Македонски војници во холивудски филм

  • Креатор на темата Креатор на темата DimceY
  • Време на започнување Време на започнување
Одлична вест ми се допаѓа идејата. Со тоа нашите војници ќе добијат уште поголема почит:pipi:

Само да не се испревртат некои работи и да се добијат погрешни претстави. Пример во Александар Македонски со Колин Фарел такви сцени кои не беа во наша корист беа навистина многу.

А убаво ќе е и да глумат некои наши глумци. Барем ќе се промовираат, а имаме доволно таленти:pipi:

Ја сфаќам твојата поента, ама друго е со Александар, имаме спор со Грците, башка Аце не може да демантира или потврди. Од друга страна, војнициве се живи,здрави - можат и демант да испратат. Башка нема нешто којзнае колку да испревртат.

Инаку баш ми е мило, одвај чекам да излезе, ако испадне да го снимат и сакам Леонардо Ди Каприо да биде во него.:back:
 
Јас не сум баш воодушевен што имале намера да го документираат нашето присуство на овој грозен чин, на страната на оние кои историјата еден ден оправдано ќе ги зацементира како “лоши момци“. Згора на тоа, сите филмови кои во последно време излегоа за војната во Ирак се гола пропаганда. Исто така се надевам дека нема да не потенцираат до степен да изнервираме некои луди арапи, па да си имаме работа и со нив после...

Инаку историски гледано има многу приказни за Македонија кои можат да бидат тема за холивудски спектакл наместо евтина пропаганда. На пример, битката на Царот Самуил со Византија која заврши со 14 000 ослепени војници е епохална битка од која може да се направи вистински блокбастер. Било која од приказните од “Тврдокорни“, Солунските атентатори, па се до некои понови теми... Има многу, но некој треба да ги пласира до холивудските филмски студија. За жал, никој во државава не се занимава со тоа.
 
Идејата е солидне, сепак самата промоција на Македонија во ваков проект е од огромно значење! Би сакал да го видам Тони Михајловски во филмот, многу ми е ѕвер Тончи, особено кога се глуми нешто со пукање....
 
Многу јак потез за Македонија. Ептен вредат нашите војници и заслужуваат вакво нешто. Се надевам има некој да му помага на тој војникот што ја пишува книгата да уфрли некои пропагандни фазони за што поише да ќариме... :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom