Сите машки се со шупливи глави,размислуваат со долниот пријател и ги интересираат само женски кои се убави и имаат убаво тело.
Нормално,оваа реченица не е точна,ама само сакав да ви пишам како изгледате вие со вашите генерализации.Смешно,ирационално...ама разумно секако не.
Се разбира дека има кучки кои ја искористуваат љубовта на машките,ама има и гадови кои исто така се однесуваат сурово и ги повредуваат девојките.Ако мене неколку машки ме повредиле,немам никакво право врз таа основа јас да извлечам заклучок дека сите машки се исти,без мозок,дека целта им е да те повредат и слично.Така и вие,што генерализирате,ставете прст на главата и размислете малку.Има една многу убава реченица: Ако еднаш те повредат,крива е личноста што те повредила,ако те повредат повеќе пати сам си крив.Ако стално налетувате на погрешна личност,не значи дека сите девојки се кучки,туку дека барате на погрешни места.Има многу девојки кои се пристојни,фини и не се спонозоруши,ама јебига,обично не се доволно атрактивни и интересни,па ги игнорирате.Ако погледнете малку,ама малку пошироко од вашиот замислен шаблон,ќе видите дека не се сите женски кучки,не се сите женски спонзоруши,не се сите женски исти во однос на љубовта.Истово важи и за девојките кои прават генерализации.Ама баш истото.Не се сите исти,ама обично човекот го бира тоа што му е поинтересно,послатко за очи и повеќе гледа површно на работите.Барем во одреден дел (младоста) од животот.