Вистинска драма во Мумбај

  • Креатор на темата Креатор на темата theMac3donian
  • Време на започнување Време на започнување
Русите го криват Пакистан и велат дека Пакистан е “живо зло’’:.

ПО ТЕРОРИСТИЧКИТЕ АКЦИИ ВО МУМБАЈ

Индија бара од Пакистан испорака на терорости

Индија му предаде на Пакистан листа со околу 20 имиња на терористи за кои бара веднаш да и бидат предадени и побара силна акција против вмешаните во нападите во Мумбај минатата недела. Истовремено, Исламабад е под силен притисок и на САД колку што може повеќе да соработува во истрагата за нападите. Потегот доаѓа во момент кога индиската влада се соочува со се посилни обвинувања за пропусти во безбедноста и во разузнавањето. Неименувани владини функционери за индиските медиуми изјавиле дека индиската Агенција за странско разузнавање уште во септември добила информации дека терористи со база во Пакистан се подготвуваат за големи терористички акции во Мумбај. Таа информација им била доставена на службите за домашна безбедност. На листата со барани лица, која му беше предадена на високиот претставник на Пакистан во Индија, Шахид Малик, се наоѓаат и имињата на Давуд Ибрахим, моќен гангстер обвинет дека стои зад бомбашките напади во Мумбај во 1993 година и Масуд Ажар, осомничен терорист кој во 1999 година беше ослободен од индиски затвор во замена за заложниците од киднапираниот авион на „Индиан ерлајнс“. На високиот пакистански претставник, исто така, му било речено дека сите информации говорат за вмешаност на „елементи од Пакистан“ во нападите и дека од Владата во Исламабад се очекува „да преземе силни мерки против тие елементи“. Засега и двете држави се воздржуваат од пожестока реторика, која лесно може да доведе до воен судир меѓу двете нуклеарни сили, кои од своето основање во 1947 година војувале четири пати. Пакистанскиот претседател Асиф али Зардари, чија сопруга Беназир Буто минатата година беше убиена од страна на исламски екстремисти, апелираше до Индија да не ја казнува неговата земја за терористичките напади. Тој истакна дека милитантните „недржавни елементи“, како и многупати досега, се обидуваат да предизвикаат регионална војна, која би го тргнала меѓународниот притисок од нивните бази во Пакистан и во Авганистан. - Дури и ако терористите биле поврзани со Лашкар е Таиба (терористичка група базирана во Пакистан), што мислите вие, против кого се бориме толку години? - ги запраша индиските власти претседателот Зардари. Тој нагласи дека Пакистан веќе презема мерки да ги заузда милитантите на својата територија. Во обид да се намалат тензиите меѓу двата соседа, во посета на регионот допатува и американската државна секретарка, Кондолиза Рајс.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1566&ArticleID=103338
 
EEEEE mladi makedoncii
Aleksandar makedonski da si poziveal uste malku ke se uznaese i Indiijci i pakistanci i grci i bugari i turci i ako kazam uste koj ne ima tepano ke treba eden cel referat da napisam:salut:
 
НА "ПЕЧАЛБА" ВО МУМБАЈ

Мотивиран да убива со 1.250 долари!

622EAA028A599A498F93EACB21636DCB.jpg
Единствениот уапсен напаѓач од групата од 10 исламисти, кои минатата недела нападнаа десетина постратешки објекти во Мумбај, пред индиските истражни органи раскажал дека нарачателите на нападите му ветиле дека неговото сиромашно семејство ќе добие 100.000 пакистански рупии (1.250 долари), ако тој загине за каузата на исламот, пренесоа американските медиуми, цитирајќи индиски претставници кои побарале анонимност. Во затворот 21-годишниот терорист Азам Амир Касав раскажал дека пред да стане дел од групата "Лашкар е тајба", тој бил наемен работник, пренесува МИА. Напаѓачот рекол дека е роден во селото Фаридкот, во пакистанскиот дел на Пенџаб. Терористот признал дека пиел амфетамини за да остане концентриран за време на деновите на опсадата во Мумбај. Во нападите во Мумбај загинаа приближно 180 лица, меѓу нив и 26 странци.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=FCEA16ECB9440D4A846946BE357E7ED7
 
Леле ама ќотек изеде коа го начека толпа,пред да го уапсат.Имаше еден клип мислам дека ина јутјуб се врти...
 
Нова дузина кафири се уништени!
Алах ќе биде радосен!
Слава на мачениците!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom