Денешниот пост ќе го почнам со тоа од кога и каде се почетоците на тифо културата во Кавадарци,односно кога се почетоците на првите организирани собири на групи кои навиваат. Ох тоа е малку назад во годините али колку што се сеќавам ,а тоа зависи и од мојата возраст на тие години кога во Кавадарци ечеа песни за ФК ТИКВЕШ!!!
Да така е мислам како што ми навираат мислите во текот на пишувањето,првата група со закачен траспарент на градскиот стадион во Кавадарци е РЕТКИ БИЛКИ и со тоа започна организираното навивање во Кавадарци. А не дека пред тоа дека не постоело. ФК. ТИКВЕШ бил високо рангиран во тогашнат југословенска втора лига па за тоа време значело доста па во држава (федерација) како што била Југославија Тиквеш котирал доста добро,како што имам слушано од постарите љубители на ТИКВЕШ. Уште во тоа време имало патување од страна на наши граѓани по цела Југославија за да се следи Тиквеш.
За покасно во деведесетите пред и по распадот на Југославија кога низ секаде се шири тифо треската со која е зафатено и Кавадарци. Тогаш е оформена и навивачката група ЛОЗАРИ која постои и денес и ке се обидува да пости и во иднина.Името ЛОЗАРИ е каректеристично за овој регион по дејноста на најголем дел на нашите граѓани па не е срам да се носи туку тоа е нашата гордост.Групите во тој период во Македонија беа доста бројни речиси секој град имаше своја навивачка група (аеродром беше нива во тој период а да не зборувам за навивање) па се случуваа доста гостувања низ Македонија, жестоки дуели помеѓу некои навивачки групи сега нема да спомнам кои ни биле ривали или со кои сме се подржувале зашто се работи за историја.Да тоа е ИСТОРИЈА и останува така , кога се случувало цел исток да биде полн кога во Кавадарци поминуваа доста лошо ривалсите групи.
Обележјата и бојата на ЛОЗАРИ-ИСТОК од секогаш беше црвено бела кои се и боите на ФК.ТИКВЕШ а и боите на нашата општина боите на општинското знаме. Но и покрај навивачката група која имаше свое одредиште позади голот целиот стадион во Кавадарци со цела публика беше навивачки настроена, и беше подржуван со навивање ТИКВЕШ, за тоа говореа и некои статистички податоци подоцна кога опадна гледаноста на фудбалот во Македонија тиквеш имаше најбројна публика без разлика дали е на горниот или долниот дел од табелата. Но подоцна од страна на ФСМ се донесе одлука со која се забранува на клубовите за организирано носење на своите навивачи со што се спласна тифо треската и распадна фудбалот.
И во текот на овој период следеше тешката транзиција кој го следи нашево општество и до денес па со тоа почна да тоне фудбалот и другите спортови.
Клубовите се соочуваа со финансиски кризи, кои беа фатални за некои од нив и на крај не можеше да издржи ни Тиквеш.ПРОПАДНА.Но тоа е!
Сега моментално градот е во експанзија што се однесува на економски план па така ете се собира сили Тиквеш да се врати таму каде што треба да е!! Секогаш на врвот!!
Следуваше период на спортска штама во градот со тоа изостанаа генерациите на навивачи во градот преминаа во фаза на постари луге со тоа згасна периодот на тифо културата во градот. НЕМА СПОРТ НЕМА НАВИВАЊЕ!!! Но сеуште од таа генерација на ЛОЗАРИ еве ги денес доаѓаат и навиваат и кои заслужуваат пофалба БРАВО МОМЦИ. Ќе ги споманам постарите Здраве, Зизи, Тони и др.
А да заборавив да го споманам периодот на КК ОРКА , но не сакам да се присетувам на тоа фиаско кое траеше 1 година од страна на ИДИОТОТ. ОРЦЕ КАМЧЕВ кој го смени името во Орка а се обидуваше и името на навивачката група да биде Орковци-ИДИОТ. Испра некои пари за една година и го остави клубот на цедило. Тука беше и женската кошарка во период кога се изгради спорската сала ''Јасмин'' , ТИКВЕШ-ФЛОРИДА кои беа шампионки на македонија . По фиаското на Камчев сега клубот е во добри раце се надеваме и дека така и ќе остане КК ФЕНИ е наша гордост во градот со шампионска титула и со освоен куп итаме напред . Се реоформија Лозари и за краток период се во одлична состојба со што закрепнува тифо културата од раните нанесени од периодот кој следеше. Се враќа полека бројот на луѓе кои се почесто доаѓаат на утакмици и на гостувањата низ МК а допрва ке следи период кој ке ја врати во вистинско светло навивачката група..... ЛОЗАРИ ИСТОК!!!!!