Ако некој пред 100 години припаѓал на српската, грчката и бугарската црква, не значи дека бил србин, грк или бугарин. Начинот на класифицирање на националноста според црквата е наследен од Турците кои луѓето ги делеле по религија, а не националност. Во секој случај, црквите се тие, само поповите се менувале зависно од политичката ситуација, а тука на народот не му бил даден збор. На пример, ако во твоето цело има само едно црква и има бугарски поп и потоа него го замени Грк, ти нема автоматски да се преобразиш од Бугарин во Грк. Сепак, во право си дека грчката патријаршија била многу поомразена, тоа можеме да го заклучиме од автобиографијата на Прличев.
Еднаш прочитав една многу интересна анегдота (не се сеќавам дали беше од автобиографијата на Прличев или некој друг документ, но потекнуваше од 19 век). Во некој град во Македонија успеале луѓето да соберат пари за отворат училиште затоа што грчкото училиште им било омразено. Кога го отвориле училиштето порачале нови учебници од Бугарија. И така, се радуваат луѓето што најпосле ќе можат да учат на мајчиниот „бугарски“, ги отвараат книгите, ги гледаат и еден од нив вика „Абе јас мислев на бугарски дека ќе учеме, а овие книги се на шопски“. Многу е матна историјата од тоа време...
@nguanaunae Некако како да го избегна бугарскиот удел во сето ова. Треба да се сменат работите и од двете страни.