ЗОШТО ПРВА ЈУСТИНИЈАНА МУ ГО ДАДЕ ПАТРИЈАРШИСКОТО ДОСТОИНСТВО НА ПРАВОСЛАВНИОТ СВЕТ
Пишува: д-р Петар ПОПОВСКИ
32 МАКЕДОНСКО СОНЦЕ 589 / 14.10.2005
Од овие причини обидите на охридските поглавари да ја мотивираат Русија на војна со Османлиската империја,биле залудни и неостварливи. Иако во ова време Русија
засилено работела на подигнувањето на својата воена моќ,тоа сепак не ветувало дека таа ќе влезе во една таква војна само за да ги задоволи желбите и барањата на своите јужни браќа. Надежите биле големи, но можностите мали. Сепак, од голема полза биле честите посети на македонските црковни големодостојници, бидејќи на Русија ј давале можност да биде во постојан дослух со македонските напредни сили, кои се стремеле за слободна и независна Македонија. Тоа што го чувствувале поробените словенски народи на Балканот, вк лу чувајќи го и македонскиот, и покрај големата оддалеченост, допирало до руските официјални власти, најчесто и до рускиот цар. Русија, како суперсила во Европа, благодарение на честите посети на црковните големодостојници од Охрид, постојано била информирана за сите случувања на Балканот, особено за османлиските активности на воен и на политички план. Друга, многу важна, цел на посетата на охридските поглавари Аврамиј и Дионисиј на Русија било да издејствуваат материјална помош од рускиот цар за да можат да откупат дел од заложените црковни предмети во османлиските судови. И овој пат ваквата помош не изостанала. Меѓутоа, од руски извори се дознава дека патр. Дионисиј не бил задоволен од помошта, подвлекувајќи дека е патријарх на 17 епископи. Имено,тој добил само 60 рубли донаторски средства и дополнителна царска грамота да може секоја четврта година да добива материјална помош од Русија. Успенскиот манастир, кога пред тамошните клерици ја отсликал бедната положба во која се наоѓале македонските цркви и манастири. Ова негово искажување предизвикало го лемо интересирање, но и загриженост, не само кај чита тел ската пуб лика во Русија, туку и кај Царскиот двор. Сочув ству вајќи со ваквата положба, една година подоцна (1624), рускиот цар ис пратил свои пратеници во Македонија со голема сума пари, која им била поделена на најзагрозените христијански светилишта.Тогаш манастирите во Атон добиле 551 златник.Приселков: "Руската кнегиња Олга отишла да се покрсти во македонската и сесловенската престолнина на христијанството (955), бидејќи сметала дека при-
казната за нејзиното покрстување во тогаш попу ларниот Охрид, можела да придонесе да се забрза процесот на христијанизацијата во Русија".
Честите посети на македонските свештени лица на Русија придонесувале да се зацврстуваат врските меѓу двете земји и цркви. Исто така, овозможувале највисоките руски власти непосредно да се запознаат со состојбите во Македонија во општествен, економски и политички поглед и особено со по ложбата на Македонската Охридска Црква во однос на развојот на просветата и културата, но и за притисоците кои османлиските власти ги вршеле, од една страна, со исламскиот верски фан атизам, кој со насилни средства ги принудувал христијаните во паствата да се преверуваат и, од друга страна, со постојаното зголемување на државните даноци, а како последица на тоа голем број стари манастири биле доведени до работ на оп станокот. Нивната положба видно се влошила во времето на сул-
тан Селим II (1566-1574) и по него, со оглед на тоа што османлиските власти почнале масовно и насилно да ги одземаат манастирските имоти (обработливото земјиште, ливадите, шумите и пасиштата - сè што било вакавско), што било со цел да им се ослабне економската моќ. Овие имоти можеле единствено да се вратат со висока откупнина, која манастирите не биле во состојба да ја обезбедат. За да се извлечат од бедната положба манастирските братства од светогорските манастири почнале да испраќаат свои духовни лица во Русија, со задача да из дејствуваат финансиска помош за да можат да ги вратат одзе мените имоти. Во Москва, во 1623 година, меѓу првите свештени лица пристигнал архим. Амфилакиј, игумен на манастирот "Зограф". Таму тој добил 120 рубли помош, со кои биле от ку пени манастирските сребрени садови, заложени кај Евреите. Пред тоа, во рускиот печат ј бил даден широк публицитет на неговата посета на Москва, поради искажувањето кое го имал во Успенскиот манастир, кога пред тамошните клерици ја отсликал бедната положба во која се наоѓале македонските цркви и манастири. Ова негово искажување предизвикало го лемо интересирање, но и загриженост, не само кај читателската пуб лика во Русија, туку и кај Царскиот двор. Сочув ству вајќи со вак-
вата положба, една година подоцна (1624), рускиот цар испратил свои пратеници во Македонија со голема сума пари, која им била поделена на најзагрозените христијански светилишта. Тогаш манастирите во Атон добиле 551 златник.
Осум години подоцна (1631), со исти мотиви, во Русија заминал и драчкиот митрополит Харитон. Бидејќи носел препорачана грамота потпишана од охридскиот патријарх Аврамиј, во Царскиот двор бил примен со внимание и почит. Руските извори соопштуваат дека овој угледен македонски архијереј во Москва допатувал за две работи: да го моли царот да се заземе за Македонија, бидејќи таму животот станал неподнос лив и да издејствува парични средства за да го спаси црковното богатство во неговата епархија од осман лис ката лако мост и охолост. Не е познато како рускиот цар реагирал на овие барања, бидејќи во расположливите извори нема
податоци за тоа, но се знае дека по враќањето во татковината митр. Харитон бил изложен на силен притисок од страна на османлиските власти. Имено, на неговата посета на Русија тие гледале со сомневање и со недоверба, уверени дека на рус-
киот цар ски двор му доставува важни воени и политички инфор мации за Османлиската империја. За да ги спречат честите патувања во Русија властите видно ги зголемиле даноците, како за црк вите и манастирите, така и за епархиските архијереји и мо на сите. Стравувајќи од можноста да биде уапсен, ја на-
пуштил епархијата и заминал во Цариград за да бара помошкај странските дипломати, оставајќи го во татковината целото семејство - мајката, сестрата, двата сина и ќерката. Вестите кои се ширеле за впечатоците на македонските свештени лица од нивниот престој во Русија, особено за накло нетоста на руските цареви кон македонската црква, пружајќи и несебична помош да може да ги врати скапоценостите и имотите одземени од Османлиите, на вакво нешто поттикнало и
други црковни големодостојници, чии манастири се наоѓале пред уништување. Во 1626 година во Москва пристигнал архим. Симеон, игумен на манастирот "Крушица", кај Драма, Егејска Македонија, кој "на руското владетелство му се претста-
вил со препорачано писмо потпишано од цариградскиот патријарх Кирил Лукарис", а во 1630 година архим. Галак тион, игу мен на солунскиот манастир "Св. Атанасиј", "со грамота од еру салимскиот патријарх Теофан". Истата година во Русија пристигнал и архим. Арсениј, игумен на Берскиот (Верискиот) манастир "Св. Јован Претеча". За него се знае дека "отишол со грамота од охридскиот патријарх Аврамиј" и дека, покрај манастирите во околината на Москва, го посетил и древниот
Ки ев ско-Печерски манастир, кој датира од пред XI век.По 1640 година значително се зголемил интересот на архијерејите од Егејскиот дел на Македонија за патување во Русија. Гонети од сиромаштвото, истовремено и од чувството дека ќе го изгубат материјалното културно наследство кое се создавало со векови и со макотрпна работа на македонскиот гениј, во периодот меѓу 1643 и 1652 година руската прес толнина ја посетиле осуммина архијереји, претежно игумени на манастири. Со препорачано писмо од охридскиот патријарх Харитон, во 1643 година во Москва заминале архимандритите:Герман, игумен на костурскиот Кременички манастир; Јоан,
игу мен на гревенскиот манастир "Св. Богородица"; Јоаким, игумен на серскиот манастир "Успение Богородичино"; Серафим, игумен на верискиот манастир "Св. Јован Претеча" и Теодосиј, игумен на гревенскиот манастир "Преображение". Сите тие од рускиот царски двор добиле по 100 рубли материјална помош за подобрување на економската состојба на манастирите и голем број богослужбени книги, кои им биле разделени на црквите и на манастирите во нивните епархии. Бидејќи кај руските државни и црковни големодостојници оставиле при мерен впечаток, по пет години им била испратена дополнителна помош од 30 рубли. Следната 1644 година, со грамота од бившиот цариградски патријарх Атанасиј (Пателори), во Москва отишле и архимандритите: Игнатиј, игумен на солунскиот ма-
настир "Св. Димитрија"; Дамаскин, игумен на костурскиот ма настир "Св. Никола" и Партение, игумен на гребенскиот манастир "Св. Богородица". Засега не се познати мотивите за нивното патување во Русија, меѓутоа се претпоставува дека покрај другото, тие најверојатно барале и руско покровителство за ослободување на македонскиот народ од османлиската окупација, бидејќи во тоа време Македонија ја бранувале силни народни бунтови и незадоволства.Од изворите со кои располага современата наука се до знава дека Русија била сериозно загрижена за тешката положба на македонската црква, но и заинтересирана да им помогне на осакатените духовни центри да се спасат од таа положба, која се заканувала македонското свештенство да го доведе допитачки стап. Рускиот цар Борис Годунов, подоцна и царот Теодор, грижејќи се македонската црква да не ја снајде нај лошото, на претставниците на одделни манастири во Македонија им издавале грамоти со кои им се гарантирала материјална помош на секои четири до шест години. Тоа било најмногу што тогаш Русија можела да стори за да се спречи гаснењето на
духовниот живот во македонските христијански светилишта. Тие претставувале стожер на христијанството во окупирана Македонија, во која османлискиот религиозен фанатизам се борел со сите расположливи сили и средства да го уништи и да го искорени христијанството, како верска конфесија, што како идеолошка цел и обврска си ја поставил султанот Селим I, а перманентно ја спроведувале и неговите наследници во текот на целото османлиско владеење во словенските земји. За да се спречат ваквите тенденции, често пати рускиот цар-
ски двор испраќал свои легати во Македонија, а според потребите, тие делеле материјални средства. Во XVII век се одвивала жива дипломатска активност меѓу
Македонската и Руската црква. Тоа дошло како резултат на видно зголемените надежи на македонскиот народ дека единствено Русија, како моќна европска воена сила, може да го ослободи од канџите на османлиското ропство и тиранијата.
Преокупирани со ваква идеја и замисла, видни свештени лица оделе во Русија за да ги пренесат чувствата и надежите на ма кедонскиот народ кај руското државно и духовно пра ви телство, со намера да ја поттикнат оваа словенска земја да почне
да размислува за своите еднородни браќа на Балканот. Со исти цели и мотиви во 1641 година во Москва отишол скоп скиот митрополит Симеон, каде на рускиот цар Михаил Теодо рович "му ја пренел пораката на својот народ со молба да се
за земе за негово национално и духовно ослободување од Османлиите".