Се или ништо? Или има и друга опција?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Замислете ја ситуацијава: Ви се допаѓа некоја личност и тоа многу. Значи пробувате да се зближите со таа особа, нормално за да ја придобиете. Е сега прашањето ми е дали додека сте насочени и ви се допаѓа одредена личност, дали барате алтернативи (друг/а дечко/девојка) во случај особата која ви се свиѓа да ве одбие? Дали целосно се посветувате на особата и нејзиното придобивање и не се интересирате за друг/а или сепак подгледнувате лево - десно, за секој случај?

Дали идете на се или ништо или сепак си имате алтернатива во случај да ве одбијат?
 
Само една особа не ми се десило да ми се свиѓа никогаш до сега,обавезно си имам “златна резерва“ и многу ме нервира ова кај мене,што не се насочувам само кон една цел.И исто така имам периоди каде што или ми се свиѓаат сите,или скроз никој,што е стварно глупо зошто идат во крајности,кога ќе дојде периодот на несвиѓање станува ептен досадно,а кој ќе дојде периодот на свиѓање е преисполнето.

Ама пак затоа,ако успее со еден од тие што ми се свиѓаат,интересот за другите одма ми го снемува,не се шетам ваму-таму,туку сум насочена само кон тоа што го имам right here right now.
 
Замислете ја ситуацијава: Ви се допаѓа некоја личност и тоа многу.Значи пробувате да се зближите со таа особа,нормално за да ја придобиете.Е сега прашањето ми е дали додека сте насочени и ви се допаѓа одредена личност,дали барате алтернативи (друг/а дечко/девојка) во случај особата која ви се свиѓа да ве одбие?Дали целосно се посветувате на особата и нејзиното придобивање и не се интересирате за друг/а или сепак подгледнувате лево - десно,за секој случај?

Дали идете на се или ништо,или сепак си имате алтернатива во случај да ве одбијат?


Незнам дали се тоа алтернативи, бидејќи секогаш постојат барем неколку личности кои те привлекуваат.Повеќе или помалце.
Доколку девојката за која сум најмногу заинтересиран е вон домет :) сигурно нема да се откажам од секоја наредна можност која ми се пружа, со некоја од другиве опции.

Најмудро е секогаш да си оставаш добар однос и можност да се приближиш до сите подеднакво, пред се' ставај си ги своите интереси на прв план.
Доколку некој/ја неможе да те доцени секогаш има друга опција.

:smir:
 
Замислете ја ситуацијава: Ви се допаѓа некоја личност и тоа многу.Значи пробувате да се зближите со таа особа,нормално за да ја придобиете.Е сега прашањето ми е дали додека сте насочени и ви се допаѓа одредена личност,дали барате алтернативи (друг/а дечко/девојка) во случај особата која ви се свиѓа да ве одбие?Дали целосно се посветувате на особата и нејзиното придобивање и не се интересирате за друг/а или сепак подгледнувате лево - десно,за секој случај?

Дали идете на се или ништо,или сепак си имате алтернатива во случај да ве одбијат?
Подобро да добиеш барем дел од она што го сакаш,,отколку да не добиеш ништо..:smir:
 
Алтернативи секогаш постојат. Нормално, додека сум насочена кој субјектот кој најмногу ме интересира, останатите резерви (така да ги наречам, иако деградирачки звучи) се на стенд бај, неактивни, затоа што интересот најчесто ми се усмерува кон една личност.

Во случај да не испадне ништо со предметот на интерес, алтернатива мора да се има некаде во близина, иако ќе ми треба некое време додека го пренасочам интересот кон новиот субјект.

Не дека секогаш имам алтернативи, ама и да немам во моментов, алтернатива секогаш може да се најде во случај на неуспех...

Ама стручно и ладно се изразив, ко анкета за покачување на брашното :icon_lol:
 
видите ... по мене би било деградирачки да се насочам само кон еден.. и тој типацот во случај ко би ми акнал корпа јас би се осеќала уништено, понижено, тажно, депресивно и на работ на нервен слом... барем приближно до ова... затоа секогаш постои некоја златна резерва ( множина упиши)...
 
Има повеќе алтернативи секако...се додека некоја од нив не успееш да ја придобиеш...потоа полека се гасиш односно се насочуваш кон онаа особа со која си а другите ќе чекаат некои подобри времиња :smir:
 
..немам појма бе... други алтернативи треба да се има...као кажано резерви...ама ипак ја сум сконцетрирана на она шо го сакам 99.9% ама сепак она 00.1% може да зезне..ама ипак никогаш не одам на се или ништо...:toe:
 
Замислете ја ситуацијава: Ви се допаѓа некоја личност и тоа многу.Значи пробувате да се зближите со таа особа,нормално за да ја придобиете.Е сега прашањето ми е дали додека сте насочени и ви се допаѓа одредена личност,дали барате алтернативи (друг/а дечко/девојка) во случај особата која ви се свиѓа да ве одбие?Дали целосно се посветувате на особата и нејзиното придобивање и не се интересирате за друг/а или сепак подгледнувате лево - десно,за секој случај?

Дали идете на се или ништо,или сепак си имате алтернатива во случај да ве одбијат?

Мхм, целосно се посветувам баш на таа дотична особа, не се интересирам за други, буквално сум слепа за други тој период.

Што знам, не гледам потреба од алтернативи.. Или таа особа или ништо.

Значи се или ништо :)
 
Се или ништо е така романтично.
И храбро...можда.
And stupid-said the old Indian.
Во секој случај,тоа е лајкбл опција,симпатична ствар да се направи.
Иако најчесто завршува со неуспех,што е тажно:(...љубовта можеби навистина умрела со Дон Жуан.
Сега постојат алтернативите,опциите,плановите...континуирана борба да се дојде до задоволство и да се одржи тоа што подолго.И најтрагично,секој ќе бидеш понекогаш вовлечен во таа математички испреплетена мрежа,која толку длабока,што во неа веројатно пропаѓа и самото задоволство,за чие наоѓање е создадена истата таа мрежа.
Значи,поента не нејзиното постоење?
Не баш.
Колку би било фино,кога еднаш за промена,сета таа енергија што се вложува за планирање на искористувањето на еден извор на задоволство,да се пренасочи во пронаоѓање на други избори.Така нема да има оптоварувања,што самото по себе ќе ја исклучи потребата од гореспоменатите "математички помагала":).
Углавно сакам да кажам,Се или Ништо повеќе ми се свиѓа,само малце проширено испадна.
 
Јас за секоја работа во животов одам на се или ништо. Ама баш за секоја.
Не гледам зашто во љубовта би сменила поглед :)))
А и нема ризик... Се или ништо секогаш е, и не се плашам затоа што знам дека на крај пак јас победувам. Не постои нешто што неизмерно го сакам а да не го добијам, а богами ни личност. Помага бе енергијата, бидете сигурни во тоа, а ја неа сум и потчинета :)))
Сум имала се...сум изгубила се...пак сум имала на момент се...пак сум го изгубила... Но, дури и да сум без ништо и да умрам без нешто, можам да кажам дека вредело за она се што некогаш сум го имала...
Поентава ми е, нема никаков ризик.

А кога конечно ќе заврши она се... па алтернативи се отвараат. Не една туку милион и една ама не ги сакам нив :))) Не се интересни, не се возбудливи и не се никаков предизвик...а богами не се ни вкусни зашто брзо здосадуваат.

Затоа ви велам се или ништо... :pipi:
 
Паметно е да се има резерва... Ама јас ризикувам... :) Се' или ништо... Полесно ми е така... Фокусирана сум на едно нешто и тоа е тоа... Ако застранувам губам концентрација за побитното :) Не бива така...
 
ако пријателство го сметате за друга опција тогаш да :vozbud::vozbud::pos2:
 
Секогаш имам повеќе симпатии. Вакв стратегија во периодот на флерт, додоворување и дрш-недај има повеќе шанси за успех од концентрирањето на еден човек. Не правам притисоци, не го следам наоколу по места за искачање, не си поминувам тапа вечерта ако не се појави.. а и во комуникација со него (нив) сум послободна и поопуштена пошто не сум очајна. А со кого ќе испадне, тоа е понекогаш работа на среќа и/или судбина. За мене заљубувањето доаѓа подоцна.

Да резимираме, секогаш сум за опцијата СЕ пред опцијата НИШТО.
 
Според мене, прашањето треба да биде: секс или ништо.

Која нуди подобар секс, таа има предност. Ако две и повеќе нудат добар секс, тоа се слатки маки и може да се оди на детали од типот однесување, изглед, снаоѓање во друштвото итн.

Праксата покажува дека е голем успех ако само една нуди секс, бидејќи останатите обично се кучкаат и си го дигаат носот. Ако таа што нуди секс истиот го нуди константно и подолго време и постојано е добар, веќе ја снемува потребата да се бара некоја друга и веќе стапува период на врска, без дури и да си свесен дека е така.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom