Кајгана психолог

  • Креатор на темата Креатор на темата FLiX
  • Време на започнување Време на започнување
Има многу што да се напише на темава само не знам дали воопшто вреди човек да се жртвува и губи време со оглед на тоа дека повеќето психолошки заболени луѓе не заслужуваат вистински да им се помогне колку и да звучи овоа сурово.

Добро сум едуциран и свесен за психолошкиве болести,сум имал и другари и познаници со лоши психолошки состојби,само едно нешто не можам да сфатам,а тоа е заглавувањето во истата состојба со години,години,без никаков напредок,ниту пак желба да се извлече личноста од калта во која се наоѓа.
Повеќето луѓе со вакви проблеми како да уживаат во сопствената деструктивност.

Сфаќам при состојба на шизофренија или некои други ментални растројства кои се толку разорни да личноста навистина не може да се справи.Ама на не до толку тешки форми на депресија,анксиозност или состојби поврзани со социјалноста и такви глупости навистина ми е тешко да сфатам некои да се остави да пати со години,години.
 
Ми се допаѓа споредбата со парче мебел што ја направи @Ninochka . Баш така, ми се чини дека многу бракови се така склучени, само заради некое вклопување во калап. Односно што општеството или вашите родители бараат од вас. После 50тина години нема ни да постојат бракови во класична смисла на зборот, затоа што во ова време на неверства, разводи, голотија по социјални мрежи итн, мислам дека сето тоа ја губи вредноста, и тој тренд само ќе продолжува понатака.

Од друга страна и тоа е во ред, подобро да не постојат бракови како такви, отколку ликови ко членов погоре да влегуваат во таква институција само затоа што мислат дека им "дошло нож во коска". Друже, не МОРА да влегуваш во брак. ОК е. Се надевам дека "девојката" не те напнува да влезете во брак, се надевам дека и таа ќе процени дека е само објект.

И од трета страна гледано, ако типот не се осеќа спремен за брак со оваа, можеби нема да се осеќа спремен за никакви сериозни ствари никогаш понатаму. Некогаш е до карактерот на човекот, да не може да се врзе за нешто и да го тера истото подолго време. Али тоа е веќе друга тема.
Апсолутно. Зарем сите мора да се во брак? Кој гарантира дека и оние кои сега се во брак утре нема да останат сами? Ако стравот од самотија е единствена причина на членот да влезе во брак..
 
Да не си грешка нешто..си ја помешал љубовта со заљубеноста која е интензивна,јака ама кратко трае а вистинската љубов е константна и не проаѓа временски гледано...:coffee:
Ако се сменат односите се менува и љубовта. Таа се раѓа,умира, засилува слабее. Ништо не е постојано.
Автоматски споено мислење:

Заљубеност и љубов се две различни работи. Типов е подолго време со личност која не ја ни ословува како девојка ми туку девојкава.. Не ја сака и тоа е тоа.
Може ќе ја засака не се знае ако се смени тој или таа или ситуацијата.
 
Ако се сменат односите се менува и љубовта. Таа се раѓа,умира, засилува слабее. Ништо не е постојано.
Автоматски споено мислење:

Може ќе ја засака не се знае ако се смени тој или таа или ситуацијата.
Да бе обавезно. Дај да се земеме на тест период. Ало, брак е во прашање. Животот на девојката е во прашање.Ако не сака брак нека биде чист и готово. Не е ни срамно ни страшно ама најбитно е да биде искрен и према себе и према неа.
 
Има развод. Едноставна и брза процедура е тоа. Ако не му се свиѓа ќе се разведе и решена работа. Дури и немора да се разведе може да се разделат.
 
Има развод. Едноставна и брза процедура е тоа. Ако не му се свиѓа ќе се разведе и решена работа. Дури и немора да се разведе може да се разделат.
А бе најлесно е да кажеш така, ако не иде ќе се разведат. А ако склепаат дете? Цел живот ќе ги врзува еден со друг. И зашто се развеле? не заради превара, малтретирање, нефункционирање на брак и ред други причини, туку зашто типот сакал да проба па да види дали ќе ја засака бе.. Во брак не се влегува за да се проба дали ќе се заскаат. ако во врска не увидел дека е таа жената која сака да биде со него да формираат семејство, тури му пепел.
 
Во последно време страдам од хронична ненаспаност или т.н инсомнија. Многу глупости ми се случија , но најмногу од се ме кине тоа што тапкам бо место и неправам ништо. Немам желба едноставно ко се да ми е дојдено преку глава и си велам за што да се трудиш?
 
Излези на сила и шетај во природа. Разговарај со пријатели што ти значат и те познаваат. Направи некому добро дело. Насмевни се на случајни минувачи (без очекување за возврат). Поздравувај случајни минувачи. Најди си некое хоби. Исклучи се од форумов.
 
Пробано.
 
Што мислите за тие life coaching не се и тие како некој вид психолози?
Или тоа си нема врска?
Иако мене ми изгледаат како на ловци на пари?
 
Незнам како би се изразил се чуствувам ко да ми се прави нешто ама ме убива тоа ... Пробав излегувам сам и сакам да запознам нови луѓе , посебно ми недостасува девојка... Веќе година дена немам излезено со девојка незнам ни што би правел моментално кога некоја би прифатила да искочи со мене . Незнам ме убива ова се чустувам толку депресивно ко да ми фали нешто.
 
Слабо им се пушташ по социјални мрежи. Ако у ова време ти е тешко да најдеш девојка незнам у кое време било полесно од ова.
 
Што мислите за тие life coaching не се и тие како некој вид психолози?
Или тоа си нема врска?
Иако мене ми изгледаат како на ловци на пари?
life coach moze da se pise sekoja budala, a toa i go pravat. ima nekolku odlicni misliteli / avtori koi postavile dobri osnovi za tie motivacii i samo-podobruvanja, povekjeto sega se sarlatani.
za da rabotis kako psiholog, mislam deka ti treba licenca, za koja valjda treba akademska diploma i odredena praksa. i tamu moze da naletas na dobri i losi, ama barem znaes deka zboruvas so kvalifikuvana osoba.
 
Слабо им се пушташ по социјални мрежи. Ако у ова време ти е тешко да најдеш девојка незнам у кое време било полесно од ова.
Не сум јас до толку упатен незнам ни како да сатасаш до случајна девојка на социјална мрежа па да ја контактираш и слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom