WoW!WoW!WoW!
Сериозно, пред да почнам да опишувам волку тешко дело, веднаш почнувам со препорака. Филмовили кои не сте го гледале филмчево, под итно да го најдете и да потрошите два и пол часа од својот живот, за кои нема да зажалите.
Ова e филм кој човек и да сака не може да го раскаже. Може да се долови преку чепнување во тематиката, но за убаво да се разглоби е потребна една цела студија.
Прво нешто кое морам да го кажам. Џаред Лето е
феноменален. За мој вкус оваа негова изведба е најдобрата досега. За нијанса е подобар од неговата најдобра улога досега во Requiem for a Dream. Навистина пријатно ме изненади, особено кога на ИМДБ видов дека не само што го портретира Немо како помлад, туку и кога има 118 години. Да не прочитав немаше да поверувам.
Женските улоги, тек тук, просечно добро се изведени. Но исто така мора да се пофали Toby Regbo, кој го портретира Немо како дете. Браво за момчево за кое прв пат слушам. Го износе половина филм на свој грб и беше одличен во тоа.
Приказнава човек нема никогаш да успее да ја раскаже. Навистина е посебно доживување кое ќе ви отвори милион прашања во глава. Немо е последниот смртник на земјата кој ќе доживее да умре од природна смрт. Еден новинар доаѓа кај него за тој да му го раскаже својот живот. Но Немо е конфузен во својата приказна, затоа што раскажува различни приказни. Немо не живеел еден живот, туку повеќе. Од сите нив тој носи посебни спомени. Овде повторно го имате обработено батерфлај ефектот, прашањето за диемнзиите и времето. Ова е приказна со човечки елемент во неа, во која се измешани емоции, љубовни приказни и научна фантастика во еден прекрасен склоп.
Да не заборавам на саундтракот кој велгува под кожа и ги прави сцените да изгледаат уште поубави.
Патем, овде има цитати кои се врежуваат во глава.
"Се додека не одберете, можностите остануваат отворени"