Еден од фаворитите од врвот на Ендемол, од оваа сезона ќе се продуцира и во Република Македонија. „Deal or no deal“ оваа есен доаѓа како „Земи или остави“ на Алфа ТВ Скопје.
„Deal or no deal“ или „Земи или остави“ е вистинска драма во прајмтајм термините која се емитува во 80 земји. Едно од најфлексибилните гејм шоуа во светот.
Шоуто „Земи или остави“ се претвора во психолошки трилер и станува многу повеќе од само игра.
Во зависност од карактерите на натпреварувачите, како и од развојот на драмата од неизвесноста што ќе донесе играта, „Земи или остави“ е урнебесна комедија или приказна со тажен крај.
Тоа не остава никого рамнодушен пред малите екрани
Но, што треба да се направи за да се биде херој на „Земи или остави“?
Откако ќе бидат избрани да се натпреваруваат на учесниците им требаат само среќа, храброст и добро чувство за вистински потег во вистинско време.
На спектакуларно уредената сцена блескаат стотици рефлектори и голем дисплеј кој го претставува „дрвото на парите“ односно сумите што ги има секој куфер кои во тој момент ги изнесуваат 26 убави девојки.
Секое куферче е одбележано со број. Од 1 до 26. Никој, освен за тоа овластени луѓе од продукцијата, не знае кое куферче колкава сума носи.
Водителот го повикува на сцената натпреварувачот и тој треба да го направи првиот важен избор: мора да го избере своето куферче и се надева дека во него е највисоката сума предвидена во играта.
Откако ќе го избере, девојката приоѓа на подиумот и играта на нервите може да започне.
Наскоро за „Земи или остави“ многу повеќе на Алфа ТВ и на веб страницата на телевизијатa
http://www.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=88&articleId=55