Дали е доволна минималната плата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ljuben
  • Време на започнување Време на започнување
Виц:
Германецот- Јас имам плата 3000 евра. Стан, храна, сметки, нешто за облека трошам 2000 евра. Тие 1000 незнам кај ми идат.

Француз- Јас имам плата 2500 евра. Купи облека, храна, стан, сметки трошам 2000 евра. Тие 500 незнам кај ги трошам.

Македонче - ја имам плата 200 евра. Сметки, храна, стан, облека трошам 500 евра. Тие триста незнам од кај ми се.

Тоа не ми е јасно. Како може сите да се жалат немаат пари а сите може да седат во кафичи, секој петок да се надвор во дискотеки, кафани и незнам ти уште кај? Секој трет да има кола? Да јадат секој ден во сендвичари, и секако да имаат облека од фирми(Теранова, Калиопе и.т.н.)???? :toe::toe::toe:

Боже сачувај!!:pop:
Тоа прашање е потешко за одговор, него да одговориш која е смислата на животот. :helou:
 
ни случајно не е доволна, брука е и подценување за тудот на сите работници, секако дека окото човечко е ненаситно и колку и да има ке потроши, но нормално би било некаде околу 1200 до 2000 евра ако не и повеке...
 
Не е доволна...:nesum: и свите од семејството да земаа просечна плата пак нема да стигне... :toe:
 
Не е толку до висината на платата, туку е до цените на пазарот!! Имаме цени како во Поранешна Турска Република Грција, а токму таа наша соседка се смета за една од најскапите земјо во ЕУ. И ке цути економијата кај нас ако цените на македонските производи се пониски од тие што се странски.

Кажете дали е нормално македонски ајдемер од битолска млекара да е поскап од Олденбург?? Не сме нормални сакаме цени ко во Европа а плати ко во Африка!!
 
за 4 члено семејство, кои живеат во стан имаат тинејџери меѓу 13 и 20 години, имаат автомобил и родителите работат по 8 часа секој ден од понеделник до петок, да ги задоволат минималните потреби се од 20.000 до 25.000 денари месечно.
збориме за минимумот, со сметки, прехрана и одржување на домот + потреби како одржување на автомобилот (бензин, зимно време антифриз, итн...).

се разбира денеска на никого не би му биле доволни ни 40.000 денари, можеби на почеток да - но секој цели кон повеќе.

за поединец да живее сам, без кирија да плаќа или други надоместоци како даноци, рати итн... доволни би биле до кај 15.000 денари, минимумот - 10.000 денари.
 
Не ти е точна логиката.

Ако 4ца живеат во стан од 65 квадрати,тогаш нивните трошоци за греење и струја се прилично фиксни.
Значи ако они плаќаат 10.000 месечно за нив,тој што ќе живее сам ќе плаќа 8.000.

Затоа не би ги намалил дотолку процентуално трошоците на тој што живее сам,а и твоите пресметки за конкретна сум,јас за тоа четиричлено семејство би ги ставил во рангот од 25.000 до 30.000 минимум,сепак,ова се само груби проценки.
 
Минималната плата е далеку од доволна,дури и кога домаќинството би се состоело од двајца кои би примале минимална плата да речеме некои 9000 ден. груба проценка,недоволно за задоволување и на оние најминимални потреби.Ама сепак сурова вистина е дека се повеке,многу луѓе врзуваат крај со крај и едвај преживуваат од први до први....
 
минималната плата е некаде околу 3000-4000 денари, а тоа е доволно да поминиш 1-2 недели. А што потоа?!
 
Париве се трошат како алва... Не можеш да мрднеш од кревет а да не потрошиш нешто... Платата е минимална, Македонецот е научен на минимално, па кога ќе излезе надвор од државава, сфаќа дека нешто не е во ред со нашата. Луѓе кои имаат деца студенти, се или на кредити, или фри- тајм таксисти, како втора работа... Секој сака да детето да му пружи се`, но не стигнува. Сметките се преголеми. Македонецот е доведен до питачки стап, благодарение на авантурите на владејачките гарнитури. Нека имаат тие минимална плата, да ги видам да скрпат месец...
 
за 4 члено семејство, кои живеат во стан имаат тинејџери меѓу 13 и 20 години, имаат автомобил и родителите работат по 8 часа секој ден од понеделник до петок, да ги задоволат минималните потреби се од 20.000 до 25.000 денари месечно.
збориме за минимумот, со сметки, прехрана и одржување на домот + потреби како одржување на автомобилот (бензин, зимно време антифриз, итн...).

се разбира денеска на никого не би му биле доволни ни 40.000 денари, можеби на почеток да - но секој цели кон повеќе.

за поединец да живее сам, без кирија да плаќа или други надоместоци како даноци, рати итн... доволни би биле до кај 15.000 денари, минимумот - 10.000 денари.

Ахаха ме пресмеа , 15.000 еве да израчунаме , 4000мин за стуја преку зима , 2000 за вода и телефон , 3000за јаденје (јајца, леб, мајонез и сок од 10 ден на растфарање) , кола.. еве ај без кола.. , афтобуска карта 1000ден , факултет еве да речеме на најбедниот е 200е = 1000ден месечно , каде се тука да искочи у град , да ја почасти девојката , да купи барем едно парче облека у 3 месеци , да иде на одмор , да купи едно чоколадо дневно ...

Кој ви се тие проценки луѓе неможам да сватам .. миниму 10к денари .. аии -.- а па читам и 20к денари и за одржување на домот .. ааааа па ти знаеш дека една врекја цемент е 400ден , за да изградам фонтана ми требаат 3 вреќи и тоа најбедната фонтана 1x1 m .. ц цц .. па и да помислам да имам деца ... кој ке помисли да има деца со 10к плата не ме зезај .. и владава пушта меѓу медиуми имај 3то дете .. за да ти давам +1500 ден месечно .. да им го дадеш да го чуваат да видиме колку ке му треба .. +1500 и да биде анорексик или за 1500 јас ке му купам најквалитетна храна витамини и ке го шетам у природа субота и недела ... :uvo:

Само снаодливите и паметнике ке сватат дека тука нема чаре , како може во Италија еден аргат, обичен работник послем 3 месеци да вози БМВ и кога ке дојде од печалба преку лето да биде шеик тука .. а нашиве и шефови да бидат нема да можат поише од 15к плата да примаат и тоа со 20,30год работно искуство. Тука сите инвестиции се гледаат како фактура , дај му на некој што е најкомпетентен и се бори за фирмата јака позиција и мрсна плата па ке видиш како и ти и он ке имате поише ќар , ама кој да го сфати тоа само глеаа да лапнат , ке имаат не викам не ама со другата опција можат да имаат и повеќе .. фак офф владин систем . или кради или нема да имаш !!! :nerv:
 
Иако гледаме дека нема пари, неможеме да се нахраниме со просечна плата не пак со минимална, луѓето имаат пари. ОД КАДЕ!???
Страшна работа, денес ти бара 50 денари за да купи сендвич утре го гледаш со нов Голф 4. :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
Значи каков народ сме....

Инаку има луѓе кои стварно немаат пари и кај нив мора да се интервенира од страна на државата.
 
Цените на пазарот се доста високи т.е европски цени имаме.
А платите ни се африкански. Ма и во Африка може повеќе се заработува.
Имаме најниски минимални плати на Балканот. Сите одат напред и со цени и печалба, само ние одиме напред со цените а платите стагнираат со години. Зголемена плата минимално, а зголемени цени максимално.

Можеме да егзистираме, но не можеме да заштедиме и нормално да живееме со овие плати.
Може да се живее од денес за утре, но да се заштедува за во иднина како што се прави во Европа и светот каде половина па и поголемиот дел од платата се заштедува во банките кај нас тоа тешко па речиси и невозможно. Кај нас банките се само за кредити зимање. А штедењето е луксуз само за оние најбогатите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom