Филозофија или Религија?
Временски определена или безвременска(what after the Eon of Horus)?
Will or whim?

Иницијација во одредени кругови за здобивање титула "Телемит" или слободно себепрогласување за таков?
Должност кон Законот(Liber Al) или апсолутна слобода на Волјата?
Дали Законот е за сите?И дали секој може да ја осознае сопствената врховна Волја?(Не би сакал да се сведеме на христијанскиот дебилизам дека немите луѓе ќе одат во пеколот затоа што неможат да се исповедаат)
SUKON...will you be kind?
93
После Еонот на Хорус, Хрумакис ќе го заземе неговото место (за неговиот Еон не можам ниту се осмелувам ништо да претпоставам, ваков каков што сум неук...
Постојат луѓе кои никогаш не чуле за Кроули, ниту за Телемата а уште помалку за Книгата на Законот а живеат потелемитски и од некои иницијанти(значи никаква титула тебе нема да ти помогне ако си со главата во песокот, песокот на Озирисовиот Еон и упорно не ја подигаш главата(или Еонот на умирачките богови)
Законот всушност и ја прокламира Апсолутната слобода на Волјата.
Да! Законот е за сите и секој може да ја спознае сопствената врховна Волја (прочитај го мојот потпис)...секој може да постигне степен на "Божественост"...Ако Исус би бил (ова хипотетички на квадрат) член на О.Т.О. отприлика би бил 7 степен...значи во секој од нас има латентен потенцијал за изведување на Големото Дело...Тоа низ вековите биле најстрого чувани тајни кои се пренесувале низ херметички редови на тесен круг на луѓе, но Кроули им рекол(само парафразирам(поздрав до Братот Б)): Кој ве ебе вас и вашите тајни, еве ги сите разоткриени.
Прави што ти е Волја и тоа нека биде цел закон
Уште некои прашања со одговори:
Каков е односот меѓу Ordo Templi Orientis и Wicca?
О.Т.О. не е Wicca-нска ниту Паганска организација. Сепак, членството во О.Т.О. не е неспоиво со Wicca или Паганизмот. Џералд Гарднер, кој општо се смета како заслужен за воспоставувањето на модерното Wicca и кој го сковал тој термин, бил под длабоко влијание на Кроулиевото дело и бил иницијант на О.Т.О. Бројни членови на О.Т.О. исто така се сметаат себеси за Wiccani.
Каков е односот меѓу О.Т.О. и Слободното Ѕидарство?
О.Т.О. на почеток беше асоциран со одредени европски ритуали на Слободното Ѕидарство, но одамна е одвоен од самото Масонство. Членството во О.Т.О. е компатибилно со членството во повеќето Масонски организации.
Дали О.Т.О. е религија?
Не, О.Т.О. е религиозна организација и магиско братство кое работи во рамките на поширокиот контекст на спиритуалната филозофија позната под името Телема, која технички може да се смета за религија.
Јас сум Будист/Wiccan/Католик/Баптист/Друид и т.н. Дали можам да останам таков и да се зачленам во О.Т.О.?
О.Т.О. не наметнува ограничувања на верувањата од своите членови или на низните здружувања со други организации кои не се обидуваат да ги прекршуваат правилата и дејствувањето на О.Т.О. Сепак од членовите со висок ранг се очекува да избегнуваат учество во други групи кои би му го одзеле времето и енергијата што треба да ја посветат за исполнување на обврските од О.Т.О.
Дали Алистер Кроули беше сатанист?
Алистер Кроули беше систематски и научен истражувач на религиозните практики, техники и доктрини. Како таков тој изведуваше посветени вежби на Сатаната исто како и на Исус Христос, Девица Марија, на разни божества од Египетските и хиндуистичкиот пантеон, на Јехова како и на Алах. Во едно време или еден друг Кроули беше Атеист, Политеист, Монотеист, Будист и Паган. Во 1904 год. тој стана Пророк на Новиот Еон и основач на религиозното, магиско и филозофско движење наречено Телема, преку примањето на Либер АЛ вел Легис, Книгата на Законот.
Прави што ти е Волја и тоа нека биде цел закон
П.С. на коментарите во смисла дебилизам, гравче или стар англиски не планирам да реплицирам, ако на некого не му се допаѓа темава, слободно нека ја заобиколи.