Точно така дека нема таков лек, се е во мозокот и во психата наша, а и претежно поголемо количество на љубомора покажуваат оние кои веќе биле изневерени, излажани.. Кај нив е многу потешко да ја излечиш или да ја сведеш на минимум љубомората, е сега да точно е дека ја има кај секој, но во зависност е, и предност имаат оние кај кои не е приметлива, односно е во некоја така наречена нормала.
Но, исто така има и луѓе кои уживаат во љубомората, односно сакаат некој а ги тормози, следил, препрашува, каде беше? со кого? како?.. тие мене некако ми се полош клинички случај, едноставно они се љубоморни на тоа зошто не ги прашуваат за се, ама баш се. Е сега веќе ако ви е важно да останете со тој партнер/ка, тогаш можете да се потрудите да и влеете сигурност и доверба, но за жал дали ќе вроди со плод никогаш не се знае.
[zEUs];1706774 напиша:
Лек за љубомора е љубовта, ако се сакаат вистински нема да постои љубомора.
До кога нема да постои љубомора? Додека не се заврти по првата добра девојка? или обратна ситуација? Или кога прв пат ќе излезе сам/сама?
Не си гајте розови облачиња, постоела и секогаш ќе постои, дури имам баш во големи љубови сретнувано тешко љубоморни суштества, така да нема гаранција па и да двајцата вистински се сакаат. Ако некој си е стремен да е љубоморен, ќе си биде па и да ја има најверната и поштена личност до него.