Родителите пречка на младите таленти

  • Креатор на темата Креатор на темата maca_kaka'
  • Време на започнување Време на започнување
Родителите може да бидат монгу голема пречка во развивањето на талентот на индивидуата.
Како што погоре кажа Мими, сакаат нивните желби и амбиции да ги остварат преку децата.
Но, ако детето не е талентирано за правник, а го тераат за тоа да учи џабе ќе му е... ќе заврши некако факултет но нема да има ни потенцијал ни желба за да се пробие понатака и да создаде успешна кариера
 
Талентот на детето треба да се негува. Греота е млад талент со кој може да се постигне многу, уште во корен да биде сосечен.
Реално, родителите сметаат дека нивната одлука е секогаш правилната. Би рекол дека во поголем дел од случаевите и е. Меѓутоа свесен сум дека има и онакви кои талентот го погазуваат размислувајќи дека со тоа детето ќе нема иднина. Но не се тие криви што му мислат најдобро на детето.
Сепак, понекогаш она што е најдобро може да е толку блиску до нас, а родителите свесни за напорот кој треба да се вложи да го бараат некаде далеку во сосема непознати и нови води.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom