Буковец напиша:
До негде е точно дека со "тезгите" се заработува, ама ти кажи ми тој што свири флејта, фагот хорна, харфа каде да најде "тезга"?
Не е проблем да се направиш стручен во нешто и да бидеш мајстор на тоа што го работиш.
Најголем проблем е да најдеш пазар за истото. Односно да го пласираш, т.е да го материјализираш (финансиска добивка)
Значи правењето пари нема врска со уметноста, пред се човек треба да биде трговец (кога веќе зборуваме за зарабтока). Ако јас сум свирач на еден од тие инструменти што ги наброја, наредно нешто што би го направил е некако да се имплементирам во некој постоечки бенд што веќе тоа го работи и заработува (пример: синтезис), ако не успеам така, ќе направам свој бенд кој што ќе нема никаква врска со флејта или харфа како главен инструмент, и ќе тезгарам.
Ќе преработам ствари за да можат да се имплементираат на тие инструменти што јас ги свирам (Metallica Simphony идејата, ти текнува? Таму имаше работа за флејти, харфи, контрабаси,за цела филхармонија). Ма постојат милион решениа. Ако остане на тоа, ја свирам фагот and I am doomed, тогаш така и ќе биде.
Борба друже, ако не знаат тие што да прават со нив, тогаш стварно не ги бива. И секогаш има опција да научи некој друг инструмент пошто очигледно за тој не можат да најдат пласман.
Пример, си завршил машински факултет и сеа немаш работа. Што ќе направиш? Ќе се откажеш и ќе плачеш? На крај секогаш имаш работа како таксист. Крајна линија е, за се има решение, само треба креативност и идеја. А тука не може никој да ти помогне, па што сакаш биди!