Факултет за туризам - Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата УНИКО
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 декември 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ми треба мислење за факултетот за туризам и угостителство во Охрид!!!
Нека напишат мислење сите кој се на факултетот или имаат какво било искуство од него.
Се читкаме
Чао
 
Незнам колку се просперитетни смеровите, ама знам дека е светски признат.
 
Планирам да се запишам на факултетов годинава, има некој искуство, tips & hints? Нешто?
 
Планирам да се запишам на факултетов годинава, има некој искуство, tips & hints? Нешто?

Ништо посебно истите нервози како и на другите државни факултети, можда и нешто плус со оглед дека само двајца вработени се во Студентски прашања (од кои едниот е задолжен за 90% од работите).
Материјалот и предметите се некоја мешавина од Економски и Правен факултет, само доста помали по обем :)
За професорите...добро ќе е ако имаш роднини во Охрид, па да добиеш некаква конекција до нив.Зборувам за одреден дел, добро познати на сите на факултетот и во градот.Секоја чест на исклучоци, постојат професори кои се целосна спротивност на стереотипите за ФТОН.
Нема да ти е лошо ако си упиклив, нормално како и на секој факултет.Задолжително одбери си Руски од странските јазици, гарантирано ти е поминат со самото одбирање.
 
јас кога студирав постоеа смеровите, туризам, царина, осигурување и гастрономија, сега има и некој други смерови како хотелиерство и безбедност, во моментов сите се запишуваат на безбедност, мој совет е да се запишеш на туризам, сигурно ти е светски признат, осигурување ти е џабе исто е тежок како економски а нигде не ти го признаваат како економски, а во осигурителна освен агент на процент не се надевај на друга работа а тоа можеш и со средно да го работиш. Ако веќе си решил да одиш на факултет запиши се туризам и искористи некоја од шансите што ти се нудат таму да заминеш од државава дали преку aiesec или преку некои агенции што бараат келнери и рецепционери најчесто за грција. Руски запиши само ако англиски си труп, испитот англиски не е воопшто тежок.
 
и јас планирам да се запишам на туризам и угостителство во Охрид, ама се двоумам колку е просперитетен ,сакав да се запишам на Универзитетот во Скопје За туризам и менаџмент смер Спортски туризам меѓутоа тоа е приватен факултет а неможам тоа да си го дозволам , ми треба мислење поопширно на некој со искуство дали е задоволен од тоа што ја работи оваа работа и дали го прави среќен ...
 
и јас планирам да се запишам на туризам и угостителство во Охрид, ама се двоумам колку е просперитетен ,сакав да се запишам на Универзитетот во Скопје За туризам и менаџмент смер Спортски туризам меѓутоа тоа е приватен факултет а неможам тоа да си го дозволам , ми треба мислење поопширно на некој со искуство дали е задоволен од тоа што ја работи оваа работа и дали го прави среќен ...

Не можам да ти одговорам на поентата во твоето прашње, но можам само да ти напоменам дека туризам има на Природно - Математички Факултет -Институт за географија во Скопје. За тоа, ако те интересира, прашај ме слободно.
 
па ме интересира ако можиш нешто повеќе да ми кажиш за тоа ,шо е како е ..само еден смер е туризам или како ... ?
 
Za Carina ima nekoj nekoe iskustvo kako e , tesko lesno ?! I vo studentskiot dom kako se uslovite ?
 
:cool:

Во ФТУ Охрид дегустација на пиво во рамките на семинарот „Food and beverage management“
Вести | Охрид | 04.06.2014 20:25Посети : 220
Вчера и денеска во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа дводневен семинар со наслов „Food and beverage management“, реализиран со континуирана соработка помеѓу оваа високообразовна институција и фондацијата „La Fondation pour la Formation Hôtelière“ со седиште во Женева.


DSC_1132.JPG



На настанот, на кој беа присутни претставници од хотелско-угостителскиот сектор, професори од ФТУ Охрид, менаџери на ресторани и врвни странски експерти, се одржаа неколку презентации во насока на контрола на квалитетот на сервис, „slow food“, тестирање на вино, односно за прв пат во оваа институција се реализира работилница за дегустација на пиво.

Вчера имавме контрола на квалитетот на сервис и тестирање на осум видови вино, додека денеска одржавме презентација за slow food и можноста нашиот град да прерасне во slow town. Настанот заврши со тестирање на 12 видови пиво, со врвен експерт од Манчестер, кој пред присутните го презентира целокпуниот процес на правење на овој пијалок.“ - рече проф. д-р Ангела Василевска од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.


DSC_1125.JPG



Проф. Адриан Барсби од Универзитетот во Манчестер, преку практичен и теоретски дел откри кои карактеристики треба да се оценуваат кај пивото за да се дојде до конечен заклучок за квалитетот на овој пијалок.

Вчера најпрво вршевме тестирање на неколку видови вина, зборувавме за различните брендови, односно интернационалните стандарди кои треба да се почитуваат. Денеска се запознавме со карактеристиките кои треба да се согледаат при дегустацијата, за да се дојде до конечниот заклучок и оценка за пивото.“ - потенцира проф. Барсби, долгодишен експерт со искуство во ланецот на елитни хотели како Хилтон.


DSC_1135.JPG



Факултетот за туризам и угостителство Охрид е партнер на фондацијата „La Fondation pour la Formation Hôtelière“, од која е добиен грант во висина од 20 000 евра.

Добивме грант од 20 000 евра за опрема на нашата кујна, во која што ќе вежбаат студентите од нашата високообразовна инситутција. Ова е четврти семинар кој го организираме во соработка со овој фонд со седиште во Женева, а присутни се претставници како од нашите хотели и угостителски објекти, така и менаџери на ресторани и рецепции.“ - потенцира проф. д-р Мирјана Секулоска.


DSC_1143.JPG



На настанот присустуваше и проф. д-р Елизабет Ајнсон, долгодишен експерт во областа на „Food and beverage“, која меѓудругото потенцира дека Охрид е одличен кандидат за да постане slow town.


DSC_1139_1.JPG



Инаку, присутните на дводневниот семинар се стекнаа со сертификати од страна на фондацијата „La Fondation pour la Formation Hôtelière“.


O.T.
1


© 2014 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom