Пред некој месец, летото во парк, дремев на Фонтана и пиев пиво кога до мене се насобраа една група млади луѓе и зборуваа на јазик од кој ми полазија морници . Ги гледав со некои антимилитаристички и антинационалистички беџови, плус анти нато и еу маици и по некој беџ со don't you fyrom me, си викам wtf . Ми удри еден oд нив муабет за музика и го прашав од каде се, ми рече Грција ( без префиксов даден од Кајгана

) и одма вроденото во мене за тој збор, ми дојде нагон на повраќање, Дечкото се изнасмеа и почна да ми објаснува зашто се овде,беа анархисти и дојдоа да го подржат протестот организиран od некои
млади дечки од Земјава кој ако не се лажам беше против влезот во ЕУ и НАТО .
Почнавме да зборуваме за спорот со името кој за нив е апсурден и е плакнење очи на наивната грчка маса, за нив ние сме Македонци, името на нашата земја е Македонија и да, постои Македонско малцинство во Грција, eдноставно не ми се веруваше дека истово ке излезе од устата на грк .
Низ муабетот ми рече, во мал број сме, ама доволно за да се крене револуција, слушај ме, еден ден и тоа ке биде . И не обрнав внимание на истото иако неколку дена покасно начекав на вести дека група Анархисти низ Грција ограбувале продавници и делеле храна на сиромашните, истото ако не се лажам и тука беше објавено. Колку и да гледав песимистички на неговите зборови дека еден ден Грција ке гори, денес сум тотално демантиран, ова e еден вид на модерна Револуција и истата е подржана од моја страна .
Eве дел од линкот погоре за новонастанатата ситуација во Грција
Солун е наш! - рекоа анархистите
Интегрално пренесувам мејл од другар, добиен во среда попладне:
Денес е првиот “мирен” настан последниве пет дена (собирот на синдикатите и маршот на СИРИЗА - коалицијата на радикалната левица). СИРИЗА ги демантира обвинувањата на владата и сталинистите кои не обвинуваат дека ги с’скаме анархистите: не поддржуваме кршење, но тврдиме дека грчкото општество мора да најде одговор зошто толку луѓе се здадоа на кршење и палење после убиството на ученикот.
Секој ден инаку има борба со џандарите низ целата земја, фашистите под секакви изговори ги напаѓаат анархистите во големите градови. Милиони луѓе се убедени дека џандарот го уби ученикот намерно. Меѓународниот печат многу подобро ја разбира ситуацијата отколку главните грчки пратии - овој револт е поради репресивноста, кризата и корупцијата на грчката влада. Премиерот се мисли да го активира членот 11 од Уставот (забрана за собири и маршеви поради општествено-економски причини, и барање за помош од соседните земји).
СИРИЗА има политичка улога: Алаванос (лидерот на пратеничката група на СИРИЗА) дека ако не се приклучиме на големиот настан, секој што ќе му текне ќе крши и пали што ќе резултира народот во Грција да се исплаши и да стане екстремно кознервативен.
Па Александрос, другаре, почивај во мир, твојата крв не е залудно пролеана .
.Зошто мечката игра кај комшијата а можи и да се префрли и кај нас.Не сакам Скопје да го гледам искршен и запален(или кој било друг македонски град).Анархистичкото движење не е развиено во Македонија ама има други кои со задоволство би го пополниле тој вакум.
Уште сега ги гледам натписите по дневниве весници, Скопје е Наше - рекоа Кајганџии

.
p.s. Се согласувам со цитатот погоре .