Добро, спомнав "отприлика" и "нешто во тој стил". Значи не ми беше поентата да вадам дефиниции за што е љубов, туку ми беше нејасно што претставува зборот "вистинска" и сакав да прашам дали предмет на дискусија е тоа што јас го сметам за вистинска љубов, или "вистинска" има некое друго, пошироко значење, и ми беше нејасно дали вистинската љубов подразбира вечна љубов.
А тоа дека еднаш вистински се сака, не знам баш... А не знаеш ни ти. Од каде знаеш што ќе ти се случи следно во животот? А пред да сакаш вистински, си знаел дека ќе ти се случи тоа? Епа, не. Нормално. А само еднаш ќе сакаш вистиски ако се уверуваш себе дека тоа е така! Можеш да сакаш и повеќе пати, без да мислиш дали тоа е вистинско или не. Без да се уверуваш себе во работи што однапред си ги утврдил. Тоа едноставно се чувствува.