Delphi

  • Креатор на темата Креатор на темата MadA@FakA
  • Време на започнување Време на започнување

MadA@FakA

Black&White
Член од
4 август 2006
Мислења
1.049
Поени од реакции
105
Ме интересира програмирањето, иако сум сеуште почетник.. Лани во школо го учевме PASCAL, a оваа година почнавме со Delphi.. И сега кога почнав да го гледам овој дел од форумов за програмирањето навистина се изненадив кога видов дека каде и да се зборува за програмски јазик и за програми никаде не се спомнува Delphi, па и затоа бидејќи не најдов соодветно место да гопоставам прашањето отворив нова тема.
Порано мислев дека и Delphi се користи за поголеми програми и може да биде корисна но сега веќе не сум сигурен, па затоа ве прашувам:
Дали таа се користи во програмирањето како големите програмски јазици C++ и Java и ако се користи која е нејзината улога, што се прави во неа.. или таа е како PASCAL и се користи само за вовед во програмските јазици ???
 
Delphi е првата RAD развојна околина на Windows платформата. Толку беше напреден во свое време што Microsoft го купу јадрото на тимот од Borland да работат на Visual Studio. Дури се шпекулира дека NET е производ на Borland кој што покасно му го препушти на Microsoft за соодветна (голема) сума на пари.

Delphi е страва платформа, со која може да се прави се што може да се прави со модерните програмски јазици.

Но, најдобрата работа во која сеуште Delphi e неприкосновен е развивање на database апликации. Неговата едноставност и моќ во работата со бази на податоци го прави идеален посебно за помали апликации како на пример програми за продавници, книговодство.

Зошто не се зборува на форумов и на интернет за него е затоа што Microsoft го потисна целосно со најновите верзии на Visual Studio 2005 и 2008.
Со оглед дека можностите на Delphi за WEB апликации се лимитирани, програмерите бираат платформа која му овозможува лесно префрлање на десктоп апликативниот код во веб апликација, или позната околина во која би развивале и десктоп и веб апликации.
 
DELPHI за почетник е многу страва работа...далеку поинтересен од паскалот,мене паскалот ми беше кошмар,многу грд програм,кој не те инспирира на работа...кај делфито си работиш и кодови и визуелно,многу поинтересно ти станува
 
Од програми со Делфи за продавници, аптеки, банки и слични ствари вујко ми вадеше добри четирицифрени суми во евра по програм... Лесен е за работење, во петто-шесто одделение знаев неколку ствари и нонстоп се занимавав со нив, сега треба да прочепкам малце, да се потсетам.
Може да се користи за поголеми програми, и тоа како. Го препорачувам за почетници.

Ivanco^^^, каде го учите Делфи?
 
Па во средното стручно училиште "Гошо Викентиев" во Кочани.. инаку учам смер компјутерска техника и автоматика.
 
ете мој колега.....и јас сум истиот смер....од стручни предмети имам:дигитални системи,програмирање,процесно управување....пиши ако имаш нешо различно,мада мислам дека тоа е тоа....4та година сум бај д веј...:helou:
 
да да.. истите се и кај мене ај пиши ми пп каде учиш баш ме интересира каде имам колеги.. инаку ај да не забегуваме многу од темава зашто стварно ме интересира да видам што ќе кажат другите за програмава..
 
Коле Неделковски - Велес:helou:
ps.моментално праиме една игра (catch me if u can)на делфито,ама не ни е довршена....дали и до пола сме....ќе биде јака коа ќе биде готова....иначе играва е,треба да бегаш од противникот,а со тек на време се зголемува брзината на непријателот....прозорот е ограничен со димензии,не знам точно колку беа,ама беше прилично мал...
 
Исто и јас сум смер информатика 4 год во Штип,во 2 и 3 год учевме Паскал,сега сме на Делфи. Јас покрај 2 редовни часа програмирање неделно,одбрав и како изборен и имам 4 часа неделно програмирање :)
 
ние сеуште не сме почнале да правиме игри.. :( којзнае дали проф. е во план за такво нешто, но идејата е супер ќе му предложам..

Razor напиша:
Исто и јас сум смер информатика 4 год во Штип,во 2 и 3 год учевме Паскал,сега сме на Делфи. Јас покрај 2 редовни часа програмирање неделно,одбрав и како изборен и имам 4 часа неделно програмирање :)

тоа е супер.. ние нашата генерација беше прва и немавме можност да бираме за изборни туку мораше математика и физика, а сега генарациите после нас бираат :(
 
нешто за што многу ми е криво....:tapp:
 
Со оглед дека можностите на Delphi за WEB апликации се лимитирани, програмерите бираат платформа која му овозможува лесно префрлање на десктоп апликативниот код во веб апликација, или позната околина во која би развивале и десктоп и веб апликации.

За Web апликации во Delphi развојна околина пробај со Intraweb. Можат да се направат навистина добри web апликации со интерактивни гридови, со контроли внатре во гридовите итн итн, полесно се учи од ASP т.е ако веќе работиш со Delphi кодирањето воопшто нема да ти е проблем. Е сега нема доволно support по форумите и туториали, но интуитивно се учи доста брзо.
 
Ако е за Web муабет, тогаш го има Delphi4PHP и тоа е многу помоќно од IntraWeb от.
 
Во Delphi4PHP се програмира so php код, додека во Intraweb кодираш со чист Delphi код и е доста згодна алатка ако не сакаш да учиш скриптни јазици, а ти треба брза и солидна web апликација. А Intraweb исто така има поддршка за HTML 3.2 т.е можат да се развиваат PDA web апликации.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom