Бестселер или класика?

  • Креатор на темата Креатор на темата new_yorker
  • Време на започнување Време на започнување
зависи од вкусот..
бестселерите не ти ветуваат секогаш уживање ниту пак тоа го прават класиците.Во класиците ја наоѓаш литературната вредност и изразување кои денешниве писатели слабо ги владеат,како на пример "Затоа што те љубам",француски бестселер број 1 а сепак мисо според мене има стил на 15годнишно дете.Сепак како што рекол некогаш оскар вајлд има само добри и лоши книги...Ништо измеѓу :)
 
Класика си е класика.И по толку поминати години не за џабе се запаметени делата како што се:Дон Кихот,Клетници,Чичко Горио,Злосторство и казна,За кого бијат камбаните.....и многу други.Вреди да се прочитаат,нивната литературна вредост е огромна.Не може класиката да се споредува со бестселирите,искрено летово се фрлив на читање само на бестселери и преку глава ми е дојдено од нив,се враќам повторно на некое класично дело.
 
Искрено ми се има десено понекој бестселер да ме има подобро раздрмано од класиката, но... Имам заклучено дека бестселерот после едно до две прочитувања го нема оној шмек да ти остави некое големо мислење, додека класиците се како квалитетен парфем - не сите се толку јаки (во смисла на интензитет) но пријатниот мирис останува подолго и те тера повторно да го носиш.
 
Кога прво ке започнете со читање на класични дела тогаш нема ни да посакате да се префрлите на бестселер , барем според мене, секогаш ке барате нешто што е напишано по примерот на Достоевски, Толстој,Иго можеби Хесе.. Не се работи за периодот кога се напишани колку за нивната умешност, чуството и пристапот кон пишаниот збор..
Не можам да читам книга која наликува на обично сценарио од филм, поарно филм ке си гледам :)
Гледам нешто го форсираат Коелјо -ја зедов првата негова книга Дневникот на еден волшебник а во исто време ја читав Демони од Достоевски, не можев да се вклопам нити да се натерам да ја читам. Каква композиција, сложеност, психолошки профил на личностите, идеја сето е неверојатно кај старите мајстори. Ако сакаат да бидат добри нека учат од нив, мораат да имаат од некој влијание за после да издвојат своја, сопствена оригиналност.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom