Кавга помеѓу брат и сестра (сестри или браќа)

Абе се караме,не да не.Ама најчесто за глупости нешто.Година и пол е помала и понекогаш се лути,ама тоа брзо поминува :pipi:
 
Па главно јас му се дерам,фала јасно сакам да го направам човек :icon_lol:Ригорозна сум во тоа.Он оди кај мама и знаеш посредник,симфонии,после он иде да ме баци и да ми рече извини дадо јас тебе многу те сакам на буци буци јазик.
Нема дуел,секогаш меѓу нас има тројца четворица :)Обично сите се на негова страна . :)
Се караме кога ќе ми речат-постара си,брат ти е шупелка од множење и делење до 10,помогни му.Он така милно ќе ме погледне,јас ќе му ја земам тетратката и кога треба да почне да решава,него го боли стомак или ќе се занесе во некоја работа важна за опстанокот на човештвото и се дере ако некој му пријде,или евентуално ќе се преправа дека спие.После ќе ме гњави да му го пуштам Ice Age на кој се помочува од смеа иако го гледал 145 пати. А јас мрчам зад него оти секогаш се извлекува.Кучка е.Ама барем користам од него новогодишни пакетчиња.
...иначе си се сакаме ,глушец на дада,10 години помал,мака немам:)
 
имам две сестри помали од мене. Едната 18 месеци а другата 17 години :)
со Бојана се караме најчесто за облека, шмикни, бижутерија; а со Антонија не сме имале прилика да се караме :) јас и зборувам таа ме слуша и се смее :back: срцушка
 
се газиме од ќотек...the end....идам да се сваџам!:wink:
 
Се караме секои 10-15 дена,мнооогу различни светови сме и мора да испразниме батерии..ама јас пошто не можам да заќутам со време почнуваме и да се тепаме...добро не се тепаме баш...повеќе он ме тепа јас пафтам со рацете...ама се трудам да го удрам по незгодно место(не успеало баш)
Како и да е..знае да ме извади од такт од време на време,ми се крева косата од него..ама брат ми е.
Многу ми е криво што немам брат/сестра малку постар/а или помал/а од мене,ми фали блискост со брат/сестра,а знам дека со братми нема да бидам блиска ни за 500години.:(
 
Ехее ние сме три сестри се караме - тоа мислам е нормално, сите различни карактери:toe:(не се тепаме) со големата повеќе разбирачка има со ова малото леле неможеш до крај да допреш ке те споулави а јас како што сум нервозна :vozbud:
 
Порано ќе се испоубиевме со брат ми ама сеа како постари ако се караме ќе се изнавикаме и тоа по телефон пошто не се глеам многу со брат ми, тој на едно место ја на друго и по телефон ќе се изнавикаме се додека некој не спушти. Сеа кавгите ни се движат со технологијата. :pos:
 
Јас имам сестра 4 години поголема од мене.Си доаѓа дома само за викенд пошо е на факултет.Кога е дома нон-стоп се караме али најчесто ја попуштам.
 
кога бевме мали со брат ми(помал е 4год)многу се сакавме,не давав ни прашинка да му падне,ама кога порасна леле шо лош стана за се се каравме,ништо не ме слушаше.Сега не сме заедно па немаме за што да се скараме:smir:
 
имам постар брат 2години...се каравме тепавме порано...и на крај на денот се беше ок...нема браќа што не се карале...или сестри...тоа е нормално...и на крај сепак...останува најблиското нешто што го иаме...дали е брат или сестра не е битно
 
имам сестра,помала од мене 4 години, карањето е неизбежно, секој ден,!!!
 
Со братми ако се закарам е добро, ако направи нешто што нетреба јаде шамари, или ќе стане човек или пак фино лепо има право да си излезе од куќава.

Со сестрами не се тепаме само се караме понекад, може да разбере.
 
Имам брат 1 и 8 мес постар од мене и се караме за се и сешто ама шо да прам јас тој не сака ништо да му се речи ама во последно време некако е посмирен не се караме мн мн или дека почнавме појке заедно да сме незнам:toe:
 
имам сестра 4 години поголема од мене...дури шо беше дома нонстоп за се се каравме се тепавме...за ситници за глупости...сега веќе 4 години студира во Романија и сватив дека таа ми е најблиската личност и дека со неа за се можам да прам муабет и ми недостига....ама карањето и тепањето е неизбежно....
 
Јас со дада ми сме разлика речиси 6 години.
Така да јас сум најчесто онаа мирната, фината таа која попушта, а таа е инатот и најтврдоглавото суштество на планетава.
Порано се каравме како мали, кога бевме копиљаци. Знаевме да се испошамариме или испокубеме. Знаевме и да не збориме по ден два и потоа се тоа се заборава.
Па и сега знам да не и зборам ако нешто навистина згреши, но веќе не се тепаме.
Сега не се караме за се и за безврска, него ако има навистина причина па вербално да се испокараме, но и тоа е премногу ретко.
Порано јас требаше да попуштам како поголема, а сега за се таа е крива и си плаќа и за порано :icon_lol:

Сепак таа е мојата слаба точка :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom