Македонска ракометна репрезентација - (жени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
МАКЕДОНИЈА МОРА ДА ОСВОИ НАЈМАЛКУ БОД НА ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ОД ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИТЕ

На с$ или ништо во Чешка

По победата над Чешка во Скопје на Македонија & е потребен бод од гостувањето во Плзен за да се избори за нов бараж. Сега оптимизмот во нашиот табор е многу поголем, проблемите се зад нас и се чини дека се враќаме на вистинските патеки. Во Чешка сигурно ќе биде потешко за нашите репрезентативци, но се чини веќе дека е ред сениорите да одиграат еден добар меч со силен противник и на гостински терен.

Без сомнение хандикеп за нашиот тим ќе биде отсуството на голманот Борко Ристовски. Тој мораше да се врати назад во Шпанија за да игра на дерби натпреварот на екипата на Теукро.

Дали можеше ова да се избегне, останува отворено прашање. Не е првпат македонски репрезентативец поради клупски обврски да мора да го остави националниот тим.

"Ние можевме да направиме притисок за Борко да остане во репрезентацијата. Но, на тој начин многу ќе наштетевме на неговата професионална кариера. Тој замоли ако е можно да се врати за тој натпревар уште на почетокот на квалификациите", изјави г. секретар на РФМ, Марјан Начевски.

"Ристовски многу ќе ни недостасува. Сите видоа како одбрани Борко. Тој е во извонредна форма и во шпанскиот шампионат, а тоа го покажа и за репрезентацијата. Но, треба да се верува и во Мисовски и во Петковски, кој синоќа се прости од скопската публика", изјави селекторот Стрезовски.

"Со заминувањето на Ристовски се отвори место за уште еден ракометар. Шанса да игра на реваншот ќе добие Левко Наумовски. Сигурно нашата одбрана ќе добие многу со него во зоната. Не сакам да давам преоптимистички изјави, но по мечот во Скопје убеден сум дека можеме да се вратиме со победа и од Чешка. Знаеме што играат и сме во поглема предност бидејќи нашиот начин на одбрана ги изненади во Скопје, а ќе бидеме и дополнително посилни во дефанзивната линија во Чешка. Мислам дека тие немаат многу што да сменат, единствено доколку се врати пикерот Јуричек ќе имаат еден адут повеќе. Но, без разлика дали тој ќе игра или не, верувам дека со сериозна игра се враќаме со победа. На првиот меч со Чешка не играше Телепњев. Не го заборавив. Имаше еден дел од првото полувреме кога требаше да влезе во игра, но бев во размислување. Исто така и во вториот дел, но изгорен сум од поразот во Естонија. Затоа не сакав да ризикувам и да експериментирам, па затоа с$ остана како што е", изјави селекторот Гино Стрезовски.



ПАВЕЛ ПАУЗА, СЕЛЕКТОР НА ЧЕШКА

Попуштивме под притисокот

Ни се распадна одбраната, а нашите стрелци шутираа од 8-9 метри и не знаеја да се снајдат со ситуацијата. Не го издржавме притисокот. Пред почетокот домашните беа под голем притисок, но ние не знаевме да ја искористиме ситуацијата додека водевме и им ја подаривме победата на домашните", изјави чешкиот селектор Павел Паузе



НЕУСПЕШЕН ОБИД ДА СЕ РЕХАБИЛИТИРА НАВРЕМЕ

Без Атанасовски

И на натпреварот со Чешка во Плзен Македонија ќе патува без бекот на Вилфранш, Кирил Атанасовски.

Повредата на контролниот меч со Грција во претквалификациите се покажа кобна за македонскиот интернационалец. Тој се обиде да се врати, но очигледно не е доволно подготвен за игра и ќе го пропушти и последниот натпревар од претквалификациите.


КИРИЛ ЛАЗАРОВ

Ќе победиме и таму

"И таму ќе одиме на победа и тоа повеќе од пет гола. Се виде дека имаат многу јака и силна одбрана. Норвежаните дозволуваат груба игра така што тука сме во предност.

Малку поглема дисциплина почнувајќи од мене, па до другите. Ни треба само да одиграме со големо срце и со голема борбеност. Да нема толку технички грешки и лоши додавања. Ристовски ќе ни недостасува бидејќи секоја добра екипа има два квалитетни голмани, а вака остануваме со еден. И Петковски е одличен голман, но тој веќе се повлекува. Сепак, никогаш не се знае можеби на тој меч ќе биде и неговата најдобра партија"



ГРУПА 3

5. КОЛО

Македонија - Чешка 36:31

Кипар - Естонија 19.01.

6. КОЛО

Чешка - Македонија 21.01.

Естонија - Кипар 20.01.

ТАБЕЛА

1. Македонија 5 4 1 0 175:133 9

2. Чешка 5 4 0 1 176:124 8

3. Естонија 4 0 1 3 104:134 1

4. Кипар 4 0 0 4 86:149 0
 
На ништо. Не ебаа Чесите, ама асално. Четириесет и кусур на дваесет и нешто.
 
Затоа што има веќе тема за македонската ракометна репрезентација - мажи, да не трупам нови теми, оваа ја лепам како важна, ќе ја преименувам и ќе ја направам само за жените.

Повелете на добар ракометен муабет, да се надеваме дека ќе доживееме успешни и весели ракометни моменти :)
 
Женската ракометна репрезентација е на турнир во Србија.......никој ништо ни да каже за тоа..а кога се работи за критики кога губат и не го даваат максимумот сите имаат нешто за кажување!!!

На турнирот "Tрофеј Србија" учествуваат Македонија,Србија,Хрватска и Романија... Јас искрено не се надевам на некој поголем успех бидејќи сме без главните играчи,крилата Тодоровска и Пецевска,Бујанова а и Кресоја на последниот тренинг ги повредила лигаментите на коленото и треба да паузира 30 дена...Не видов дека ќе даваат на некоа од телевизиите пренос,ако грешам нека ме поправи некој.Се надевам дека ќе оствариме барем една победа,иако можно е и чудо но малку тешко тоа!Бидејќи Глигоров немал целосен состав во последен момент ги повикал младите Ива Стојковска и Елена Горгиевска кои биле во Босна имале утакмица со младата репрезентација.
Првиот натпревар е утре во 17:30 против Хрватска ...
 
Затоа што има веќе тема за македонската ракометна репрезентација - мажи, да не трупам нови теми, оваа ја лепам како важна, ќе ја преименувам и ќе ја направам само за жените.

Повелете на добар ракометен муабет, да се надеваме дека ќе доживееме успешни и весели ракометни моменти :)

Абе Џену, супер што ја преименува за жените, ама што да правиме со претходните 33 мислења, во кои се зборува за машката репрезентација од пред 4 години?

Може ли некако тие мислења да се спојат со онаа за машката репрезентација, а овде да останат муабети само за жените? Мислам, малку е чудно - ја отворам темава и читам дека машката репрезентација одиграла вака или онака...

Поздрав. :helou:
 
Абе Џену, супер што ја преименува за жените, ама што да правиме со претходните 33 мислења, во кои се зборува за машката репрезентација од пред 4 години?

Може ли некако тие мислења да се спојат со онаа за машката репрезентација, а овде да останат муабети само за жените? Мислам, малку е чудно - ја отворам темава и читам дека машката репрезентација одиграла вака или онака...

Поздрав. :helou:

И јас се мислев што со тоа, ама ќе ги спојам најкасно до утре :)
 
На темата: Прочитав во весник дека нашите девојки ќе играле во квалификациска група за не-знам-кое-натпреварување-ама-најверојатно-европско заедно со Хрватска, Холандија и Литванија. И дека ваква група ни одговарала.

Некакви коментари во однос на ова?

Не знам ништо за Холандија, ама не би смееле да се потценат, бидејќи еве ја Германија каде им е и сигурно имаат големо влијание од нив, т.е. го развиваат ракометот. Иста е ситуацијата со Литванија, бидејќи Русија им е во соседство. Единствено за Хрватска знаеме дека се многу квалитетни и ги победивме на СП кај нас пред сè благодарение на прекрасната наша публика. :olee: Но јасно, фактот што тие се на хартија најјаки од останатите три репрезентации, ни дава право да сметаме дека можеме да излеземе како победници во групата.

Како и да е, штом нашиот селектор вели дека групата е поволна за нас, се надевам на успех и на пласман на натпреварувањето-кое-не-знам-какво-е. :smir:
 
Оваа година и машката и женската репрезентација се покажаа добри на стариот континент па сеа да видиме,какви ке се резлутатите//се надеваме да се добри//MkD FTW
 
QWC жени 2009: Македонија - Австрија (07.06.2009, БТ, 20:15)

Нашата женска ракометна репрезентација повторно се собира по ЕП 2008 кај нас... Се ближaт двата најбитни мечеви оваа година за девојките, дво-мечот за пласман на СП против репрезентацијата на Австрија, претпоследно-пласираната репрезентација на ЕП 2008 во Македонија кога сите мечеви ги загубија со огромен минус. За овој двомеч селекторот ги повика голманите Андреева и Диневска, крилата Деспотовска, Цаневска, Николовска, Трајковска и Тодоровска, бековите Бајрамовска, Коцевска, Бујанова, Црвенкоска, Кресоја, Портјанко, Елена и Душица Ѓеорѓиевска, како и пивотмените Младеновска, Мечевска и Илкова. Малце сме ослабени на левата крилна позиција поради неиграњето на повредената Драгана Пецевска, но да се надеваме дека другите повикани репрезентативки. Моментално нашите ракометарки се на лесни тренинзи и не се во планираниот карантин поради тоа што сеуште не им се исплатени премиите од страна на федерацијата за пласманот на седмото место на ЕП, но со жешка атмосфера и голема поддршка од публиката очекувам уште во Скопје да обезбедиме пласман на СП 2009 Кина :) Можеби немаме толку квалитетни поединци како од времето на Кастратовиќ, но овој тим како група е посилен од тој тогаш.

Едвај чекам да дојде наредната недела (07.06)... Јас ќе одам во прекрасната сала „Борис Трајковски“ во 20:15 и ќе ги бодрам нашите репрезентативки. А вие???
Да се надеваме дека уште на 07.06 ќе го изиграат нашето оро на најубавата песна „Мaкедонско девојче“

dzce1e.jpg
 
Се надевам и реално очекувам победа и чекор до пласман на нашите ракометарки на Светското првенство.
Ако дојдам наредниот викенд во Скопје, не го пропуштам натпреварот, ќе биде жешка атмосфера во Борис Трајковски
Напред наши:oeoeoe:
 
како бе уште не им се платени премиите ?!?!?!!...па европското заврши пред 5 месеца скоро и поише......офф лелее

а иначе штета шо нема да игра Пецевска ослабени ќе бидеме на тоа лево крило,али дообро кои се тие се......Очекуем сигурна победа и пласман на светското у Кина:helou:
 
Па не им се платени премиите од страна на федерација... премиите од Агенција за млади и спорт им се платени, по 5.000 евра за секоја репрезентативка и двајцата тренери :)
 
па зар немаат пари у федерација :tapp::tapp:

а иначе картите уште не се пуштени у продажба а ........коа ќе може да се зимаат да не знаеш ???
 
Не знам... ама сигурно некаде кон средината на нареднава недела ќе има :)
Се надевам нема да се распродат одма како за време на Европското, немаше карти ни за лек :pos:
 
Обавезно ќе се оди!!!!Едвај чекам!!!! И се надеваме на победа!!! :oeoeoe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom