
Искрено , би живеел во ова:)
 
Добар е хотелов само типот од петата слика некако ме предомислува.
 
Скапо, е скапо!

Пубо надвор да спиеш, поевтино е, и плус гратис ќе имаш поглед на Монт Блан
 
Хотелчево и не изгледа така лошо....

чисто е, кревети има, има купатило, столни ламби, надкасна.....
не видов бубашваби или слични организми, како во Бугарија на пример....
искрено кажано изгледа подобро од некои дупки по кои сум бил сместен во Охрид, на море и сл.
 
Ако одам во некој друг град и немам каде да преспијам... ЗОШТА ДА НЕ!
 
Ако овој хотел е со 0 ѕвезди ќе треба некои таканаречени хотели да одат во минус со ѕвездите:)

За Швајцарија може е евтино и грозно, али какви хотели има на балканов каде животни не може да живеат а камо ли луѓе.Таму нема ни топла вода и се спие на железни кревети и овој хотел е замок за нив :icon_lol:

Швајцарците можат да го средат хотелов и топ да биде, но вака е атракција и сигурно е пол со гости најчесто:)
 
stvarno hotelcevo vredi poveke od nekoi hoteli kaj nas koi imaat i po 3-4 zvezdicki. a plus ima super atmosfera. treba da se proba :wink:
 
Пфф малце ме зачуди кантата :uvo: ама супер е хотелчево само стариве ми се малце сомнителни :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom