23 години независна Република Македонија

Да ама по 50 години бугарите ќе си стават документ еве колку се Бугари, а еве Македонци. И после што? Пак македонскиот народ си го уништуваме. Ти како сакаш осеќајсе, ама кога ќе го видат пасошот, ти си Бугарин. Од каде сега тие ќе знаат како ти се осеќаш :)
Млад сум јас, уште немам грижи за егзистенција и такви работи. Белким нема да дојде дереџе и јас да барам бугарски пасош.

Чекај малку, а ти всушност си видел ли како изгледа Бугарскиот пасош на еден Македонец? Значи во делот каде што треба да се наведе националност, на сите Македонци им пишува Македонец а не Бугарин. Твојата националност никој неможе да ја промени доколку ти не се откажеш од неа, односно не се откажеш од својата матична држава ( татковина ). Тоа што некој има Бугарски пасош не значи дека се откажал од "Македонштината" што тој во душа ја чувствува, тоа никој неможе да ти го земе и смени. Доколку некој се откаже од неговото Македонско државјанство за сметка на Бугарското тогаш може да се смета како вистински Бугарин, но и тоа е дискутабилно.

Нашава мила и независна држава со сите свои закони и самиот систем што е воспоставен во неа дозволува нејзините граѓани да поседуваат двојно државјанство, односно да бидат граѓани и на друга држава освен само на својата матична.

А муабетот дека после 50 години Бугарите ќе го дрват со бројки колку Македонци се всушност Бугари не треба воопшто да ве загрижува бидејќи тие тоа и сега го прават, и назад со векови го правеле па никој сеуште ништо не направил да ги спречи. И не само Бугарите туку и сите комшии околу нас, Грците не ни признаваат име на држава, Србите црква, Бугарите народ и јазик, Албанците исто. Се се тоа политички игри. До ден денешен Бугарија не го признава Македонскиот народ и јазикот, што самото по себе подвлекува дека ние за нив не постоиме како народ, односно они отсекогаш тврделе дека ние сме исти народ само живееме во две различни држави.

Радувај се никогаш во животот да не ти затреба Бугарски пасош, и јас би се радувал за тебе и за сите останати кои нема да имаат потреба од такво нешто. Но факт е дека се поголем број Македонци живеат во сиромаштија и се на дното па излезот од таа ситуација и подобра иднина за своите семејства ја гледаат во Бугарскиот пасош и заминувањето во странство. Значи верувај ми дека не постои Македонец кој извадил Бугарски пасош затоа што се осеќа како таков или дека многу ја сака Бугарија па ќе се пресели таму да живее. Не, сите вадат пасоши за да заминат на Запад. Се работи за борба за опстанок а не за јачење на национализмот или што ти знам какви други срања.

Ако си многу млад уште не ги разбираш овие работи, но ќе дојде ден кога ќе ти се разјаснат. Верувам ми дека и јас бев исти како тебе до пред 3 години, но сега работите и околностите се сменија а заедно со нив се сменија и моите мислења и начинот на размислување. Што и да правам, што и да кажам, дали ќе извадам Бугарски пасош или пак Кинески тоа мене не ми ја намалува љубовта кон татковината, а тоа секогаш ќе биде Македонија. Како што се бореа моите блиски во 2001ва, ако има потреба недај боже, истото би го направил и јас без размислување. Љубовта кон татковината не се искажува со документи и пасош, туку со дела!
 
Македонија беше делумно независна едвај 10тина години ,до Рамковниот.
Од тогаш сме далеку од независност..
 
Последно уредено:
Прво, кога вадиш бугарски пасош не го откажуваш македонскиот. Па така пак учествуваш во играта наречена "На кој му е поголем"... ...бројот на жители.
Второ, до кога со патетикиве "си го уништивме народот", "си ја уништивме државата" дрн, дрн, пуф. Оние што вадат бугарски пасоши не уништиле ништо. Тие си го поправаат уништениот живот. Уништувачите на државата и на народот барајте ги во "куќата на демократијата". Тоа се оние кои пред избори ве потапкуваат по рамо за да се почувствувате патриотски, за да после изборите ве потапкаат по џебот и после тоа тапкање парите со шлепер да ги изнесат од мајка Македонија која нели многу ја сакаат. Тоа се оние кои веќе 23 години насилно го иселуваат својот народ.
Да не навлегуваме во тоа дали за останатиот дел од постот си во право или не но за болдот дефинитивно грешиш. За да добиеш бугарски пасош не се откажуваш од македонскиот што е точно но се откажуваш од националноста. Тоа се две различни работи. Исто како што тука на основа на националност и нивниот број уставот им гарантира посебни права и погодности иако сите имаат македонско државјанство и пасош.
 
Крушевската Република траеше 10 дена, Македонската држава траеше 10 години... ако сметаме по оваа прогресија... некогаш нешто наше можеби ќе трае многу повеќе :)
 
ВМРО -вец Колку само ни е добро во државава,види Скопје милина,невработеноста ни се намалува,све студенти машина од држава,незнам зошто Еу не ни испрати молба за влез!

СДСМ -овец Леле крш,диктатура,оној Груески слепец цела држава ја покраде.Мора да се напрае нешто за тоа ајде пак на протести или нешто слично,мора да се стави крај на НЕдемократијата

Реалноста од денот кога прогласивме независност си тапкаме в место,или популарно 2 чекори напред 3 назад.Уште децана надвор на улица кога ќе слушнам дека за политика зборат,се прашувам кај ќе ни е крајот..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom