Мозаик за Тоше во Спомен Куќата во Крушево

  • Креатор на темата Креатор на темата Tosevska
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
2 декември 2008
Мислења
33
Поени од реакции
2
По повод годишницата од .. смртта на Тоше, како модератор на интернационалниот Фан Клуб на Тоше, изработив еден мозаик составен од многу слики на обожаватели на Тоше кој дел од членовите од Македонија го однесоа во Крушево.Еве ви слика од мозаикот кој го доби и Калиопи од членовите на Фан Клубот кога ја имаше промоцијата на својот Хрватски албум во Загреб.

26112008kal20eu2.jpg
http://forum.kajgana.com/editpost.php?do=editpost&p=1939235

Еден од архитектите на Спомен Куќата е истотака член во нашиот фанклуб и беше воодушевен од плакатот. Тој, заедно со останатиот дел на тимот на архитекти кои ќе работат на Спомен Куќата ме прашаа мене дали би сакала да направам исто таков мозаик кој ќе биде изложен во истата.

Сега, тука се работи за огромен мозаик (4м. х 2м.) и за да сето тоа изгледа убаво, како што заслужува нашиот Тоше, ќе ми треба вашата помош.
Секој кој сака да биде дел од мозаикот треба да ми испрати своја лична фотографија (мин. 500kb во .jpg format) на mozaik.tose@gmail.com.


Се надевам дека и вие ќе учествувате во ова.

Голем поздрав,
Елена

Некој?:toe:
 
Јас ќе ти пратам утре, бидејќи денес немам немам ништо при рака.
Браво за трудот и за делото ... навистина е прекрасно. Се надевам дека повторно ќе успееш, ќе најдеш тука доста луѓе кои ќе сакаат да ти помогнат. Се` најдобро.:smir:

едит: Темава ќе ја поставам како важна, за да ја видат повеќе форумџии.
 
Одлично сработен мозаик.
Јас моментално во компјутеров немам слика ама сигурно ке пратам наредниве денови.
Одлична идеја за изработка на вториот дизајн.
 
а бе убаво е тоа што ке го прават луѓето во крушево, ама тоа ке ја разрани раната на нивните родители кои го изгубиле нивниот син, па неговите родители никогаш нема да ја излечат раната која настанала од губењето на нивниот син
 
а бе убаво е тоа што ке го прават луѓето во крушево, ама тоа ке ја разрани раната на нивните родители кои го изгубиле нивниот син, па неговите родители никогаш нема да ја излечат раната која настанала од губењето на нивниот син

Раната и во пештера да живеат до крај на живот нема да се излечи. А споменот на Тоше како еден од најзначајните Македонци на почетокот на 21-от век може единствено да ги направи горди на синот што го одгледале, имале - и син кој вечно ќе живее во спомените на сите нас. Ублажување на болка.

Да прашам и јас што праша и Апо:
Димензии за слики?
 
Веројатно нема ограничени димензии, уметникот ќе си ги среди фотографиите по своја потреба.
 
Нема димензии.. само да бидат потешки од 500 кб во јпг формат :)
Дивајн благодарам што ја постави темата ко важна :smir:
 
Добро сработено Tosevska Ке видам што можам да изработам неам слика на компјутер сеа
 
Веднаш ке ти пратам слика..
Инаку браво за идејата и за одлично изработениот мозаик:smir:
 
Им благодарам на сите кои испратиле слики. Ако знаете некој што исто така би сакал да биде дел од мозаикот запознајте го со сето ова за да и тој има шанса да учествува. Ако имате дозвола можете и заедно со вашата слика да пратите слики и на вашите најблиски и пријатели.
 
Им благодарам на сите кои испратиле слики. Ако знаете некој што исто така би сакал да биде дел од мозаикот запознајте го со сето ова за да и тој има шанса да учествува. Ако имате дозвола можете и заедно со вашата слика да пратите слики и на вашите најблиски и пријатели.

значи било каква наша слика (не некоја заедничка со тоше) да се осигурам пред да пратам:kesa:?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom