Divider
Seraphim
Кој нозе, зошто нозе, како нозе? Башка не носам ролекс, за жал, Патек Филип, јебига, реков, стил. не е се во скапотијата, во стилот е, иако е Патек Филип е, да не речам, си знаете, оние кои теба.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Garfield напиша:Кој нозе, зошто нозе, како нозе?
Модерниот маж се повеќе почнува да ги користи „модните додатоци„, под услов накитот на биде дискретен и „мажевствен„, со нараквица како омилен додаток, соопштија стручњаците на салонот Еклат де Моде, што во Париз се одржа на петти септември.
Неколку специјализирани марки на машки накит се појавија од крајот на деведесеттите, како и срамежливи машки линии кај некои специјалисти за женски накит.
Три производи се најбарани на пазарот - нараквица, ланче и прстен.
Едно неодамнешно истражување на Францускиот институт за мода покажа дека 72 проценти од мажите говорат за “изразувањето на посебност, како мотив за купување„.
Големата стоковна куќа Принтемпс - Хом во Париз отвори приземје во целост посветено на модните детали и побара од бројни креаторски куќи да направат накит “истовремено ексклузивен и модерен, но притоа да остане мажевствен„. Одлуката паднала на нараквицата.
Нараквицата, навистина е и најпродаван накит по ланчето, кое мажот може да го сокрие под кошулата кога оди на работа.
Материјалот и боите се ограничени и се движат околу среброто, челикот, рамна или преплетена кожа или каучук.
Ланчињата често завршуваат со привезок во форма на жилет, американските плочки за идентификација или мали пиштоли. Боите засега остануваат природни - црна или сребрена.