Seavus

  • Креатор на темата Креатор на темата Chandler
  • Време на започнување Време на започнување
Беф на интервју, чекам оваа недела одговор..... држете ми среќа...
 
PetarK напиша:
Претпоставувам дека прашањето ти е од аспект на Сеавус како потенцијален работодавач. Јас се знам добро со повеќе луѓе што се или биле во Сеавус и правев таму интервјуа лани како дел од правењето на магистерската. Ова е што би можел јавно да го кажам за нив:

Сигурно се една од три-четири најсериозни ИТ фирми во земјава, со голем број на многу добри луѓе. Што софтвер прават можеш да видиш и на нивниот сајт. Самото тоа што имаат веројатно најсериозен фирма-сајт во Македонија треба да ти каже нешто за фирмата. Ако си „техничар“ во душа, веројатно ќе те интересира дека работат доста несекојдневни работи, во смисла дека не прават само книговодствени програми на сто и еден начин.

Е сега, се разбира дека дали ти одговара да работиш за нив зависи што конкретно ќе ти понудат, за тоа не би можел да коментирам.
Петар Кајевски, или може се лажам. Да не ти го пушеа у фирма што толку ги испофали.
Па човекот не оди да работи од љубов, пари му требаат.
Ако неможеш да коментираш што конкретно ќе му понудат еве вака:

3 месеци ангарија и ако оценат дека можат да ти ја вадат маста ќе добиеш 250 евра(крај на прикаската со покачување плата). За пријавување, тоа е процес на чекање.

За возврат од тебе се очекува најмалку 10 работни часа дневно, 6 дена во неделата, а по потреба 7

благодарам
 
Епа Чорба

Епа за да заработуваат толку многу пари мора да ти ја извадат маста. Чорба ке направат од тебе и ке те дадат на мачето после тоа да те изеде.:hump:
 
На оваа тема можеме да разговараме доста долго така да кој не бил вработен во Сеавус нема да осети како е секој ден да се останува прекувремено, а тоа сепак во договорот го нема и тоа дека секое останување ќе ти биде платено ама не е така. Моментално имам другари кои поради таа прекувремена работа ја напуштаат фирмата сите истовремено бидејќи стварно на човек ќе му пукне филм да не видиш бел ден неколку месеци и дома да не си одиш. Е тоа кога ќе се случи ги викаат и им даваат колку пари сакаат ама веќе е касно не е филингот тој. Најтрагично е тоа што во таа фирма има стварно добри експерти за програмирање значи ви пишувам за ИТ секторот но тие што треба да ја дадат таа работа ставаат кратки рокови а они појма немаат за колку време тоа може да се заврши бидејќи немаат допирни точки со тоа што се работи. Е тука настанува тој проблем што менаџери на работата ставаат без работно искуство, со исклучок на некои кои се стварно добри и ја гледаат работата реално и не се од оие кои се лижат на претпоставениот. Поздрав
 
dreamermkd напиша:

Mи ги извади зборовите од рака. Истото сакав да го пишам, информации од пријатели кои работат таму.
 
Не би сакал да споменувам имиња но сметам дека доколку се направат некои измени во кадарот што е таму многу подобро би било за сите и би имало поголем просперитет. Што очекуваат од човек кој работи по 10-12 саати. Тој после 8 саати не функционира како што треба.
 
dreamermkd напиша:
На оваа тема можеме да разговараме доста долго така да кој не бил вработен во Сеавус нема да осети како е секој ден да се останува прекувремено, а тоа сепак во договорот го нема и тоа дека секое останување ќе ти биде платено ама не е така. Моментално имам другари кои поради таа прекувремена работа ја напуштаат фирмата сите истовремено бидејќи стварно на човек ќе му пукне филм да не видиш бел ден неколку месеци и дома да не си одиш. Е тоа кога ќе се случи ги викаат и им даваат колку пари сакаат ама веќе е касно не е филингот тој. Најтрагично е тоа што во таа фирма има стварно добри експерти за програмирање значи ви пишувам за ИТ секторот но тие што треба да ја дадат таа работа ставаат кратки рокови а они појма немаат за колку време тоа може да се заврши бидејќи немаат допирни точки со тоа што се работи. Е тука настанува тој проблем што менаџери на работата ставаат без работно искуство, со исклучок на некои кои се стварно добри и ја гледаат работата реално и не се од оие кои се лижат на претпоставениот. Поздрав

E dobro be plackovci, pa ne e samo Seavus takva firma vo RM... Imam i jas mnogu dobri prijateli tamu, taka da znam kako e.
Ama i znam kako e da se raboti vo fabrika, zime ladno, leto zesko, imam raboteno 92 dena bez sloboden den, aj da ne ti kazuvam po kolku saati na den. Pa skoro vo site firmi se raboti prekuvremeno.
A sto da kazat onie koi rabotat po konfekcii 1-3-2 smena, za pomalce od 100 eur???? A?
Taka da, dosta bre vakvi muabeti, ta ne ste sade vie, ta ne ste sade tuka!
 
Можда работат по 12 сати, ама како што ми кажуваше вработен таму, што повеќе стаж имаш тоа повеќе ти креваат плата (нормално ако се усовршуваш се повеќе и повеќе). Може да достигне и над 1000 евра. А и во канцеларија работат, не креваат пакети па да неможат да издржат 12 сати. Само мани да се барало
 
deXterche напиша:

Да точно е тоа дека ќе добиеш покачување ама додолку завршиш некој курс во таа област во која си стручен. Двајца браќа без избркани од таа фирма бидејќи во тој одреден рок кој им бил даден не завршиле курс по кој рекле дека ќе положат а тие немале глава дигнато од работа а камоли да мисли тој сега на дополнителен курс.
 
SeaGull напиша:
E dobro be plackovci, pa ne e samo Seavus takva firma vo RM... Imam i jas mnogu dobri prijateli tamu, taka da znam kako e.
Ama i znam kako e da se raboti vo fabrika, zime ladno, leto zesko, imam raboteno 92 dena bez sloboden den, aj da ne ti kazuvam po kolku saati na den. Pa skoro vo site firmi se raboti prekuvremeno.
A sto da kazat onie koi rabotat po konfekcii 1-3-2 smena, za pomalce od 100 eur???? A?
Taka da, dosta bre vakvi muabeti, ta ne ste sade vie, ta ne ste sade tuka!

Кој за што си учел! Некој вложувал во тебе не знам 4-5-6 години да станеш нешто така да мислам дека ако беше работата за конфекција или некоја кичма-транс немаше да одиш на факултет. Можеше тоа и во работнички универзитет да средиш.
 
dreamermkd напиша:
Да точно е тоа дека ќе добиеш покачување ама додолку завршиш некој курс во таа област во која си стручен. Двајца браќа без избркани од таа фирма бидејќи во тој одреден рок кој им бил даден не завршиле курс по кој рекле дека ќе положат а тие немале глава дигнато од работа а камоли да мисли тој сега на дополнителен курс.
E па ќе се помачиш на почетокот...секој почеток е тежок, за покасно да "уживаш". Сепак таа плата да ја земаш во Македонија, плус дома си, не во странство е каде каде поголема предност.
 
точно се сложувам со тебе само до колку години ќе издржиш со тоа темпо и колку психички ќе бидеш здрав.
 
Police напиша:
Епа за да заработуваат толку многу пари мора да ти ја извадат маста. Чорба ке направат од тебе и ке те дадат на мачето после тоа да те изеде.:hump:

тоа е премногу гледање серии како Џери Спрингер и Доналд Трамп
 
dreamermkd напиша:
точно се сложувам со тебе само до колку години ќе издржиш со тоа темпо и колку психички ќе бидеш здрав.
Навика, се е навика...ќе ти е тешко првите години(2-3). После ќе навикнеш, кога ќе ти стане рутина работата...ќе се усовршиш, може и интересно ќе ти стане, гледав на сајтот многу интересни проекти прават, да ти е кејф што си и ти дел од тој тим што го склопил тој проект. И ај замислисе ако работиш во таа фирма 10-15 години...каква ќе ти биде иднината? А каква ќе ти биде ако работеш во некоја продавница, или си амал во некоја фабрика за 200 евра месечно.
 
А бре каква навика кога немаш живот! На колега мој детето му порасна он не го ни видел ни него ни жена му!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom