831
רַב אושר של חוכמה
- Член од
- 8 ноември 2009
- Мислења
- 7.012
- Поени од реакции
- 12.682
- Возраст
- 43
Да, Daedalus е.
И ти ко Боди со таа скромност, таленти за вербална експресија и нивното отсуство.
Иам за тоа баш тема отворено. Додека немаш афазија поради сериозно пореметуење на Брока/Вернике, најчесто (иако има варијации у „талент“, од човек до човек, поради природни инклинации, најчесто у рамките на нормалата), отсуството/присуството на богат вокабулар и експресивен вербален апаратус е питање на тренинг, читање книги и вежбање критичко размислување и аргументација. Ја иам проприлично добар дел од животот посветено на тоа, пишување кратки раскази (со многу курсеви за стилистика), вежбање критичко размислување и ред други работи. Најчесто, проблемот кај повеќето кои тврдат дека немаат „талент“ за вербална експресија или физика/хемија/математика, е малата самодоверба. Ова често ми се дешавало со ученици кои сум ги учел хемија, физика или математика, па сме ги надминуеле тие психолошки пречки за да видат дека можат.
Има една добра книга што би ти ја препорачал, а и написов.
Агапе! <3
п.с. Пиши кога ќе наминуеш накај Скопје, да здрвиме кафе некое и да зборуеме за Кабала!
Значи точно сум претпоставил. Те препознав по стилот, масакар правиш со интересни прашања накитени со богат вокабулар.
Точно е за слабата самодоверба а тоа можеби е резултат за екстремната самокритичност која е резултат на други фактори од минатото.
Би сакал да се појави можност да се видиме, има човек многу што да научи од конверзација со тебе најмногу поради искрениот пристап и критичкото размислување.
Еднаш си реков дека Кабала само ќе учам и нема да ја разговарам, ама може ќе ме премислиш
