Донација за Ивона

  • Креатор на темата Креатор на темата WondeR`
  • Време на започнување Време на започнување
Донирано,
Господ здравје да и даде на малово ангелче
 
донирано и од мене сега...нека ја чува господ малата
 
Донирано

Срценце...и посакувам успешна операција ,долг и срекен живот
 
Дури сега ја видов темава...
Донирано, во секој случај.
Со среќа.
 
И јас донирав... И посакувам што позбро да оздраве! Се најдобро!
 
Овие два дена веднаш ќе си ставам кредит и ќе донирам за Ивона. Дај боже операцијата да биде успешна и да биде здрава како дрен. :smir:
 
zasto jas vcera vrtev na telefonot sto go imate dadno ama edinstveno sto slusnav e deka telefonskiot broj ne postoi.Sakam da doniram i sakam maloto zlato da ozdravi sto pobrzo!

ok e ,sega donirav
 
Како стојат работите со операцијата на Ивона?
Постојано мислам на неа бидејќи и мојот син е роден со слична дијагноза!
Ќе може ли некоја поблиска информација?

Срдечен поздрав и пред се Благослов!
 
Се сеќавате на малата Ивона? За која дониравте за да оди на операција за срцето во Софија, Бугарија? И беа потребни три операции на срцето и беа направени благодарејќи на донациите од сите вас. Се собраа финансиски сретства и Ивона отиде на операција. Операциите завршија успешно, срцето и беше излечено, но на последната операција и беше повредено грлото.
Оттогаш на Ивона и беше поставена трахеостома на грлото преку кој таа диши. Така е веќе една година. Беше извршена ласерска операција во Грац, Австрија, но потребно е лекувањето да се продолжи. Денес таа не може да зборува, комуницира со помош на рацете и живее изолирано од луѓето. Денес има четири години.
Ве замолувам сите вас како веќе докажани хумани луѓе да донирате по 100 денари на телефонскиот број 077-143-772 или со уплата на жиро сметката 200001356699222.
Ви благодарам на сите многу.
 
На ваква приказна човек неможе да остане рамнодушен.
Искрено се надевам дека и овој пат хуманите луѓе ќе излезат во пресрет и со својата донација ќе помогнат.
Капка по капка - вир
 
Ти благодарам Darklady. Заборавив да напишам во соопштението дека на бројот може да се донира само од телефонски броеви на VIP операторот.
 
Ви должам на сите една голема благодарност за донациите за Ивона. Денес таа има четири години. Операциите за срцето завршија успешно. Но, на последната операција се оштети грлото. Отворив нова тема за новите донации на соодветниот подфорум. Еве линк http://forum.kajgana.com/threads/Донации-за-Ивона.57037/
 
Како можела да го повреди грлото нема врска целава прикаска ако оди пак на операција после ќе ја повреди ногата и така натака....................перење пари
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom