Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Чешка и Шведска заминаа во ковид-изолација, Македонија чека шанса во последен час | Gol.mk Чешка пријави 8 позитивни ракометари, и тренерите Кубеш и Филип се истотака позитивни.
Кец на десетка за домаќинот. Они и инсистираа на Чиле да се даде вајлд карта за групата да не им биде тешка и да не мора да играат со Македонија, а еве сега би добиле втор состав на Шведска и евентуално Чешка (која и така изгледа полураспадната).
 
а има ли правило како се пополнува ако одкажат на пример 2 репрезентации од различни групи ????
 
Последно уредено:
У тој случај првата селекција ќе бидеме ние, а втората ќе биде по наш избор. :D :D
 
Не знам како би фатиле место, колку и позитивни да излезат, ќе повикаат други ракометари. Сигурно никој не би се откажал од Светско, па макар требало да оди и со Б тим.
 
Па нормално драми дека мора да има. И јас мислам дека залудно се надеваме. Кога се случило досега на некое вакво натпреварување да улета некоја прва или втора или whatever резерва? Ја за такво нешто не сум слушнала.
 
Не знам како би фатиле место, колку и позитивни да излезат, ќе повикаат други ракометари. Сигурно никој не би се откажал од Светско, па макар требало да оди и со Б тим.
Фала богу тоа, освен ако не се случи Афричка екипа што оди таму ради реда со играчи што во слободно време работат како градежници...
Иначе јок, 0 шанса
Па нормално драми дека мора да има. И јас мислам дека залудно се надеваме. Кога се случило досега на некое вакво натпреварување да улета некоја прва или втора или whatever резерва? Ја за такво нешто не сум слушнала.
Да де, се знае тоа, ама до сега не ни имало пандемија и вакво "директно" пласирање на Сп без квалификации

Не верувам дека некој навистина се надева, 5% шанса преку сила дали има за да се случи нешто такво, сите сме свесни за тоа
 
Podobro neka go ukinat prvenstvoto, sto ako izlezat pozitivni igraci na nekoja repka koja se naoga vo cetvrtfinale ili polufinale, sluzbeno ke bide dodelen natprevarot ?
 
Па нормално драми дека мора да има. И јас мислам дека залудно се надеваме. Кога се случило досега на некое вакво натпреварување да улета некоја прва или втора или whatever резерва? Ја за такво нешто не сум слушнала.
Македонија во женски ракомет влезе на СП 2001 наместо Тајван ако не се лажам (или беше друга земја). Во 2015 ја исфрлија Австралија, само за Германија да игра на СП. Откажа тогаш некоја азиска земја и наместо нив дојде Исланд. Се случуваат такви работи чат пат.

Podobro neka go ukinat prvenstvoto, sto ako izlezat pozitivni igraci na nekoja repka koja se naoga vo cetvrtfinale ili polufinale, sluzbeno ke bide dodelen natprevarot ?
Не го укинуваат. Египет во оваа ситуација е блиску до топ5.
 
Во 2015 ја исфрлија Австралија, само за Германија да игра на СП.
Немаме ние толкав кредибилитет како Германија во ракомет.

Ајде, се надевам ќе ни се насмевне среќата и нам годинава, па ќе гледаме светско со многу повеќе адреналин!
 
Не знам како само ИХФ планираше да ја менаџира ситуацијава. Висеше во воздух дека некоја екипа може да има зголемен број позитивни пред СП. Требаше да одредат мин бројка на позитивни при кои една екипа ќе биде исфрлена од СП ако не успее да пријави соодветен број играчи.
 
И сега сакате да кажете дека овие од Чешка ќе играат со некоја чкљ постава? :D

Друга ствар, нашите увежбани се? Или стандард Ќире шутира и кога треба и кога нетреба, па го форсира брат му Филипче. Гоце портокаловиот трчка натаму наваму со една цел да ја погоди противничката статива. Борко паунот во репрезантацијата, не дека нешто премногу го бива, ама знае да одбрани чоекот нешто во клучен момент и тоа исклучително многу му влијае на самодоверба (ме потсеќа на Диви малку). Хммм, Стоилов ми е сладок, борбен е, жесток, ми се допаѓа! И Манасков исто.

И стандард нели тој цепелинот што го форсираат крилата и Лазарови.

На овие новите им треба уште многу леб да јадат. Кузмановски и Талески ми се посебно неуиграни.

Миркуловски беше добар играч. И Алушевски.
 
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЧЕШКАТА РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА: „Имаме информации дека веќе две репрезентации побарале проширување на списокот од по 35 играчи, при што ИХФ дало зелено светло и во двата случаи. Ситуацијата е далеку од добра за нас, но очекуваме од ден на ден да се нормализира. Ако нема доволно здрави играчи, ќе побараме и ние да го прошириме списокот, цлта е јасна – по секоја цена да играме на СП во Египет. Го поместивме и летот за Каиро од вторник за среда, бидејќи секој ден е драгоцен“, изјави претседателот на Чешката ракометна федерација, Јарослав Швални. Решени се - ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА ОДАТ НА СП!
 
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЧЕШКАТА РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА: ... и ние да го прошириме списокот, цeлта е јасна – по секоја цена да играме на СП во Египет. Го поместивме и летот за Каиро од вторник за среда, бидејќи секој ден е драгоцен“, изјави претседателот на Чешката ракометна федерација, Јарослав Швални. Решени се - ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА ОДАТ НА СП!
ако нема здрави играчи може и ракометарки да прати у Египет, посебно ако има доста згодни плавуши :cool:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom