Донација за Ивона

  • Креатор на темата Креатор на темата WondeR`
  • Време на започнување Време на започнување
Како можела да го повреди грлото нема врска целава прикаска ако оди пак на операција после ќе ја повреди ногата и така натака....................перење пари
:facepalm:
Рече експертот за кардиоваскуларна, белодробна и оториноларинголошка хирургија!
Ма колку обожУвам вакви луѓе, чудо едно!
 
Како можела да го повреди грлото нема врска целава прикаска ако оди пак на операција после ќе ја повреди ногата и така натака....................перење пари

Можеби јас погрешив што не објаснив подобро каква е ситуацијата со Ивона и како дошло до таа компликација на грлото. Нормално е човек да се запраша.
Мислев дека луѓето ќе бидат убедени во точноста на сево ова по тоа што имаме број на ВИП за донации. Откако беа доставени извештаите од болниците каде е лекувана тие дадоа број.
На кратко, грлото на Ивона беше повредено односно инфицирано од тибусот кои се поставува за време на реанимацијата на детето (после операцијата детето лежи со денови на реанимација, односно под анестезија приклучени на апарати за дишење, срце и.т.н.). Тибусот директно оди во грлото преку душникот и носи кислород на белите дробови. (тибусот е цевка). Можеби немаше да дојде до инфекција ако овој тибус не се ставаше три пати по ред поради тоа што детето преживеа три операции за срце.
Ако сеуште не веруваш во приказнат отиди во детската клиника во Скопје, кардиологија, ОРЛ прашај сите го знаат веќе случајот бидејќи детето после секоја операција лежеше во Скопје со мајката по минимум месец до два, собирајќи ги тие месеци се многу.
Поради проблемот значи, се закажа операција во Грац, Австрија, детето беше оперирано со ласерска операција и вратено во Македонија. Потребна е повторна интервенција бидејќи со ласерската операција не се постигна она што се посакуваше.
Доколку сеуште не си убеден отиди до Сител и прашај дали пред операцијата на срце емисијата Опуштено беше да снима овде кај мене дома за случајот и дали со квиз новинарите на Сител донираа околу 120 илјади денари. Дојди во Штип во ТВ Стар и прашај дали беа пред една недела кај Ивона да ја снимаат се со цел луѓето да се уверат. Детето се аспирира на секој саат поради тоа што се создаваат шлајмови оти плуќата е отворена. Ако не се аспирира може да дојде до гушење, а ова го прави уште потешко оти има само четири години. Треба постојано да се следи и пази за канилата да не падне, поради тоа што трча си игра како и секое дете на нејзини години.
Ако не си убеден дојди во Штип да се увериш.
 
Не можете ли некако да направите да се донира и од другите оператори, еве на пример јас сум на Т-мобиле, ако има таква опција напрајте да се соберат повеќе средства и од сите оператори.
 
Не можете ли некако да направите да се донира и од другите оператори, еве на пример јас сум на Т-мобиле, ако има таква опција напрајте да се соберат повеќе средства и од сите оператори.

За жал не може, таква е политиката на операторите. Единствена опција е да се отвори број на T Mobile и One.
 
Не ми е јасно што е проблемот - "Избравте непостоечки број".
 
Не ми е јасно што е проблемот - "Избравте непостоечки број".

Ако ти е од друг оператор бројот така кажува, јас затоа потенцирав да се земат броеви од сите оператори да можеме сите да донираме.
 
Овие денови (изгледа утре) ќе се поднесе барање за да добиеме број и од T Mobile, но не знам колку време ќе им треба за да го отворат (ако прифатат да дадат број), ВИП го отворија за два дена, T Mobile не знам. Од како ќе го отворат ќе го пишам овде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom