Скопје има модерен mall уште во времето кога цел Балкан, па и вие доаѓавте да пазарите од него, а моите колеги балканци, да се восхитуваат на неговата архитектура. Си имаме ние историја со висококвалитетни модерни трговски центри.
Ова овде, нит сум слушнал дека ќе се гради, нит знам кај е локацијава... Налик „велелепниот“ ни Рамстор, не очекувам да излезе некоја убавина од него - за сјај...само за тоа ги бива балканските „фенси“ архитекти - за краткотраен ентериерен сјај. Така да, не се сомневам дека и ова ќе ја поседува таа карактеристика.
Според рендерите дадени на странициве твој, сепак гледам некакви квалитетни знаци - конструкции за зенитално осветлување, голем процент на транспарентност и дематеријализација, а сепак прилично смирен волумен. Добро познатотот спротивставување на вертикалата во однос на хоризонталата, и овде не ја промашила својата функција.
Се надевам дека ако ова некогаш се изведе, ќе биде барем приближно доследно на графичкиве прилози.