Македонија има шанса да произведува оклопен транспортер

  • Креатор на темата Креатор на темата vone
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Локација
Тука негде наоколу
bt.jpg
Македонија се наоѓа пред голема шанса за производство на сопствен оклопен транспортер. Предлог-проектот веќе е доставен до Владата и доаѓа директно од украинската влада и се однесува на изградба на фабрика за производство на оклопен транспортер во Македонија. БТР-4 „Букефал“ официјално е регистриран како македонско-украински транспортер, бидејќи во неговиот развој учествувале и група македонски инженери. Во почетокот транспортерот само би се склопувал во државава, а подоцна дел по дел би се преземало и производството на одредени делови. За „Букефал“ интерес веќе пројавиле армиите од регионот - Србија, Босна и Херцеговина, Албанија... Дали ова ќе се оствари ќе зависи од Министерството за одбрана и неговата одлука за кој транспортер ќе пресече. Во конкуренција покрај украинско-македонскиот транспортер ќе бидат и финскиот „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарскиот транспортер „Пирана“.

Од канцеларијата на вицепремиерот Зоран Ставревски не добивме мислење за овој проект, додека Зоран Коњановски, министерот за одбрана, вели дека проектот се анализира.

- Ова е првокласен транспортер, двојно поевтин од другите и ќе отвори нови работни места во двете исклучително пријателски земји - вели Витали Москаленко, амбасадорот на Украина во Македонија.

Се предвидува во почетокот да се отворат стотина работни места. Фабриката за склопување би можела да се изгради за 9 месеци.

Министерството за одбрана, во согласност со барањата на НАТО до крајот на 2009-та, треба да набави 30 нови транспортери, а до крајот на 2015 македонската армија треба да има 80 нови транспортери.

БТР-4 „Букефал“ е транспортер правен врз основа на легендарниот руски транспортер БТР-80, кој веќе десетина години го користат АРМ и МВР. Проектот го образложува Димитриј Александровиќ Перегудов, директор на фабриката „Укрспецекспорт–Укринмаш“.

- На проектот работеа околу 70 луѓе. Се решивме да работиме со Македонија затоа што таа е една братска и пријателска земја, со која речиси сме соседи. Ни одговара и тоа што менталитетот, но и ситуацијата во двете земји се слични. Нам стара Европа не ни помага. Мораме сами да си помогнеме. Направивме одличен транспортер и сакаме со помош на Македонија да ги освоиме балканскиот и светскиот пазар - објаснува Перегудов.

Јовица Ѓуричиќ е еден од македонските инженери што учествувале во развојот на „Букефал“, воедно, сопственик на скопската фирма „Специјална опрема Скопје“ (СОС).

- БТР–4 „Букефал“ е модерен оклопен транспортер, кој е направен да ги задоволи сите потреби на современите армии по НАТО-стандардите, истовремено зачувувајќи ги сите добри карактеристики на семејството транспортери од типот БТР. Украинските конструктори од фабриката „Морозов“се познати како конструктори на легендарниот советски тенк „Т–34“ од Втората светска војна. Таа школа на конструктори и денес работи на конструирање, модернизација и производство на оклопна техника од најразлични профили, не само за потребите на украинската армија туку и на многу други армии низ светот. Во таа смисла уште одамна се зафатија со нови разработки на БТР–80, кој сè уште е еден од најдобрите и се наоѓа во состав на многу светски армии. Од таа разработка произлезе одличниот БТР–3, кој е продаден и успешно се користи во неколку земји во светот. Стремежот на Украина за влегување во НАТО, поставените задачи за компатибилност со НАТО и имплементирање на важечките стандарди на НАТО во оваа област доведоа до производство на нов транспортер БТР–4. Во таа фаза пред неколку години се приклучи и стручниот тим на македонската фирма СОС, со задача на целосно вклопување на транспортерот во барањата на НАТО-земјите и понатамошна комерцијализација на пазарите што порано не беа својствени на „источната“ техника. СОС преку договор за заедничка работа и комерцијализација е поврзан со своите украински партнери „Морозов“ и државната компанија „Укрспецекспорт–Укринмаш“ од Киев и заедно со нив ќе го нуди овој производ. Ќе настапиме на најголемиот светски саем на вооружување и воена опрема идната година во Абу Даби - вели Ѓуришиќ.

Покрај Македонија, според официјалните податоци од министерствата за одбрана на балканските земји, набавки на транспортери планираат и Србија, Албанија, Црна Гора, Бугарија и Романија.

„Букефал“ рамо до рамо со најдобрите

Перформансите на БТР-4 веќе биле тестирани на полигоните во Украина. Според Перегудов, „Букефал“ е рамо до рамо со најсилната конкуренција, како финската „Патриа“, австрискиот „Пандур“ и швајцарската „Пирана“.

- Нашата најголема предност е цената. „Букефал“ ќе чини приближно еден милион евра, додека другите не се поевтини од два милиони евра - вели Перегудов.

„Букефал“ има погон 8 х 8. Тежината му се движи од 17,5 до 23 тони во зависност од нивото на оклопна и противминска заштита. Посадата ја сочинуваат возачот, командирот и операторот–нишанџијата и има можност да превезе десантно одделение од 6 до 8 војници. Покрај заштитениот транспорт, одделението може и да дејствува од внатрешноста со личното вооружување. Возилото, покрај греење и климатизација, е опремено и со уред за заштита на посадата и војниците во случај на хемиска или нуклеарно-биолошка опасност. „Букефал“ има можност и за активно учество во боеви дејства. За таа цел е опремен со боев модул „штурм“ (купола со вооружување, која се наоѓа монтирана на горната страна). Модулот е без посада со телевизионо дистанционо управување од страна на операторот, кој седи во внатрешноста на возилото и командирот. Вооружувањето се состои од топ со калибар од 30 милиметри, спрегнат митралез со калибар 7,62 мм, автоматски фрлач на гранати со калибар од 30 мм (опција 40 мм) и против оклопни ласерско водни ракети „Бариер“. За заштита и маскирање е предвиден фрлач на чадни кутии. Модулот е опремен и со модерна оптоелектроника од француската компанија „Сажем“. Модулот содржи дневно–ноќни камери, термокамера, ласерски мерач на далечината, ГПС-уред и многу други софистицирани „ситници“. Возилото е опремено и со современ систем за комуникација од американската фирма „Харис“, што овозможува комуникација и содејство со другите единици од разни земји-членки на НАТО. На уреден пат може да се движи со брзина од 110 км/час. Конструкцијата овозможува и совладување водни пречки со пливање без никаква претходна подготовка со брзина до 12 км/час.

http://www.novamakedonija.com.mk/De...=2&fCat=1&EditionID=258&top=1&ArticleID=13158
 
Го прочиатв денес текстот во весник и мислам дека не треба да се игнорира оваа идеја. Треба да се размисли убаво и ако е исплатливо, нормално да се зафатиме за работа...
 
Го прочиатв денес текстот во весник и мислам дека не треба да се игнорира оваа идеја. Треба да се размисли убаво и ако е исплатливо, нормално да се зафатиме за работа...
Исплатливо е и тоа како под услов да си квалитетен, со прифатлива цена и да ги запазуваш роковите на испорака.
За луѓе способни за оваа ппроизводство не треба да се бере гајле, ги имавме најдобрите во бившата ју, опремен објект имаме, само договор и желба за работа треба.
 
Македонска фирма учествуваше во производство на тенк Т-84,ама практично пропадна со распадот на Југославија.Денес се останати производствените погони,работниците со години немаат платено придонеси,плати и заборавиле како изгледаат,а половина од нив се веќе покојни.Инаку фирмата сеуште е со мнозински државен капитал а со најновите мерки на владата која неплатените придонеси ги префрла во траен удел,ќе стане уште повеќе државна.Во производството на воена опрема има голема конкуренција а успех покажаа многу Бугарски фирми кој своето производство го пренаменија во ловно-туристичка опрема со малку посовремен дизајн.Транспортерот би можел да се доработува во Македонија но за тоа треба да се има желба кај владата во чија сопственост премина скоро целата фирма која единствено може да одговори на таквата понуда.Инаку фирмата се викаше “11 Октомври“ од Прилеп,која колку за пример успешно заврши еден тендер со доопремување на веќе постоечките транспортери во АРМ и беше извонредно поволно оценета од релевантни фактори.Токму затоа Украинците типуваат на Македонија.:toe:
 
Ако ме прашуваат мене јас би рекол дека веднаш можат да почнат да се подготвуваат за производство. Владата и надлежното министерство треба многу озбилно да ја разгледаат оваа понуда (или веќе ја разгледуваат). Само едно нешто сакам, нека навистина со чесни намери се ангажираат сите за да не испадне и ова само една обична новинарска вест и фрлање на лажна надеж на нас, а повеќе на оние што директно можат да придонесат во овој проект дали како инжинери или обични работници. Дајте еднаш работава се заврши како треба и наскоро ова навистина стане Македонска гордост “Букефал“.:smir:
 
Не треба да се брза со договорот бе,транспортерот со 8 тркала е непрактичен и воопшто не одговара на намената за која е направен.Таквиот концепт се отфрла од вооружувањето на многу земји,значи практично стана прегломазен за употреба и го купуваат единствено оние кој не знаат кој тип на оружје одговара на потребите од денешниот начин на урбано војување.Далеку подобар е концептот за производство на транспортери со 4 тркала кој се покажа дури и 80% попрактичен и поефикасен во реалноста па сходно на тоа и е се повеќе баран на пазарот.Страшно е доколку Украинците се обидуваат да се оттарасат од застарениот и непрофитабилен модел,додека кај себе ја воведат новата концепција со 4 тркала.Данокот за промашена инвестиција пак ќе го плати Македонија,овојпат со намерно инсценирано име Букефал,кој бил со 4 нозе а не со 8,колку за споредба.:smir:
 
Затоа и реков јас, не сум компетентен и стручен, но како лојален граѓанин и патриот сакам да се заврши работата како што треба земајќи ги во предвид сите стручни мислења. Иако нетреба да се исклучи и финансиската добивка од оваа зделка. Сепак дали Букефал бил на 4 или овој на 8 “нозе“ е помалку битно од успешноста на проектот со сите нишани. Моето мислење го градев само врз основа на текстот понуден во оваа тема во кој прочитав многу позитивни критики за оправданоста на овој птоект. Но нели повеќе глави подобро мислење и нека навистина крајниот проект нека биде успешен за нас. :helou:
 
Ја разбирам твојата загриженост како и мојата,да допринесеме нешто за Македонија,но сепак треба барем малку внимателност кога во ваква голема инвестиција се вложуваат и државни средства кој можат да се инвестираат попаметно и би биле попродуктивни.
Понудата треба да се разгледа но внимателно со сите аспекти на нејзината ефикасност и исплатливост без да се брза ,и да се гледа како шанса која никако не треба да се пропушти.
 
Се разбираме на твоја страна сум :helou:. Со среќа нека овој проект биде направен така како што треба на крај сите да бидеме задоволни. Ние како граѓани, власта како интересент, а непосредните произведувачи и работници како добро “офајдени“ и платени. :helou:
 
Hmmm...interesna vest, no prvo treba da se vidi komu ke se prodava...??
Inaku nema potreba da se gradi nisto nova za ova...se ima... :) i luge i resursi..proizvodni...
Trebaat samo PARI i BUDALI...citaj KUPUVACI :)
Koga dobro ke pomislam....nema nisto od ova .....vo Makedonija od strana na GLOBALISTICKITE schweine, veke se sotreni nekolku takvi proekti :)
 
Не треба да се брза со договорот бе,транспортерот со 8 тркала е непрактичен и воопшто не одговара на намената за која е направен.Таквиот концепт се отфрла од вооружувањето на многу земји,значи практично стана прегломазен за употреба и го купуваат единствено оние кој не знаат кој тип на оружје одговара на потребите од денешниот начин на урбано војување.Далеку подобар е концептот за производство на транспортери со 4 тркала кој се покажа дури и 80% попрактичен и поефикасен во реалноста па сходно на тоа и е се повеќе баран на пазарот.Страшно е доколку Украинците се обидуваат да се оттарасат од застарениот и непрофитабилен модел,додека кај себе ја воведат новата концепција со 4 тркала.Данокот за промашена инвестиција пак ќе го плати Македонија,овојпат со намерно инсценирано име Букефал,кој бил со 4 нозе а не со 8,колку за споредба.:smir:

Ova sto go tvrdish mozhe i da go potkrepish so nekolku referenci/linkovi?
 
I jas bi sakal da go cujam odgovorot na prasanjeto na Silen za neprakticnosta na borbenite vozila na 8 trkala :).Zosto togas vlefuva vo upotreba Strykerot(kompletnata armija na SAD novata doktrina ja bazira na tn Stryker brigadi)PAtriata(Slo hrvatska finska polska i uste nekoi zemji)BTR 90...

Inaku se ubavo kaj transporterov ama ne kazaa nisto za pogonot,balistickata zastita i pred se ima li koj da go kupuva?Ubavo bi bilo nas prozivod no ne vo stilot samo ke se sklopuva.Ako ostaneme samo nie ii ukraina korisnici togas se ke se pretvori vo logisticki kosmar.Ke nema delovi ke treba da gi nosime na servis te vo Sagem za elektronika te vo amerikanskava za radiata.....
BTW mislam deka MO se dogovori so Hrvatska da vrz baza na nivnite testiranja i ARM da go odbere noviot transporter a toa ke da e PATRIA.DOkazano vozilo vo site uslovi.DA potsetam slovenija proizveduva model na Pandur no povtorno ja odbra Patria za svojata armija.U ubavo spomna nekoj da ne brzame oti moze da e samo nekoj evtin trik.....
 
I jas bi sakal da go cujam odgovorot na prasanjeto na Silen za neprakticnosta na borbenite vozila na 8 trkala :).Zosto togas vlefuva vo upotreba Strykerot(kompletnata armija na SAD novata doktrina ja bazira na tn Stryker brigadi)PAtriata(Slo hrvatska finska polska i uste nekoi zemji)BTR 90...

koga go spomna....
stryker_mc_2_of_3.jpg

no toa e drug vid masina...poveke e nesto kako boen brod-dredont na suvo :) i raka na srce ne mu e ni do kolena... sporedeno cena/osobini na BTR-to..:)
 
Хм... Вака делува итересно. Доколку се нафатат да нарачаат пр. Албанија, Србија, Хрватска, може да се размислува на производство. Ако не... кому би го продавале? А од друга страна, неможеш да ја споредиш бобрената моќ и силата на возило што има 8х8 погон со некое на 4. Ова е поголемо, има далеку повеќе простор за превоз на луѓе, опрема и сл. Сигурно има и поголем мотор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom