Хорор повреда на Алан Смит
Победата на Ливерпул на дербито со Манчестер Јунајтед остана во сенка во тешката повреда на Алан Смит, која ја доведе во опасност неговата кариера. Фудбалерот од средниот ред заработи скршеница на левата нога и дислокација на зглобот во последните минути од мечот. Смит страшната повреда ја заработи по еден слободен удар и шутот на Рисе, по што незгодно падна. Поради сериозноста на повредата тој веднаш беше приклучен на апарати за дишење. Откако во болница во Ливерпул му беше наместен зглобот, тој вчера изврши операција во Манчестер.
"Ова е најтешката повреда која сум ја видел во мојата долга кариера. Можев да видам од реакцијата на Гери Невил и Едвин ван дер Сар дека е многу сериозно. Ме потсети на ситуацијата од пред неколку години кога Дејвид Баст од Ковентри ја скрши ногата. Навистина е сериозно и Алан беше веднаш однесен во болница. Заработил скршеница на левата нога и дислокација на зглобот. Оваа сезона навистина немаме среќа. Сезоната предвреме заврши за Хајнце, Сколс и Форчјун. Алан тукушто се врати во тимот по претходно повреда и сега повторно се повреди", истакна менаџерот на Манчестер, Сер Алекс Фергусон.
Смит влезе како резерва на оваа средба и на теренот мина "баксузни" 13 минути пред да се повреди. Храброста да се блокира силниот удар на Рисе беше причини за повредата. Свесни за ситуацијата Невил и ван дер Сар први притрчаа кон него, по што следуваше брза реакција на лекарскиот тим на домаќините.
"Жал ни е за тоа што се случи со Смит. Фудбалот е за уживање и не сакаш да гледаш вакви повреди, без разлика дали се во твојот тим или противничкиот. Штета за него. Но не можеме да ги смениме работите. С$3 што можеме е да му посакаме шот побргу да заздрави и да се врати", истакна менаџерот на Ливерпул, Рафа Бенитез.