- Член од
- 17 декември 2019
- Мислења
- 2.959
- Поени од реакции
- 5.026
- Возраст
- 34
нема што да си разочаран против Фарски, дечките медаља освоија.. МВП на турнирот беше фаран..
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со Шпанија сличен меч како и првиот против Хрватска на овие EYOF игри. Во прво полувреме добри (со Хрватска одбранбено, со Шпанија офанзивно), но во второ нападот комплетно затаи и на двата меча.Колку лесно прокоцкавме 4 разлика не е можно, ретроспективно грешка беше шо баш во тој момент одлучија нашите да ротираат.
Стојановиќ и Поповски по мене најмногу делат.Со Шпанија сличен меч како и првиот против Хрватска на овие EYOF игри. Во прво полувреме добри (со Хрватска одбранбено, со Шпанија офанзивно), но во второ нападот комплетно затаи и на двата меча.
Со оглед дека играме со европската елита (скоро сигурно и Хрватска и Шпанија ќе бидат во топ 8 идното лето на ЕП), ова и не се така лоши резултати, но не се ни којзнае што. Премногу аматерски грешки во одредени моменти, премногу избрзани нелогични потези. Има и некои highlight потези да не се сфатиме погрешно, ама како да недостига стабилност и нормалност во играта. Очигледно е дека фали искуство, ама некако фали и квалитет во одлуките што се носат, Шпанија не доби исклучиво на интелигенција на нивните бекови.
Има одреден потенцијал во оваа генерација, подобра е од претходната, ама и нема баш некој играч кој особено дели (очекував голманот Николовски да дели, ама доста слабо игра засега). Целосна спротивност на 2006та на пример, која има 2 одлични таленти во Дамјан Митев и Ристевски, ама после нив многу просечни играчи. Оваа 2008ма е некако доста подлабока, ама нема суперталент. Двата пикери се интересни, особено Симоновски. Десниот бек, Поповски очигледно има игра, денес беше убедливо најдобар откако беше катастрофа против Хрватска. Димчевски потсеќа на Талески и во позитивните и во негативните работи. Се надевам ќе научи нешто од неговата кариера. Средните бекови и двата се интересни (Ѓоргиевски и Стојановиќ) - секој на свој начин, комплетно различни се, ама ни едниот ни другиот не се којзнае какви таленти. 15 годишниот Угреновиќ има талент но е истовремено екстремно недисциплиниран во играта - треба мнооогу школо. Десните крила и двете се добри офанзивно, ама со висина која ќе ги лимитира многу дефанзивно. Очај сме на лево крило, стварно е неверојатно како може скоро сите генерации лево крило да ни е најслаба карика. Позицијата која треба да е најлесно да се пополни. Навистина неверојатно...
Така некако измешан впечаток се на се. Не се на ранг на 1996, 2002 и 2004, генерации кои дефинитивно се најдобри во помодерната ракометна историја, но има шанси да се подобри од другите, ќе видиме како ќе играат идната година на ЕП. Ќе видиме, на оваа возраст една година може да направи голема разлика. Може и некој друг помлад да се вклучи во составот. Интересно е што основата на екипата (практично сите важни играчи) доаѓа од 3 клуба: Алкалоид, Пелистер и Пролет + 2ца кои играат во странство.
Го делам истото мислење, они двајца и тука би го додал и Угреновиќ, се веројатно најталентирани во генерацијата. Дамчевски неверојатно потсетува на Талески, како што кажа Xsago се надевам ќе земе од него повеќе позитивни работи.Стојановиќ и Поповски по мене најмногу делат.
Двајцата измислени за ран н ган ракомет.
Поповски десниот бек, дете од Ресенне знам кој број беше и плачеше и се гледаше дека е незадоволен од резултатот - може него и да го бидне во иднина).