Шпанија прифати да гостува во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата |И.И|
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.601
Поени од реакции
6.809
Европскиот првак Шпанија наредната година ќе гостува на Градскиот стадион во Скопје, каде што ќе одигра пријателски натпревар со нашата фудбалска репрезентација. Ова е епилог од вчерашниот состанок во Мадрид на водечкиот двоец на ФФМ, претседателот Х

{CD8F19E7-7BB9-4303-A87F-CAF572BB605A}_spanci-2.jpg

Европскиот првак Шпанија наредната година ќе гостува на Градскиот стадион во Скопје, каде што ќе одигра пријателски натпревар со нашата фудбалска репрезентација. Ова е епилог од вчерашниот состанок во Мадрид на водечкиот двоец на ФФМ, претседателот Хари Хаџи-Ристески и генералниот секретар Никола Костов, со првиот човек на Шпанската федерација, Анхел Вилар. Останува само да се прецизира терминот на одигрување на мечот, со кој се одбележи 100 години од фудбалот во Македонија и 60 години од постоењето на Фудбалската федерација на Македонија. На состанокот присуствуваше и нашинецот Марко Блажевски, кој работи за шпанската менаџерска агенција "Групо Сантос Идуб" и е посредник во преговорите за одигрување на овој натпревар.
- Средбата помина во одлична атмосфера. Во просториите на Шпанската фудбалска федерација Вилар разговараше со Хаџи-Ристески и Костов, по што прифати Шпанија следната година да гостува во Скопје. Се уште не е прецизиран терминот на одигрување на натпреварот. Шпанскиот фудбалски челник е расположен мечот да се одигра во август, но за тоа треба да дадат согласност и луѓето од ФФМ, како и шпанските клубови. Може да се случи натпреварот да се одржи и во термин кој не е во календарот на ФИФА за одигрување пријателски мечеви. Најважно е ова средба да влезе во програмата на шпанскиот национален тим за наредната година - вели Блажевски, кој најавува дека Шпанија на "Градски" ќе истрча во најсилен состав.
- Падна муабет и за таа тема. Како што истакна Вилар, тие не сакаат да загубат од Македонија и затоа во Скопје ќе допатуваат со силен состав. Интересно е што претседателот на Шпанската федерација не постави посебни услови за гостувањето на неговата репрезентација.
Хари Хаџи-Ристески вчера требаше да даде одговор и околу гостувањето на нашата репрезентација во декември во Шпанија, кога би одиграле пријателски ревијален натпревар со селекција на шпанската покраина Андалузија.

Извор: Вест :helou:
 
еј супер ако дојдат ќе идам да ги гледам нашиве како ќе изиграат со европскиот првак
 
%20Шумуликоски.JPG
Ај сега да те видам !!!! :pos2::pos2::pos2:
 
ОоооООооо мајсторите во Скопје!! :vozbud:

Ињеста, Чави, Пујол, Бојан!!:vozbud::vozbud:
 
Чекајте бе, тоа е за една година... До тогаш сигурно ќе се премислат и ќе постават еден куп услови за да откажат, кога ќе сфатат кај уствари треба да допатуваат. :)
 
Ако е ова сварно идам 101% не се пропушта ова колкава и да е цената...се надевам дека и северна ке биде завршена до тогаш па ке има повеке место.
 
супер ќе има многу заентересираност од наша страна но картите ќе бидат огин и пламен..
 
Картите би требало да бидат беспалтни. Македонскиот фудбал ке слави 100години, и 60години од постоењето на ФФМ.

Али познавајки го Хари, сигурно ке сака да си го напуни џебот и од овој натпревар.
 
Картите би требало да бидат беспалтни. Македонскиот фудбал ке слави 100години, и 60години од постоењето на ФФМ.

Али познавајки го Хари, сигурно ке сака да си го напуни џебот и од овој натпревар.


Тоа би им било и мотив плус за да ги направат картите да се изгор. Сепак слави ФФМ тоа треба да се одбележи, да се знае кој слави ... НАЈОГРАНИЗИРАНАТА МАФИЈА.
 
Европскиот првак во Македонија. :vozbud:
Да дојдат Касиљас, Реина, Чави, Фабрегас, Инјеста, Виља ,Торес, Пујол, Сена... не е мала работа.
Само да не се откажат во последен момент. :kesa:
 
Таман ке биде напраена Северна ке биде голем настан:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Замислете како ке биде: "Шумуликовки му ја одзема на Чави на средината ,додава до Пандев , одличен потег на Пандев се ослободи од Пујол , Еден на Еден со Касиљас УДАР!!! и ГОООООЛ!!!! Води репрезентацијата на Македонија....(многу фантазирам ) :vozbud:
 
ОоООоооОооо.Торес,БОЈАН:zver:,Чави,Иниеста,Пујол,Виља...WoW:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom