Книги vs Интернет книги (e-books)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Какви книги читате ?

  • Обични книги

    Гласови: 98 82,4%
  • Интернет книги (e-books)

    Гласови: 21 17,6%

  • Вкупно гласачи
    119
А

Ајсшутер

Гостин
Еве една тема гласајте кои мислите дека се подобри и какви најчесто читате и дали сакате e-books ?
 
Има посебен шарм нормалната литература. Посебно ако е стара книга, или “не дај Боже“ оригинален ракопис... :vozbud: тоа е како директно со авторот да праиш муабет.
 
Стандардни книги :). Не е исто да буљаш во монитор и да ја држиш книгата во раце.
 
Не ми е филингот да читам e-book. Освен во крајни случаи ако неможам некоја да ја најдам.
Друго е книга да ја држиш в рака и да ја читаш.
 
E-books никогаш нема да можат да ги заменат обичните книги. Едноставно не е ист филингот со книга во рака и читање од монитор. А башка и од e-books очи болат :) Само кога не можам да најдам некоја книга во печатена форма, тогаш e-books се добра алтернатива.
 
Јас најискрено мислев дека не разбрав добро, али фак, у заблуда сум била. :icon_lol: Кое бе читање книги на екран, не ме заебавајте... :icon_lol:
 
обични книги дефинитивно...пошто сум фанатик по интересни корици :kesa:
...мада и електронските се добри.....се додека не настапат аудио-книгите на сцена добро е све....после ке забораиме да читам е:vozbud:
 
Оваа тема слична како и темата за дневните весници.Електронско против стандардно читање на хартија.Гласам за стандардните книги.Никогаш мониторите нема да бидат попрегледни и подобри за читање на книги отколку хартијата.
 
Освен некаков туторијал пролистување набрзина, чисто ради потреба, е-книги не користам во други случаи. Ионака долго време поминувам пред монитор, не ми треба да го зголемувам со читање е-книги. Башка, мислам дека поради „поблискиот“ однос, од обична книга повеќе паметам што сум прочитал.
 
Компјутерот не може никогаш да ја долови убавината на хартијата. Кога одвојувам време за читање, тоа го правам дома, во тишина, под светло само кон книгата и во апсолутен мир.
 
Гласав за е-книги бидејќи мојата струка е информатика и најдобро се учи од е-книги за стручна литература (така барем јас мислам) додека за останати работи нема подобро од хартија.
 
Дефинитивно обична книга.
Не сакам со саати да буљам во екран и далеку е поубаво кога во рака држам книга од бело-жолтеникава хартија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom