- Член од
- 13 октомври 2007
- Мислења
- 3.175
- Поени од реакции
- 434
РЕВИЗОРОТ БАРА ПОДАТОЦИ ЗА ПАРТИСКИТЕ НЕДВИЖНОСТИ
СДСМ има околу 5.000 квадратни метри имот
СДСМ поседува над 4.700 квадратни метри работен простор, од кои најголемиот дел во Скопје. Копии од имотните листови на објектите вчера партијата доставила до Државниот завод за ревизија, откако им беше забележано дека не го пријавиле целиот имот што го поседуваат.
Според предревизорскиот извештај, СДСМ пријавил дека располага само со два објекта, а според Управата за јавни приходи, во 2003 година партијата остварила приходи од закупнина за други градежни објекти.
Во партијата велат дека поголемиот дел од имотот е наследство од Сојузот на комунистите на Македонија, бидејќи СДСМ е правен наследник на оваа партија. Само во Скопје СДСМ има имот од околу 2.400 квадратни метри. Комплексот на улицата Бихаќка 8, каде што е сместена партиската централа, има околу 1.500 квадратни метри, а сопственост на СДСМ се и две бараки кај гимназијата "Ѓорѓи Димитров" со вкупна површина од 900 квадратни метри.
Социјалдемократите во Битола поседуваат двокатна зграда со површина од 500 квадратни метри, која се наоѓа спроти културниот дом. Толкава површина поседуваат и во Дебар, а во Ресен во нивна сопственост се заведени околу 480 квадратни метри. Во Струга партијата има 200 квадратни метри простор, а во Охрид 150 квадратни метри на кат од куќа на пристаништето. Во Кавадарци поседуваат недвижен имот од 150 квадратни метри, а во Крива Паланка и Лозово по 120.
- Ревизорите што беа во СДСМ, беа да ја контролираат финансиската сметка на партијата за 2004 година, а не да вршат проверка на недвижниот имот. Бидејќи и тоа ги интересира и знаејќи дека е можно некој од ДЗР таквиот извештај однапред да го објави и да го злоупотреби, ние во одговорот им доставивме копии од нашите имотни листови - изјави вчера Никола Ќуркчиев, генерален секретар на СДСМ.
Тој додаде дека за сите објекти партијата ја регулирала имотната состојба.
Портпаролот на ДЗР, Мијалчо Дургутов, вчера изјави дека се уште не ги добиле забелешките од СДСМ.
- Ако партијата пратила одговор, очекувам дека ќе го добиеме, денеска или најдоцна до утре. Ревизорите ја проверуваат имотната состојба, бидејќи приходи можат да се остваруваат и од недвижен имот - додаде Дургутов.
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2944&stID=69868