111 години од пишувањето на првото поглавје на законот и почетокот на новиот еон на Хорус.
Liver Al gel Legis I:
13. Јас сум над вас и во вас. Мојата екстаза е во вашата. Мојата радост е да ја гледам вашата радост.
22. Сега, значи, јас сум ви позната по моето име Нуит, а нему по тајното име што ќе му го дадам кога конечно ќе ме спознае. Бидејќи сум Бескрајна Вселена и Безбројните Ѕвезди во неа, правете и вие така. Не ограничувајте ништо! Меѓу вас нека не се прави разлика помеѓу едно и кое било другo нешто; Оти оттаму следува болка
29. Зашто јас сум раздвоена заради љубовта, за можноста на соединување.
30. Тоа е создавањето на светот, болката на раздвоеноста е како ништо, а радоста на растопувањето сѐ.
57. Призивајте ме под моите ѕвезди! Љубовта е закон, љубов под волја. И не дозволете им на будалите погрешно да ја сфатат љубовта; зашто има љубов и љубов. Постои гулаб, и постои змија. Одберете добро! Тој, мојот пророк, одбра, познавајќи го законот на тврдината и големата мистерија на Божјата Куќа. Сите овие стари букви од мојата Книга се правилни; но צ (Цади) не е Ѕвездата. Тоа исто така е тајна: мојот пророк ќе им ја открие на мудрите.
58. Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта; мир неискажан, одмор, екстаза; ниту пак барам некакви жртви.