- Член од
- 16 август 2008
- Мислења
- 3.293
- Поени од реакции
- 637
Илузија е според мене најдобар, а и Сенки е добар, можеби зошто е највисокобуџетен од сите. 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Би сакал еден ден на некој кај нас да му текне да направи ДВД изданија од сите македонски филмови, па да изгледаме се како луѓе. Веројатно сметаат дека не е многу потребно еден народ да си го познава сопственото филмско наследство. Можеби некому ќе му текне еден ден. До тогаш, останува да се снаоѓаме со ТВ-рип снимки и останати благодети што ни ги овозможува пиратеријата. Господ здравје да и даде и да ни биде вечна.
ги прочитав сите постови на темава и имам да кажам неколку работи. за сите тие што не ви се допаѓаат македонските филмови, знам која ви е маката - изамериканизарине сте. што значи тоа? тоа значи дека од гледање холивудски филмови, кои се лесно читливи, во кои знаеш што отприлика ќе се случи и кои едноставно, дури ги гледаш ти го оставаат мозокот да ти спие, па дури и исто ти е дали си го преспал, или си го изгледал, затоа што на крајот на филмот пак исто ќе ти остане во меморијата...ќе го паметиш некое време, а после кога случајно ќе го гледаш пак, и нема да ти текне дека си го гледал. секоја чест на американските филмови кои имаат одлична сторија, не се толку лесни за разбирање и освен што те воодешуваат и ти остануваат во сеќавањето, но другите се исклучиво правени за американскиот пазар, односно за тие глупаци што ништо не би можеле да сфатат.
е сега, кога вие, што велите дека македонските филмови се тапа, ќе изгледате еден филм од типот на тетовирање или сенки, бидејќи сте навикнати да го изгледате филмот и веднаш се да ви биде јасно, овие нашите не ви се допаѓаат. затоа што тука треба и да размислиш, да го гледаш концентрирано, да сфатиш за што се работи. па ако сакате да станете како американскиот народ, би мај гест. јас ќе си гледам македонски филмови, ќе се мачам ако треба за да го сфатам, ама барем ќе знам дека сум гледал некоја приказна која има смисла, а не некои идеални работи кои на никој жив никогаш нема да му се случат. најмногу ме нервира фактот, што, таквите како вас, кога ќе им се спомне гледање на некој македонски филм, веднаш го одбиваат тоа со едноставно образложение - ајде бе, македонски филм каков може да биде???? ако сакате да гледате филмови за кои после ќе сонувате како е се идеално, и како би било убаво на вас да ви се случи истото, а не да гледате што всушност ви се случува на вас и на вашите блиски...нема спас за вас. штета е само, што освен вас, на тој начин на размислување губи и целиот македонски народ.
што се однесува до тоа кој е најдобар филм, за мене несомнено е Тетовирање, кој ми е гледан безброј пати, и кој веќе го знам речиси на памет...од останатите филмови, речиси сите ми се гледани, и меѓу подобрите би ги одвоил: сенки, викенд на мртовци, самоуништување, илузија, среќна нова 49, балканкан итн итн.
ги прочитав сите постови на темава и имам да кажам неколку работи. за сите тие што не ви се допаѓаат македонските филмови, знам која ви е маката - изамериканизарине сте. што значи тоа? тоа значи дека од гледање холивудски филмови, кои се лесно читливи, во кои знаеш што отприлика ќе се случи и кои едноставно, дури ги гледаш ти го оставаат мозокот да ти спие, па дури и исто ти е дали си го преспал, или си го изгледал, затоа што на крајот на филмот пак исто ќе ти остане во меморијата...ќе го паметиш некое време, а после кога случајно ќе го гледаш пак, и нема да ти текне дека си го гледал. секоја чест на американските филмови кои имаат одлична сторија, не се толку лесни за разбирање и освен што те воодешуваат и ти остануваат во сеќавањето, но другите се исклучиво правени за американскиот пазар, односно за тие глупаци што ништо не би можеле да сфатат.
е сега, кога вие, што велите дека македонските филмови се тапа, ќе изгледате еден филм од типот на тетовирање или сенки, бидејќи сте навикнати да го изгледате филмот и веднаш се да ви биде јасно, овие нашите не ви се допаѓаат. затоа што тука треба и да размислиш, да го гледаш концентрирано, да сфатиш за што се работи. па ако сакате да станете како американскиот народ, би мај гест. јас ќе си гледам македонски филмови, ќе се мачам ако треба за да го сфатам, ама барем ќе знам дека сум гледал некоја приказна која има смисла, а не некои идеални работи кои на никој жив никогаш нема да му се случат. најмногу ме нервира фактот, што, таквите како вас, кога ќе им се спомне гледање на некој македонски филм, веднаш го одбиваат тоа со едноставно образложение - ајде бе, македонски филм каков може да биде???? ако сакате да гледате филмови за кои после ќе сонувате како е се идеално, и како би било убаво на вас да ви се случи истото, а не да гледате што всушност ви се случува на вас и на вашите блиски...нема спас за вас. штета е само, што освен вас, на тој начин на размислување губи и целиот македонски народ.
Ова болдираново ти е 99% од македонскиве филмови. Сите македонски филмови се (скоро) иста тематика, иста содржина, ист почеток, иста средина, ист крај.
Си го гледал Мементо? Да почнам да правам листа?