Ок ти е забелешката ама и полициската ароганција не е за потценување кога станува збор за прекршоци. Еве ја приказната која ја напишав и која ја видов со свои очи.
Стојам на семафорот пред Мавровка, денот пладне, гужва невидена. Пред мене полициски крајслер а светлото на семафорот црвено. Одкарши на другите семафори приоѓа девојка се врти лево десно, нема возило, и преоѓа пешачки на црвено. Полицискиот крајслер како од катапулт поаѓа на “црвено“ преку раскрсницата и на тротоарот за пешаци се паркира. Од крајслерот излегува полицаец ја стига девојката и бара легитимација. Сцена како на филм за која жалам што немав камера на телефонот да ја снимам а и да имав ке немав време да го направам тоа. Приказнава ја пишувам поттикнат од многуте слични ситуации кои можеме да ги видиме низ градов а кои се дело на полициската ароганција. Баш би сакал да чујам ваш коментар во врска со приказната т.е. колку тоа исправно постапија полицајците кога вршејки ја “должноста“ ја загрозија безбедноста на десетици други учесници во сообракајот.
поздрав..[/quotе]
Правилно е да се чека на пешачки премин дури не светне зелено,има нема автомобили треба да се чека,тоа е општа култура во европските земји,додека кај нас повекето не го знаат тоа а камоли да го почитуваат,ке погледнат-нема кола и ај...а за што стои тогаш семафорот кога никој не го гледа?
Во право се полицајците и воопшто не се арогантни,а дали ги загрозиле друѓите тие сами знаат.