Бегање од дома на неколку дена.

  • Креатор на темата Креатор на темата kod
  • Време на започнување Време на започнување

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Дали ви се случило да заминете од дома на неколку дена без да знаат вашите родители?

Ако ви се случило која била причината за бегањето?

Како реагирале вашите родители на тоа?

Чувствувавте ли грижа на совеста?

Темава ја отворив зошто една моја другарка пред неколку дена замина од дома на 5 дена, на шетање со дечкото, нејзините не знаеа секако. Кога се врати и сите ја прашуваме како поминала, што и рекле нејзините. А нејзина реакција беше: Добро бе како да изреагираат? Знаат дека сами си се криви што јас правам вака. Требаше да ме пуштат уште привиот пат кога им реков, а ако ми речат нешто сега знаат дека ќе заминам и никогаш повеќе нема да се вратам дома.
Се изначудив... Па ја да го напраам тоа куферите пред врата ќе ме чекаат...:nesum:

:helou:
 
А ова другарка ти, колкава е ако не е тајна?

Значи, другарка ти си заминала на шетање со некој типац, без да ги извести нејзините? И нејзините не изреагирале никако? Сигурна си, или безрезервно и веруваш на секој исказ на другарка ти? Ако си сигурна, блазе таа ќерка со толку либерални родители. Само нека внимава, многу се имаат залетано дека си одат од дома и дека никогаш нема да се вратат...додека не им се потрошат паричките во џебчето. А тоа поготово важи за вас, „понежните“... А токму тие таквите разлигавени како другарка ти, кои не знаат да почитуваат родителски збор и компромис, не можат да опстојат надвор самостојно, нити да најдат или да се задржат на некаква работа. А типацот...секако дека нема да остане цело време покрај неа и да ја издржава...Ќе биде тука, барем додека не се запознае со некоја, „попрактична“ од другарка ти.

Ќе ја чекаат и неа куферите пред врата нареден пат, веруј. Не измислила таа топла вода, не е прва шо го напраила тој потег. А ти, биди среќна шо не си го напраила, не и завидувај, и почитувај си го зборот на твоите, барем додека не се осамостоиш материјално.

Имам 22, уш малу 23 години, студирам прилично квалитетно, не сум заебант со животов, па имам родители што ми наоѓаат маани. Па никогаш не сум се одлучил да си заминам од дома, макар што, и ако би го направил тоа, би го направил со план, како да преживеам и да си ги обезбедам потребите. Значи, со план! А не со (да ми простиш) дигнат орган и без крв во мозок...пробај да ме сфатиш шо сакам да ти кажам.
 
Никогаш не ми забраниле да одам некаде и сега и пред 10 години така да не сум имал потреба да бегам .... еднаш од на школа останав охрид 1 ден и кренаја избуна ама им помина :)
 
Добро бе очигледно дека денес премногу филмови гледате... бегање од дома?????:nenene:
Во кој век живееме и какви суштества сме ако не можеме да се разбереме со разговор??? Бегањето е премногу детско однесување, и со кој памет другарка ти избегала од дома демек со дечкото е многу посигурна отколку дома а? Или тој повеќе ќе ја чува од родителите и ќе се грижи за неа? Утре сабајле!!! :tapp:
Еее кога ќе престанете со вакви глупости бе луѓе???:nenene: Ако некој има проблеми дома со неговите ќе ги реши со разговор ако не така, тогаш барем денес постојат советувалишта за такви работи, а не да се бега од дома и да се прават стресови на родителите :uvo:(замисли да имаш твое дете и да избега од дома како ќе ти биде тебе? Да не знаеш што му се случило, дали е добро или не и дали е на сигурно?)
Јас никогаш не би го направила тоа премногу ми е глупаво да си ги „решавам“ проблемите со бегање.:toe:
 
Абе какво бегање од дома ,па несакам предвреме да ги умрам моите не заслужиле тие така да им правам,Никогаш не сум помислила на тоа а и никогаш нема да направам тоа а тие родители кои на бегање од дома потоа не велат ништо треба да се запрашаат добро:toe:
 
зошто да бегам од дома кога можев да почекам да наполнам 19 и да дојдам скопје на фах каде покрај тоа што не сум со нив, и плус ќе ми праќаат пари...:toe:
 
зошто да бегам од дома кога можев да почекам да наполнам 19 и да дојдам скопје на фах каде покрај тоа што не сум со нив, и плус ќе ми праќаат пари...:toe:
И добиваш 2 во 1, како Нескафе:)
Што да бегам од дома не ми е јасно стварно.
Јадење
Пиење
Спиење
Пари(колку толку)
Ум
Парно
Непарно:)
Веце:pos:
Компјутер
Интернет

Не гледам причина зашто да бегам од дома
 
зошто да бегам од дома кога можев да почекам да наполнам 19 и да дојдам скопје на фах каде покрај тоа што не сум со нив, и плус ќе ми праќаат пари...:toe:

Eве паметен одговор:)

Јас никогаш не би избегал од дома.Така само губам.
 
И добиваш 2 во 1, како Нескафе:)
Што да бегам од дома не ми е јасно стварно.
Јадење
Пиење
Спиење
Пари(колку толку)
Ум
Парно
Непарно:)
Веце:pos:
Компјутер
Интернет

Не гледам причина зашто да бегам од дома

Unlimited time секс со дечкото/женската. :)
 
И добиваш 2 во 1, како Нескафе:)
Што да бегам од дома не ми е јасно стварно.
Јадење
Пиење
Спиење
Пари(колку толку)
Ум
Парно
Непарно:)
Веце:pos:
Компјутер
Интернет

Не гледам причина зашто да бегам од дома

Перење и пеглање(за беспари) заборави...најбитното. :)
 
Unlimited time секс со дечкото/женската. :)
и за ова ти требаат (твоите или нејзините) мама и тато да ти обезбедат место каде би го правел тоа (викендичка во планина или пари за хотел, стан под кирија...) освен ако не планираш во најблиската шума да се сексаш :helou:
 
Само ја кажав причината, поради која девочјето киднало од дома, другарка и на киткатче.:))
 
зошто да бегам од дома кога можев да почекам да наполнам 19 и да дојдам скопје на фах каде покрај тоа што не сум со нив, и плус ќе ми праќаат пари...:toe:
Е тоа е паметен одговор. Јас никогаш не би избегал од дома. Кога ке наполнам 18, одам на фак., мама и тато ме спонзорираат и решен проблем. Ако си одам од дома, нема да има ни фак., ни пари од мама и тато.
И добиваш 2 во 1, како Нескафе:)
Што да бегам од дома не ми е јасно стварно.
Јадење
Пиење
Спиење
Пари(колку толку)
Ум
Парно
Непарно:)
Веце:pos:
Компјутер
Интернет

Не гледам причина зашто да бегам од дома
Сето тоа е подарок од мама и тато зошто не бегаш од дома. Ако избегаш, веке ги губиш тие привилегии.
 
Од дома бегаат само пубертетлии.Никоја сзреана личност нема да го направи тоа.Нормално дека проблемите се решаваат со разговор,ама деца во пубертет не знаат баш за разговор и бегањето од дома им се чини како единствено (паметно) решение.Едноставно си летаат во облаци,си фантазираат.Ама кога ќе се судрат со реалноста се враќаат дома кај мама и тато.
А родител,како родител ќе ги прими назад,и сигурна сум дека нема да ги начека куферите пред врата.Тогаш родителот е тој што треба да изнајди начин да го донеси детето на прав пат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom