Ден на дрвото - 19 ноември

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам за вас, ама јас ојдов, видов, засадив (и се вратив, нормално) ;)))

А за оние што не отидоа поради дождот, што не беше ниту вистински дожд, туку само ситно росење, нашиот народ убаво има кажано (во малку поактуелна верзија):

„...Каков јунак ти ќе бидеш,
каков јунак ти ќе бидеш,
од роса да се исплашиш,
дрво да не посадиш,
а бре будало!“

Поздрав и почит до сите што посадија дрво денес. :helou: :olee: :zver:


Дополнување:

:oftopic: Зошто оваа тема е ставена во Политика и вести, а не во, да речеме, општи муабети? Зарем грижата за својата сопствена околина е политичко прашање?!?!?!? :lud:
 
...

:oftopic: Зошто оваа тема е ставена во Политика и вести, а не во, да речеме, општи муабети? Зарем грижата за својата сопствена околина е политичко прашање?!?!?!? :lud:

И првата тема за Денот на дрвото што беше на 12ти март беше во Политика и вести и раководејќи се по тоа затоа ја отворив тука.

А браво за сите оние што посадија дрвце за својата иднина:pipi:

Додека вие садевте јас полагав колоквиум :)
Некои факултети, некои училишта и голем број компании не го почитуваа неработниов ден даден од Владата на Република Македонија за садење дрвца.
 
Некој да не знае дали ќе се учи оваа сабота или другата наместо денешниот ден ?
 
Ја денеска не позадив ниедно дрво :kesa: крш беше времево а и немавмо струја и вода и не засадив :pos:
 
Супер иницијатива, само сегде фалеле дрвца...сите викаат дека малку садници имало?!
А ако го направеа во Сабота никој немаше да им излезе, ние сме ти чуден народ....затоа избрале работен ден. :toe:
 
на говно четничко:pov:
http://uk.youtube.com/watch?v=MTFhh3Ea5kE
:toe:
Не мора ништо да ти кажам.
п.с. Прибидејќи јас разбирам дека новохрватскиот `јазик` е заштитена категорија и прети опасност да не го разбереш текстот на Савиќевиќ,имаш и превод на англиски кој што се надевам без поголеми проблеми ќе го `усвоиш`.

Имај убав ден и ти... :)
 
http://uk.youtube.com/watch?v=MTFhh3Ea5kE
:toe:
Не мора ништо да ти кажам.
п.с. Прибидејќи јас разбирам дека новохрватскиот `јазик` е заштитена категорија и прети опасност да не го разбереш текстот на Савиќевиќ,имаш и превод на англиски кој што се надевам без поголеми проблеми ќе го `усвоиш`.

Имај убав ден и ти... :)


Дејоооооооооооо, Дејоооооооооооо,Дејо мајсторе па ти си Бооггг !!!!:vozbud::vozbud:
 
http://uk.youtube.com/watch?v=MTFhh3Ea5kE
:toe:
Не мора ништо да ти кажам.
п.с. Прибидејќи јас разбирам дека новохрватскиот `јазик` е заштитена категорија и прети опасност да не го разбереш текстот на Савиќевиќ,имаш и превод на англиски кој што се надевам без поголеми проблеми ќе го `усвоиш`.

Имај убав ден и ти... :)

:zver:
 
Има ли некој инфо за тоа дали во некоја друга држава (освен Словенија 19 век) се спроведуваат вакви доброволни масовни акции (пошумување, чистење...) или е тоа дел од некоја си лидерска политика на нашата земја?
Со оваа акција е предвидено да се засадат 6 милиони дрвца на 100 локации низ Македонија. Акцијата ќе ја следат претставници од министерствата за земјоделство на Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна, Албанија, Косово и Турција, кои од неодамна се приклучија кон проектот „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина!“.
Не ми е сосем јасно дали ова значи дека лицата од наведените земји биле набљудувачи или и тие во своите земји организираат и спроведуваат вакви акции.
И уште нешто, ако пролетоска беше просек 10 посадени дрвца по човек, сега за 6 милиони дрвца значи требаше да излезат околу 600 иљади народ (дури имало и недостиг од дрвца), што е малку за неверување. Дали некој ќе излезе со пресметка каде колку садници се потрошени и колку жители во која месност излегле?
За мене ова се непознаници и дилеми, можеби не следам доволно ТВ, не знам.
 
На 14 март ќе се засадат пет милиони нови садници - Ден на дрвото III

По иницијатива на граѓанската акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, во сабота, на 14 март, ќе се одржи мартовската акција за пошумување, со која во 30 општини во Македонија ќе бидат засадени пет милиони нови садници. Како што соопштија од Граѓанската акција, годинава, два милиона од садниците се дрвца, кои ќе можат да ги засадат граѓаните, а останатите три милиони се во семе, за чие садење ќе бидат задолжени главно вработените од ЈП „Македонски шуми“. Во оваа акција ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта од државата, заради една од долгорочните цели на акцијата за подигање на еколошката свест и образување генерации што ќе знаат да ги негуваат и штитат шумите во Македонија. За таа цел, учениците од основните училишта ќе садат декоративни садници во својот училишен двор, додека за учениците од средните школи ќе биде организиран превоз до локациите надвор од градовите, каде ќе садат заедно со останатите граѓани. Акцијата ќе биде организирана и спроведена на сличен начин како и останатите две кои беа спроведени минатата година. Во првата што се одржа на 12 март 2008 година граѓаните засадија два милиона дрвца, а во втората на 19 ноември 2008 година шест милиони дрвца во еден ден. Акцијата ја иницираше оперскиот пејач Борис Трајанов, а ја помагаат Владата на Република Македонија, ЗЕЛС и НВО-секторот, дипломатскиот кор, македонската естрада, истакнати актери, спортисти и компании од државата.


Овој пат акцијава како трета среќа не е во текот на работната недела него викенд. Да видиме дали ќе има овојпат одзив од граѓаните и учениците кои во саботи не одат на училиште, па дали би оделе во сабота за да посадат дрва?
Битно ќе има политичари со сигурност. Секој пред избори сака да се покаже како коректен граѓанин кој сака здрава животна средина :)
 
Pak li im zatrebaa pari?


Ustvari da be, izbori idat.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom