Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Аха, добро јас нешто слично напишав ами ми кажаа дека е ОК.Инаку за да ти биде задачата комплетно точна, кога ќе ги собереш I3 и I4 ќе добиеш дека во таа гранка не тече струја, па ќе оставиш тука отворено коло, нема да црташ струен генератор. Ќе ти остане само еквивалнетниот отпорникот R2 и по еквиваленција во напонски тука ќе ти остане куса врска со отпорникот R2.
Ми треба состав за ''Странецот" од Албер Ками.
Странецот - Алберт Ками
Албер Ками е едно од најзначаните имиња во повоената француска литература, а овој факт посебно се должи на неговиот прв и најдобар роман - Странецот. Во него, прегу главниот лик (Мерсо) е претставен механичкиот и безчуствителниот начин на живеење.
Мерсо е нихилист, тој верува дека минатото и сегашното постоење на човекот е без некоја цел, сврсисхоидност или некоја посебна вредност. Тој ги негира вредностите на некои или сите социјални структури, власта и законот, нормите, вредностите и моралните принципи. Автоматски ваквиот начин на дејствување го води кон насилство и тероризам во однос на воспоставениот систем но исто така резултира и со пасивен отпор кон се, без било какви алтернативи.
Во овој роман Ками ни расправа за една форма на (не)сензибилитет и таквиот денешен/современ човек. Низ текот на романот, Мерсо е претставен како беспрекорно ладнокрвен човек во повеќе ситуации, како смртта на мајка му, врската со дактилографката Марија, и најважно од се, неговото убиство и судење во Алжир. Еден од клучните моменти во романот доаѓа кога Мерсо, во момент на изгубеност, раздразнет и заслепен под немилосрдното јужно сонце, безмалку со никаква причина, убива еден Арапин. Осуден е на смрт. Додека трае истрагата Мерсо е затворен и ја очекува смртната казна. Тие денови, во осамеништво и притвор, кај Мерсо постепено се буди револтот против бесмисленоста и апсурдноста на еден свет и живот, па и на еден општествен систем кој не сака да се соживее со Мерсо, уважувајќи ги моментите и мотивите на неговата интима.
Со сета негова дотогашна пасивност и рамнодушност кон животот, кога Мерсо се нашол пред смртта, се почувствувал подготвен одново да преживе се и како единствен начин на кој би можел да се почувствува помалку сам, посакува на денот на неговото погубување да има многу посматрачи кои ќе го дочекаат со извици на омраза, омраза кон неговото бидување странец во свет полн со странци.